ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.670
Поени од реакции
37.654
onkologija-1.jpg

Како едно од поактуелните здравствени проблеми кои во последно време, посебно после пандемијата со коронавирусот завзема голем подем кај населението од било која возраст, а и неспремноста и проблемите со просторот, апаратура (акцелератор), специјализираниот кадар, онколошки и биолошки лекови, мислам дека заслужува посебна тема во овој подфорум.


TlyDGE2.jpg brahiterapija.jpg


Би било добро споредбено да видиме како се справуваат нашите соседи со простор, кадар, биолошки лекови, апаратура и сл за да се подобриме и да ги земиме како пример, каква здравствена услуга даваат државните клиники, а какви приватните.

Медицинска онкологија е важна и за превенција од канцер, методи на рано дијагностицирање, а не само лекување на пациенти со канцер кое се изведува со помош на интравенозни или орални лекови, третман со т.н адјувантно лекување со цел да се намали ризикот од повторување на болеста,па потоа т.н. неадјувантно лекување, да се овозможи хируршки третман или да се заштитат органите со што лекувањето може да биде поединечно или во комбинација со други терапии.

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во нивните структури во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми или со супстанции кои имунолошкиот систем природно ги произведува и се користат за да се идентификуваат и за да се уништат канцерогените клетки со активирање на имунолошкиот систем на пациентот.

Онколошките лекови се применуваат при канцер на матка, јајници, тестиси, мочен меур, простата, бубрег, канцер на дојка, канцер на бели дробови, дебело црево и ректум, канцер на желудник, на панкреас, на црн дроб, па и при тумори на глава, врат, тумори на коски, тумори на меки ткива итн.

И во поново време лекувањето канцер со високо ефикасни лекови -биолошки лекови кои имаат релативно малку несакани ефекти кои идентификуваат цели кои се присутни во канцерозните клетки, но не и во нормалните клетки особено кај канцер на дојка, црева, бубрег и малигниот меланом на кожа,

Протоколи (дијагностицирање, третман и следење на крацином), водичи за пациенти при терапија со Х зрачење, контакти и слично.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.499
Да се распушти Министерство за Здравство, во шума некаде.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.670
Поени од реакции
37.654
...јас не разбирам зашто сите ја осудуваат фирмата ,,Др Пановски" околу доминантноста на набавка и дистрибуција на биолошки лекови за ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје? :toe:

...ами, фирмата ниту работи на црно, ниту склучува договор во четири очи, ако све е тоа транспарентно процедурата за набавка и си има решение за регистрација за тие биолошки лекови како единствени или пак со пониски цени од другите фирми што е единствен услов и си добиваат на тендер?

...ако има било што неправилности во смисла на приоритет за добивање решение за тие биолошки лекови, а тие како најскапи лекови ја етикетираат фирмата дека се збогатува на таков начин, се знае кој дава решение тоа е институцијата МАЛМЕД која е под ингиренции на Влада т.е. Премиер, а не под Министерство за здравство и неговиот министер.

Image_1738112800.jpg

...и сега кој е првиот кривец? колку вработени има 43? што прават цел ден, пасат трева?
...оффф, колку глупи новинари имаме или се програмирани што да кажат ама све погрешно ја изодуваат трасата на новинарско известување и откривање на вистината ако не друго да имаат разумни коментари.

...еве извадок од Јавни набавки за биолошки лекови за 2024 год (наместо да легнам колку е касно, пффф се глупирам, ама ај во интерес правилно информирање).

Image_1738109222.jpg

...поприличен висок износ за овие биолошки лекови што ги доби на тендер Др Пановски.

Image_1738109720.jpg

...на второ место Алкалоид помалку од пола од износот на Др Пановски, ама тука се негде, ама не се спомнува ништо за нив.

scv20250129_004017.jpeg

...и тука се другите фирми со пониски добиени износи на тендер.

...е сега, недостигот на биолошки лекови причини се највероватно следниве:


...дали ја имаат ставено во функција КАТО програмата која не дозволува злоупотреба на биолошки лекови и се врши евиденција за секој мл биолошки раствор каде, кога и на кого се аплицира,

...договорите склучени се на 04.2024 за една година тоа значи важат до 04.2025, а веќе сега, 4 месеци порано се завршени количините можеби поради зголемен број на пациенти, неефикасен скрининг и следење воопшто на зголемен број на пациенти,
...можно продолжување на старата навика на продажба под рака на црн пазар, поради никаква разврска и одговорност на аферата за која никој веќе не ја спомнува, а не пак да кривично одговара.

...и Да, вакви осетливи набавки на специфични лекови како што се биолошките, мислам дека се поефикасни на шест месеци да се направи тендер поради непредвидливиот сооднос на нови пациенти и веќе постоечките на кои им е од живитно значење овие биолошки лекови, ама кој да им каже, ниту имаат асални менаџери, ниту советници, економски експерти како оператори, ниту овие кои се со функции кои можат да сопрат и решат вакви ситуации ја знаат проблематиката, работава во здравството и онкологијата ,,тапа џонсон".
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom