The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 112
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Едно јаболко дневно го брка лекарот од вашиот дом, вели една англиска поговорка!
ЈА ЧУВА МЛАДОСТА - Лушпите од јаболкото содржат витамини, минерали и антиоксиданти кои го спречуваат стареењето на клетките. Јаболкото треба добро да се измие и да се изеде без да се лупи.
УБАВИНАТА - Кожата на која и недостига вода го губи сјајот и побрзо се јавуваат брчки. Козметичката индустрија во последните години се ориентира кон призводство на екстракти од јаболкото. Кремовите со 58% екстракт од јаболкото и ја враќаат нежноста и младоста на кожата. За позрелата кожа се издвојуваат и активните состојки од семките на јаболкото. Во јаболкото е откриена и киселината која дејствува против стареењето. Ова овошје содржи и супстанции кои ја чистат кожата. Истите материи го спречуваат создавањето на прекумерни маснотии во коренот на косата, како и нејзиното опаѓање.
ГИ ЗАШТИТУВА ЗАБИТЕ - Едно јаболко содржи 0,2 мг. флуор. Тоа е минимална доза, но доволна за да се зачува здрвјето на забите. На бремените жени им се советува да пијат сок од јаболка за да нивните бебиња имаат здрави заби.
ХРАНЛИВОСТ - Во секој период од денот без размислување може да се изеде јаболко. Ова овошје освежува и заситува. Луѓето што се на диета знаат дека јаболкото совршено го прекинува чувството на глад, бидејќи ги спречува последиците од намалувањето на нивото на шеќерот во крвта. Јаболкото исто така, благодарејќи на витаминот Ц го подобрува тонусот на мускулите. Се проценува дека 100 г. јаболка содржат околу 5 мг. витамин Ц. Јаболкото не е висококалорично. Просечно содржи 54 калории на 100 г. Неговиот шеќер, фруктоза, овозможува да се одржи нивото на гликоза во крвта.
Ако јаболкото се изеде во вечерните часови, тоа го подобрува сонот. Присуството на магнезиумот, околу 4 мг. на 100 г. јаболка, дејствува смирувачки врз организмот. Неговите влакна и органски киселини го олеснуваат варењето, а тоа придонесува за добар сон.
ГИ НАМАЛУВА ПРОБЛЕМИТЕ СО СТОМАКОТ - Влакната од јаболкото ги регулираат метаболизмот на водата и варењето. Пектините ги поттикнуваат „мрзливите“ црева. Големото количество вода во јаболкото, богата со натриум и магнезиум, ја стимулира работата на бубрезите и го зголемува излачувањето на течностите.
ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛОТ - Една студија извршета во болнички центар во францускиот град Анжер, докажала дека употребата на три јаболка дневно, во текот на еден месец, го намалува нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.
ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС - Јаболкото содржи дури 8% фруктоза, што го прави совршено за дијабетичарите. Фруктозата е послатка од сахарозата (обичен шеќер), но не предизвикува нагло зголемување на нивото на шеќерот во крвта.
ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ - Јаболкото го подобрува и го јакне имунитетот, а особено е добро за производство на лимфоцитите од типот Т (бели крвни клетки задолжени за одбрана од инфекции).
ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ - Магнезиумот, нијацинот и органските киселини, присутни во јаболката, помагаат при ублажување на нервозата и депресијата и го подобрува ресположението, го регулираат производството на адреналин, хормон што го зголемува крвниот притисок и ја забрзува работата на срцето. Јаболкото е природен лек со смирувачко дејство и се користи во многу природни терапии против нервозата и несоницата. Доволно е да се изеде едно јаболко пред спиење.[/FONT][/FONT][/FONT]