Резултати од барањето

  1. Крусер

    Превоз Скопје - Сараево (Илиџа) - Скопје

    А за Босна? Дали треба нов пасош или може и со стар?
  2. Крусер

    Превоз Скопје - Сараево (Илиџа) - Скопје

    Супер. Фала многу. Исто така, знам дека во Србија се влегува само со лична карта, а еден од патниците има стар пасош којшто уште трае. Дали мора да вади нов или се поминува и така?
  3. Крусер

    Превоз Скопје - Сараево (Илиџа) - Скопје

    Здраво на сите. Ме интересира ако имате искуства со пат од Скопје до Сараево (Илиџа) и назад со автомобил или автобус. Дали знаете по кој пат најдобро се оди, кои се процедурите, колку се чека на граници итн? На пример, на други форуми дознав дека во Босна на времето требало на полицајците да...
  4. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    Ако „учи“ со тебе, значи дека сте основно или средно училиште. Со други зборови: не знаеш што е тоа љубов, туку таа ти го зголемува крвниот притисок и апаратчето за мерење, како што е и за очекување. Како и да е, таа си има друг тип. Тука не треба да се мешаш, но може да ѝ кажеш нешто како...
  5. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    Сигурно не е само 1 сперматозоид, туку мала количина. Шансата за забременување е мала, особено ако девојката не е во плодните денови. Но мала не значи и никаква. За сега нема начин да знаете, додека не ѝ дојде на девојката времето за менструација. Тогаш ќе знаете со сигурно. Со лесно.
  6. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    Пресудното било - ти дошло преку *ЦЕНЗУРА* од караници и си посакала некој што те посакува чисто, без да има на ум каква било компликација или кавга и си посакала да го доживееш повторно адреналинот и пеперутките во стомакот од чистата физичка привлечност. Од дечко ти не си го добивала тоа, па...
  7. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    1. Под итно промени си ја лозинката на ФБ, така што таа да не ја знае. И кажи ѝ дека тоа си го направил и советувај ја и таа истото да го направи. 2. Кажи ѝ „Да, на кафе се оди за да се фати некој со некого. Јас и ти имаме година дена дури да се фатиме (така ти ми рече), а за тоа време немам...
  8. Крусер

    Драга Кајгана

    Значи, повеќе од недела дена како сум вратен во нашава временска зона и пак биоритамот ми е расипан. Дење спијам, ноќе гувеам. Па до кога вака? Зачудувачки, сепак, не чувствувам ни вина, ниту притисок, ниту пак желба да променам нешто. Знам дека кога-тогаш ќе мора да се прилагодам на нашево...
  9. Крусер

    Драга Кајгана

    ДК, Си најдов музика што ја слушав пред 10-тина години. Тоа е компјутерска музика, направена од занесеници како мене. Ги имаше многу, низ целиот свет. Неколкумина од нив продолжија во тој правец и станаа успешни музичари. Поголемиот дел од нив, меѓу кои и јас, се посветија на други работи и...
  10. Крусер

    Среќен роденден Атеист

    Па, среќен роденден :)
  11. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    На тие години 10 дена разделба се цела вечност. Да не те чуди ако си нашла некој трет, а можеби и четврт паралелно да ги испробува. Ако школото те окупира, посвети му се. Нема правило ниту квота колку девојки треба да измуваш за да бидеш „кул“ или слично. Прави онолку колку што ти доаѓа и...
  12. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    Стани и оди си. Друштвото секогаш се менува и луѓето доаѓаат и си одат од твојот живот. Никој не е со тебе вечно (во најдобар случај, некој ќе биде со тебе додека некој од вас прв не умре, а тоа не е вечност), па можеш да си одбереш пријатели што те почитуваат и со коишто се чувствуваш пријатно...
  13. Крусер

    Драга Кајгана

    ДК, Некои за спиење земаат дијазепам, други земаат секакви други медикаменти... Јас велам - жолта плус мезе плус добро друштво. После тоа се спие како бебе. Добра ноќ.
  14. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    ЦЕЛ 1: Да прекинеш контакт со нив Чекор 0. Најди нешто што треба да го правиш за време на тоа што тие ќе те заебаваат (гледање телевизија,читање книга итн) Чекор 1. Кога ќе се најдеш во друштво кадешто те заебаваат, ислушај ги. Чекор 2. Прашај: „Дали имаш уште нешто да кажеш?“. Ако да, врати...
  15. Крусер

    Оливера Наковска Бикова со светски рекорд и златен медал на Параолимпијадата!

    Секоја чест! Ова е огромен успех за неа и за цела Македонија! :cuc: Пречек за неа? Мислам дека заслужува.
  16. Крусер

    Драга Кајгана

    ДК, Изгубив пријателка. Не се понесов добро кон неа и си отиде на друга страна. Повеќе не комуницираме. Ова беше логична разврска. Таа реши да си отиде, јас не се противев. Јас веројатно би направил исто кога би бил на нејзино место. Ја разбирам и ѝ посакав сè најдобро. Велат, кога луѓето...
  17. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    Слободна си. Ако и тој е, ако не сте роднини, ако нема некоја тешка болест или состојба неприфатлива за тебе, веднаш фати се со него, за некоја друга да не се фати со него. Уште подобро ако е темпераментен и различен од тебе, ќе доживееш нешто ново. А годините не играат никаква улога (освен во...
  18. Крусер

    Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

    Ако сакаш да останеш со него, предложи му брак. На 29 години и тоа како е спремен за тоа, а ако те одбие, значи дека не сака да има иднина со тебе. Во тој случај ти стануваш првата жена во неговиот живот, а ако тој тоа не го сака, подобро е без него. Со лесно.
На врв Bottom