Јавниот превоз во државите во регионот

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
вие не разбирате изводливост на проект. Тие градови кои имаат трамваи се планирани така од почеток. Таму прво трамваи почнале да се тркалаат него коли. Значи инфраструктурата е од зачетокот на урбаното планирање. Тука за да створиш таква инфраструктура ќе те десетици ако не и стотици милиони евра. Настрана што на ништо нема да личи сето тоа.
Како тоа мислиш планирани градови? Зарем Рим кога го основале Ромул и Рем прва мисла им била да го напраат метро френдли? Тоа може само во места како Милтон Кејнс.
Инаку цел сообраќај у Скопје е car centric и така и ќе остане. Автобусите можат да завршат работа добро ако се работи совесно, пример да се воведат нови линии и да се работи на точноста.
Автоматски споено мислење:

Имаш полски, чешки, словачки, унгарски тип на транзиција од една страна и руски, украински, бугарски, македонски, српски тип на транзиција од друга страна.
Културолошки и менталитетни разлики се во прашање.

Секако дека секаде приватно е многу поквалитетно од општественото.
Не, не е секогаш. Пазарот е добар, одличен за секундарни производи и услуги. Но не може пазарот да решава за стратешки прашања. Пример цела сообраќајна инфраструктура е изградена под раководство на државата, дали Југославија дали Македонија, исто важи и за енергетика и све. И сеа доваѓа некоја аустриска фирма, плаќа penis on the dollar за купување на енергетика и што понатаму?
Стратешките прашања мора да бидат за доброто на целокупното население, инаку која е потребата од држава воопшто?
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2024
Мислења
235
Поени од реакции
393
Како тоа мислиш планирани градови? Зарем Рим кога го основале Ромул и Рем прва мисла им била да го напраат метро френдли? Тоа може само во места како Милтон Кејнс.
Инаку цел сообраќај у Скопје е car centric и така и ќе остане. Автобусите можат да завршат работа добро ако се работи совесно, пример да се воведат нови линии и да се работи на точноста.
Рим, Париз, Барселона, Лондон кога ги гледаш старите градски јадра имаат перфектна симетрија, линија, ширина. И те како во тие времиња воделе урбан ред и планирале. Денешната архитектура е боранија споредена со тие времиња.

Скопје е мал град за транваи и метро. Нема потреба. Само приватни превозници, конкуренција и ќе се реши проблемот.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.414
Поени од реакции
4.465

Штутгарт е 2 и пол пати помал по површина од Скопје, а има околу 600.000. Да не збориме за луѓе кои одат и се враќаат секој ден на работа, плус туристи. Па има метро/трамвај комбинирано, плус има приградски возови.

Се согласувам дека неизводливо ќе биде сега да се гради, цел град ќе биде во колапс. Ама има 2 многу едноставни решенија, кои не чинат многу.

1. Децентрализација, односно да почне да се гради во другите градови како Велес, Битола, Струмица, Куманово, и другите. По една болница, еден асален факултет, фирми со канцеларии таму и слично. Не мора во секој град да има сѐ ова, логично.

2. зголемување на бројот на автобуси за 50-70%, да се работи на нивната чистота, удобност и точност. Да се казнува секој дебил што ќе уништи инвентар внатре за да не му текне да уништува.

Овие работи не коштаат милиони, само волја и помалку крадење.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.804
Поени од реакции
26.868
и плус ако креативно се "накитат" станиците,ходниците,попатните ѕидови,може да биде и мини туристичка атракција.
Ова :love:
Метрото во Атина е мини археолошки музеј. На секоја станица при ископувањето што е најдено така е оставено и со стакло е вградено во ѕидовите за да видиш во пресек како изгледа и во In situ ( на лице место). Секако дека вредни работи како драги метали и драги камења нема.
 
Член од
30 ноември 2024
Мислења
7
Поени од реакции
10
Софија реално има најдобар јавен транспорт во регионот, и генерално градовите во Бугарија имат добри автобуси и тролејбуси. Дури некој градови како Бургас, Варна итн. имат подобар и по нов возен парк от Белград.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.481
Поени од реакции
9.221
Софија реално има најдобар јавен транспорт во регионот, и генерално градовите во Бугарија имат добри автобуси и тролејбуси. Дури некој градови како Бургас, Варна итн. имат подобар и по нов возен парк от Белград.
немој да бидиш скромен
 
Kajgana Shop

На врв Bottom