Јас Пуно го поштедив од коментари со иссмејување и покажување прсти. Со бришењето му направив услуга, од почит. Ти инистираш да му вратам недополнета тема отворена набрзинка за да му гледаш сеир, а тоа, според мене, е крајно некоректно.
Не можам комплетно да разберам, кога не ги знам фактите. Дај кажи го името на темата, па ќе видиме дали сум згрешил. Ако сум, ќе се извинам и повлечам. Бидејќи намерите ми беа далеку од тие на кои инсинуираш.
"Кога би можеле да креирате религија..."
Ова е насловот на темата што пуно се обидуваше да ја отвори. Во воведниот пост имаше уште една реченица од типот на "каква би била", "извинете за краткиот воведен пост" и "ми се спие, утре, ако сакам, ќе дополнам".
Ако сеуште инсистираш дека ваква тема требало да остане отворена, единствена причина зошто се држиш до ставот скромно можам да лоцирам во разузданата ти албанофобија и дрчна омраза кон нашиот форумски пуно.
Хм ок, недообјаснето, ама не значи и промашено. Религијата има повеќе слоеви, не само духовниот. Пуно, како атеист не ни верувам дека целел кон него. Религијата е алатка со која многумина низ историјата си го проектирале своето политичко вјерују. Успевале да „создадат“ семоќен ентитет, кој има стап и морков и преку него да протнат свои замисли за уредување на општеството.
За тој домен од религијата, без никаков проблем би можело да се дискутира во филозофија и психологија. Тука зборот религија се употребува само за да ги одреди рамките и да не се забега од филозофска во дневнополитичка дебата.
Модератор треба да го препознае тоа и со пост под првиот, да ја насочи дискусијата. А не да лепи стевопендаровистички етикети и со празни флоскули да настапува и обвинува луѓе.
Заради почит кон тебе го употребив зборот дискриминатор и Гестапо. Не сакам да верувам дека не си ја препознал намерата на Пуно. Не е можно дотолку да ги банализираш работите. Па не си ти Стево...
Еве, ако удри копи-пејст на ова што си изнапишал погоре во воведот на темата, нека ја отвори слободно. Не знам која и каква совест те натерала да му помогнеш, којзнае што имаш направено, страв ми е да помислам, ама океј.
Пуно, со ваков контекст каков што нафрлил бастердов, бива темата.
Позз.
Нема никаква врска со совест, туку со принципи. Јас и Пуно и натаму не се согласуваме за 90% од работите, ама овде беше во право. Плус, мразам мајоризирање и недемократичност. И цензура. Секој треба има право да си каже што мисли.
Дообјаснувањево на крај, по мое скромно мислење ти е скроз непотребно. И повторно има врска со Стево, ама не на начин на кој си пишал. Стево така мисли дека кога ќе каже нешто, мора да се дообјасни за да го разберат.
Разиел, БастЕрдов има право, немој да кажаш дека не си ја препознал целта на темата, браво за него, секоја чест. Но не те обвинувам, не си морал да ја препознеш, препустот е мој.
Ќе ја отворам друг пат дополнето и објаснето.
Eдна година помина откако пуно вети дека ќе отвори нова од иста природа, само надградена и проширена. И уште ја чекам. Тоа значи дека он должи за тоа шо ме оставил една година во исчекување. Тебе исто треба да те викне оти агитираш во негово име како на времето балистољубците шо со збор шпиунски оставале мајки уплакани и жени вдовици.
Кога и каде сакате, но не се секирај разиел, ти простив, ако сакаш да частиш, части, но не дека ми должиш нешто.
А бастардот да не го викаме, не е баш добар дечко. Но би било добро да го запознаам, за да не го тепам ако го начекам по некој уличка.
Ние сме многу конкретни за овие работи.
Така што...3-ти Мај, Гостивар. Ако ти одговара, се префрламе на ПП за детали, ако не ти одговара се лутиме и не ти праиме муабет.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.