- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.510
- Поени од реакции
- 37.342
Како едно од поактуелните здравствени проблеми кои во последно време, посебно после пандемијата со коронавирусот завзема голем подем кај населението од било која возраст, а и неспремноста и проблемите со просторот, апаратура (акцелератор), специјализираниот кадар, онколошки и биолошки лекови, мислам дека заслужува посебна тема во овој подфорум.
Би било добро споредбено да видиме како се справуваат нашите соседи со простор, кадар, биолошки лекови, апаратура и сл за да се подобриме и да ги земиме како пример, каква здравствена услуга даваат државните клиники, а какви приватните.
Медицинска онкологија е важна и за превенција од канцер, методи на рано дијагностицирање, а не само лекување на пациенти со канцер кое се изведува со помош на интравенозни или орални лекови, третман со т.н адјувантно лекување со цел да се намали ризикот од повторување на болеста,па потоа т.н. неадјувантно лекување, да се овозможи хируршки третман или да се заштитат органите со што лекувањето може да биде поединечно или во комбинација со други терапии.
Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во нивните структури во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми или со супстанции кои имунолошкиот систем природно ги произведува и се користат за да се идентификуваат и за да се уништат канцерогените клетки со активирање на имунолошкиот систем на пациентот.
Онколошките лекови се применуваат при канцер на матка, јајници, тестиси, мочен меур, простата, бубрег, канцер на дојка, канцер на бели дробови, дебело црево и ректум, канцер на желудник, на панкреас, на црн дроб, па и при тумори на глава, врат, тумори на коски, тумори на меки ткива итн.
И во поново време лекувањето канцер со високо ефикасни лекови -биолошки лекови кои имаат релативно малку несакани ефекти кои идентификуваат цели кои се присутни во канцерозните клетки, но не и во нормалните клетки особено кај канцер на дојка, црева, бубрег и малигниот меланом на кожа,
Протоколи (дијагностицирање, третман и следење на крацином), водичи за пациенти при терапија со Х зрачење, контакти и слично.