Зазимаме став. Влагаме у Ало Ало. Набрзинка рачно општиме со неколку новостари фаци. Го меркаме шанкот. Лиги ни течат, мислиме на магичната течност. Си даваме знак со поглед и се упатуваме накај шанкот. Некој по пат не сопира. „Здраво-како сте„ муабет. Го елиминираме у два потега. Со лев агол од око забележувам две слободни столчиња на шанк. Телепатски сфаќаш на која страна се и тргнуваш. Рецимо југоисток. Во последен момент некои унесреќени за конец ќе ни ги фатат местата. Се затрчуваме! Рушиме све пред себе, тие столови се наши! Ти му маваш кроше на типот, ја ја решавам типката со брз аперкат. Најпосле, шанкот! „Келнер, дај едно 10тина нареди“. Ни ги носи... Си ги бришеме лигите...
ТЕКИЛАААААААААААААААААА!!!
Замисли кое задоволство најпосле.

Мада ја забегав... бајаги
Стрпи се уше некој ден!
(може ќе ја оствариме и тројката со апокалипто

)