Мене интересни ми се овие ,,опозиционериве" на диктаторот Жмиц како бившите министер и градоначалник Тодоров и Коневски. Овој првиов му читам колумни како не требало да има култ на личност и слика во секој штаб од прецедникот, па требало да се мафне од историја и да оди накај центар партијата, па народот сакал економија, а не ќосевци, па требало да има декомратизација во вмро итн. итн. Што во суштина е океј правец според мене и можам да се согласам, но типот беше министер не знам колку години во типичен автократски режим и пред се партија, каде што го прислушуваа и не смееше да прдне пред да го праша лидерот. Мислам срамно е тој да биде ,,носител на демократизација" на ВМРО и да се прави паметен со онакви колумни, кога пред 5 години беше потполно спротивното. Овој Коневски истото го меле, со таа разлика што беше дамбетер од првиов, а згора на тоа е крајно неписмен лик. Го гледам на Телма на интервју и му се чудам. Добро бре можно е да си толку ограничен мисловно и само да дткаш на секој втор збор. Дали 100 различни збора употреби во 1 саат ебате неписмењакот, а едно време се шпекулираше дека и наследник на Груевски ќе бил. Све на све јад и беда се овие кои бараат вондреден конгрес и ако е смената за Коневски и Тодоров да се вратат во ЦК(или како и им се вика извршното тело) подобро нека ја нема воопшто. Мада мислам дека ова е од Заев(читај Змијалков) екипа за да не јадат кривични.
Од трета страна се бившиот министер на МНР Попоски и Јанчев, кои можат да направат освежување, но мислам дека нема власта да дозволи некој од овие двајца да ја преземе партијата.
Све на све ако продолжи вака да ги фрагментира Зоти ништо чудно и подолг мандат од Груки да има(кој би го рекол ова пред не така одамна).