Сонцко најмило, после 100 официјални честитки од 00:00h наваму, редно е и профилов да ти го освежам.
Мотивот кој ќе провејува низ честиткава е - 2009 да биде НАША година. Година во која преполни со енергија и здравје, јас и ти секој ден ќе се сакаме се повеќе и повеќе и ќе градиме нов свет преполн со љубов, почитување, разбирање и ведрина.
Посакувам твојата сила и твојата насмевка никогаш да не го изгубат својот сјај зошто тоа е она што во моментите на слабост и очај ми помагаат да ја кренам главата и да размислувам за поубави денови.
Посакувам светот да може да почувствува барем малечок дел од твоите силни страсти зошто повеќето едноставно немаат појма колку заразна е твојата харизма.
Среќно во Новава мило!!!
Те сакам најмногу и среќна сум што си дел од мојот живот. Огромен дел....:back: