Не се секирајте , ништо нема да пропуштите. Србија е во многу лоша ситуација , па ќе игра претпазливо и затворено. Ќе чека грешка на противникот , и ќе пробува да напаѓа со брзи контри. По мене , уште еден досаден натпревар ќе биде. 2-0 за Германија.
Ако утре Франција игра нерешено , а после Уругвај победи , и Франција изгуби од ЈАР , домаќинот оди даље.:) Е сега , пошто првиве 2 најверојатно ќе испаднат , се би се свело на 1 натпревар.
Сега Шпанија мора да победи и на двата натпревари за да оди понатаму. И сега шансите се големи да заврши 2 во група , па во 1/8 финале да игра со Бразил. А не се лоши ни Чиле , ништо чудно нерешено да извадат со Шпанија.
Бразил , многу слабо играа. Ако вака продолжат , можно е и да изгубат од БСК и Португалија. А ништо чудно и да играат нерешено , па да се гледа кој со колку ја тепал Кореја. А ако биде второво , Бразил нема некој поволен резултат.
Абе сите сме гледале уствари друг натпревар. Само 1-2 го гледале вистинскиот Италија-Парагвај. Нас не заебале и ни пуштиле нешто друго , а кај тие 1-2 им пуштиле стварно Италија-Парагвај.:nesvest: Така да , џабе само пишуваш кога не си гледал.:)
И имаше 20 недосудени пенали за Италија , и имаа 100% посед на топка , и имаа 50 шута во рамките на голот , и 49 поништени гола. Абе ајде , не зборете кога не сте го гледале натпреварот. И вие навивачите на Германија , што вчера на среќа победија , и на среќа дадоа само 4 гола.
Абе каква МТВ. Они пренесуваат СП само зашто на нив како национална телевизија , први им понудуваат. И ништо не знаат добро да направат. Кај се „претргнаа“ да стават време и резултат , па и тоа не го направија ко што треба. 2 пати по 45 минути без продолженија. Бедно , аматерски ...
Италија ко Италија. Со многу среќа извади некако нерешено. Со глуп гол , по грешка на голманот. Повеќе личеше како топката да го удри него во нога , отколку он топката. Ама ај според очекувањата добро пројдоа.
Не бе , никој не ја отпишал Италија. Сите знаат дека ќе пројде група. А за кој беше на врвот 4 години не се знае , баш поради тоа што Италија стана шампион , па не беше дефинирано кој е на врвот. Шпанија , Бразил , Германија.... Некој од овие можда.
И Силва и Озил требаат. Озил треба за да пополни дупки во средината. Озил може да се земе за 20-30 милиони , а за Силва не се многу ни 40. Зависи како ќе се покаже сега. И на крај , пак ќе дојде Бенајун , а Силва и Озил само ќе ги посакуваме.
Како уште не сфативте дека , Англија учествува за да се срами пред цел свет ? После ова , куферите и назад во Англија нека се враќаат. Нема што да бараат во Јужна Африка , само може да се брукаат ко денес , и како секогаш кога се натпреваруваат во вакви натпреварувања. Англија само даде потврда...
Балак бил изненаден и шокиран кога му рекле дека Челзи не сака да го продолжи договорот. Он сакал да се сложи и за помала плата. Ова со глупиве потези на управата , може и да значи дека Абрамович стварно ќе прави реконструкција на тимот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.