Äkta människor / Real Humans

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Здраво дечки, сигурен сум дека ретко кој ја има слушнато серијава, па затоа решив да отворам посебна тема бидејќи навистина заслужува серијава во тоа што го прикажа до сега (2 сезони).

Серијава е по потекло од Шветска и е со жанр: sci-fi / drama / thriller.

Ке се обидам да ви ја опишам без да прикажам спојлери, накратко за што се работи.

Дејството е некаде во блиска иднина каде што домаќинствата почнуваат да купуваат роботи кои што им ја олеснуваат работата, фабриките почнуваат да ги заменуваат луѓето со роботи. Сите овие работи предизвикуваат да се појават два спротивставени фронта, едните се за да се уништат роботите а во другиот фронт се одредена група на роботи кои добиваат сопствена свест и се борат за независност.
Сепак, роботите се ограничени во вештачката интелегенција и се управувани од страна на луѓето, но не сите.
Другите детали ќе ги дознаете во текот на гледањето. Секоја наредна епизода е се подобра, барем тоа е моето мислење во првите 5 епизоди од серијата.

Исто така глумата е на многу високо ниво и е подобра од многу високо буџетни серии кои се појавија последниве 5 години, со добри mindfuck моменти.

Симнете неколку епизоди од серијата (има на kat.cr), изгледајте и споделете го вашето мислење, во прилог неколку screenshots од серијата.


media.jpg DSC0120USB.jpg
maxresdefault.jpg
 
Последно уредено:

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Интересно звучи али шведска серија... :unsure:
Humans сигурно е америчкиот римејк, пошто и овде роботот главен лик е азијка, така да 100% се работи за иста серија само од америчка продукција, т.е. од студиото AMC кое го создаде Breaking Bad :cool:. Испарвка, британски римејк, али точно е дека и AMC учествува во продукцијата.
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Интересно звучи али шведска серија... :unsure:
Humans сигурно е америчкиот римејк, пошто и овде роботот главен лик е азијка, така да 100% се работи за иста серија само од америчка продукција, т.е. од студиото AMC кое го создаде Breaking Bad :cool:. Испарвка, британски римејк, али точно е дека и AMC учествува во продукцијата.
Оваа е оригиналната серија, и правата од серијата ги продадоа на оваа што ја спомна Humans. Многу е подобра од нејзе. И јас така размислував на почетокот, нема врска што е шветска, може да се рамни со врвни серии од типот на Breaking bad, Game of thrones, True detective.
Има посебен шмек како ниедна друга серија. Шветскиот јазик доста добро звучи и ќе се навикнеш после 1-2 епизоди, со англиски превод нормално.
Јас сум некаде кај 9 епизода 1 сезона и до сега е феноменална, има многу случувања како на GоT - многу ликови и различни дејства склопени во совршенство.
Ништо не недостасува од типот на буџет, глума, story, шмек, за да мислиш дека нема капацитет, едноставно е направена во Шветска. Ја препорачувам на секого.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ех проклетство, не знаев дека оригиналката е скандинавска.
Во секој случај може и боље што не знаев, ми беше ок англискава верзија. Интересна е серијата, не е нeшто вау-вау ама како што вели просечната раја, „добра е за тепање време“.
Секоја чест за азијатката, многу добро глуми и го доловува оној роботски момент. А и таква и е фацата некако, плус многу добра шминка, како кукла е. Сето ова се доловува на повисоко ниво ако гледате 1080p.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Почна втора сезона од американската...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Многу опасна седмава епизода :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom