Македонска берза

Член од
23 февруари 2019
Мислења
287
Поени од реакции
271
TTK бруто 90 ден дивиденда.

„Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 20.5.2021 година или најрано по истекот на дваесет дена од денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда... „
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Баш да видиме дали Уставниот суд ќе решава побрзо за оваа иницијатива на влашкото лоби против НБРСМ него што ќе решава за иницијативите на Трифун против НБРСМ:

Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Добра година за ПКБ имајќи во предвид целокупна ситуација.Колку ли бонус ќе лапне газдата?
zasluzil, toa e najdobriot menadzer vo MK, neka ja lapne celata dobivka, ima OK od mene!!!11
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Добра година за ПКБ имајќи во предвид целокупна ситуација.Колку ли бонус ќе лапне газдата?
Мора да се признае дека додека трае судењето се однесуваат како крајно примерни корпоративни граѓани. На претходното собрание немаше спорни предлози, а образложенијата на резултатите се меѓу најдобрите од сите компании на берзата. Не се сомневам дека би почнал пак со „учества во добивката“ доколку Апелација му ја потврди одлуката, ама па тоа ќе биде тотално општествено деструктивен преседан пошо тогаш сите директори ќе дивеат со такви исплати. Сега и правосудството е под притисок за корупција, такашто ќе биде тешко да му се одобри таква одлука по волку покренати постапки. Најважно е ние како мали акционери да не се опуштаме и цело време да ургираме кај институциите да си ја вршат работата!

Што се однесува до резултатите, позитивно сум изненаден од добивката којашто е скоро еднаква со ланската, а амортизацијата останала иста. Сосема очекувано, во кризната 2020. имало рекордни инвестиции, а мислам дека ќе има уште повеќе и во оваа 2021. поради владините поволности. Се гледа дека очекувале приходи од 5,5 миљарди и добивка од 140 миљони, но кризава ги пореметила. Но, тоа е бизнис, а токму луѓе како Слободан ќе знаат најдобро да ги искористат овие моменти, какошто докажале дека знаат во претходните четири децении.

Велат во образложението дека главна причина е падот на извозот. Колку гледам, на пазарот има огромен наплив на српски и хрватски производи коишто овде се продаваат за 15-20% поевтино него во нивните матични држави! Гледам и дека цело време ги ставаат на акција 2 за 1 пред истек на рок, а така во локалниот Тинекс меѓудругото на полици им пропаднаа три кутии тутун-чварки од Златиборац :tapp: Од ваквата агресивност, мора конкурентите и дистрибутерите да трпат сериозни финансиски штети, па ќе видиме дали ќе продолжат со агресивниот квази-дампинг и догодина откако годинава јако добија по нос. Како и да е, мора сериозно да се поработи на брендот и извозот, па битката со нив да ја биеме на пазарите во Србија и Хрватска, а не овде.

Или, спуштено на ниво на анализите на некои од претходните постирачи на форумов, ПКБ е добра компанија и очекувам цената на акцијата да порасне :lolzz:
 
Последно уредено:
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Добра година за ПКБ имајќи во предвид целокупна ситуација.Колку ли бонус ќе лапне газдата?
zasluzil, toa e najdobriot menadzer vo MK, neka ja lapne celata dobivka, ima OK od mene!!!11

Најголемиот газда, односно сопственик на ПКБ во секој момент може да лапне околу 80% од добивката доколку за следното Собрание предложи Pay Out Ratio од 100%.

Што се однесува до евентуалниот бонус, за што во принцип не гледам зошто кој и да е би бил против, ќе треба претходно извршните членови на Одборот на директори да склучат т.н. менаџерски договори со Друштвото како што тоа го пропишува Законот за трговските друштва. Дотогаш добивката ќе завршува или за инвестиции или во акумулирана добивка, како што тоа беше случај со профитот за 2019 година.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Во овој свет исполнет со секојдневни глупости, би сакал да потсетам на предлог-одлуките дадени од малите акционери за претходното собрание коишто меѓудругото содржеа и дивидендна политика и политика за наградување:

Вложивме многу труд во нивна изработка и одлично покажуваат како законски, чисто и достоинствено се бори за своите права. Мислам дека можат да послужат како позитивен угледен пример за сите мали акционери во секоја компанија!

На тој начин, менаџерите сосема законски и неспорно ќе можеше да добиваат награда за вложениот труд и над платите од 5-6.000 евра што ги земаат браќата и 2-3.000 евра што ги зема вториот ешелон директори. Истото ќе се однесуваше и за сите други вработени што вложиле натпросечен труд и дале натпросечен придонес за работењето во претходната година.

Вистинска штета е што Кутревци не ја отвараат компанијата за малите акционери со предлагање на член на Одбор на директори од нивните редови. Досега ќе имаа коска законски стегната фирма и десетпати подигнат корпоративен углед. Не гледам никаква поента во Одборот на директори да седат вработени без ниедна акција коишто ионака можат секојпат да бидат повикани на седница, само за да пополнуваат број и да креваат рака. Тие ќе си ја земат истата плата без разлика на работењето на компанијата, за разлика од мали акционери со сопственички менталитет коишто единствена корист имаат доколку компанијата работи добро и Одборот на директори донесува што поквалитетни одлуки.
 
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Мене ми е малце незгодно кога го читам ова. Луѓево во време на невидена светска криза направиле фантастични резултати и ти викаш ние како мали алционери , да се собереме сите едвај 6-7% ќе извадиме, да им кажеме на луѓево колку плата да земат т.е ние од надвор што појма немаме како функционира компанијата на секојдневно ниво да им кажуваме колку плата да земат!!! Па ако знаат да менаџираат во време на криза а и ти викаш дека Слободан е еден од најдобрите менаџери во Мкд, ваљда човекот знае како да подели плата???!!! Не те разбирам а и малце ми е незгодно од помислата

Исправка: текстот во постот #19656 напишан на кирилица погрешно е прикажан како продолжение на коментарот од постот #19654 на @Blizzard, а всушност претставува коментар и одговор на неговиот и постот #19653 на @zoraxe. Затоа, и оваа исправка.

"Најголемиот газда, односно сопственик на ПКБ во секој момент може да лапне околу 80% од добивката доколку за следното Собрание предложи Pay Out Ratio од 100%.

Што се однесува до евентуалниот бонус, за што во принцип не гледам зошто кој и да е би бил против, ќе треба претходно извршните членови на Одборот на директори да склучат т.н. менаџерски договори со Друштвото како што тоа го пропишува Законот за трговските друштва. Дотогаш добивката ќе завршува или за инвестиции или во акумулирана добивка, како што тоа беше случај со профитот за 2019 година."
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Мене ми е малце незгодно кога го читам ова. Луѓево во време на невидена светска криза направиле фантастични резултати и ти викаш ние како мали алционери , да се собереме сите едвај 6-7% ќе извадиме, да им кажеме на луѓево колку плата да земат т.е ние од надвор што појма немаме како функционира компанијата на секојдневно ниво да им кажуваме колку плата да земат!!! Па ако знаат да менаџираат во време на криза а и ти викаш дека Слободан е еден од најдобрите менаџери во Мкд, ваљда човекот знае како да подели плата???!!! Не те разбирам а и малце ми е незгодно од помислата
Не само во економската криза, туку и во сите 40 години Слободан постигнувал исклучителни резултати, па така компанијата и станала 28. најголема у државата и една он неколкуте најголеми во домашна сопственост. Едноставно човекот знае да плива и возводно и низводно и токму такви треба да бидат раководители на компании, а јас немам апсолутно никаква намера да му се мешам во надлежностите пошто тоа знае да го работи десетпати подобро од мене. Посебно не во определување на платите пошто немам појма за понудата и побарувачката на работна сила во предметните дејности.

Од друга страна, политиката за наградување е во надлежност на Собранието, а таму и малите акционери имаат што да кажат. Ние предложивме 10% од добивката да оди за награди, а распределбата на тој износ да се делегира на Одборот на директори којшто е упатен во секојдневното работење на компанијата. Доколку некој вработен со натпросечно залагање спречил квар на машина што чини 100.000 евра или дал идеја за подобрување или рационализација на процесите, јас сакам да биде награден со нпр. 10.000 евра. Мислам дека ваквите исклучителни примери би требало да бидат несебично наградувани дури и доколку фирмата оствари загуба.

Дополнително, не гледам потреба нпр. тие Светлана Мицковска, Славчо Шушлевски или Миле Бановиќ што немаат акции да бидат членови на ОД. Луѓето сигурно си се стручни за своите директорски позиции и секогаш може да бидат повикани на седница за да известат или дадат мислење за одредена тема. Од друга страна, сметам дека тој Дарио Кадиев што имал 190 акции треба да биде во ОД, затоа што нему му прави разлика дали компанијата ќе оствари добивка од 100 миљони или двојно помалку или двојно повеќе. Во ОД треба да има навистина независни членови што можат да придонесат со конкретно знаење и идеи за компанијата, а не само да креваат рака за предлозите на Кутревци, иако се сомневам дека седници воопшто и се одржуваат. Ниеден нормален сопственик со фидуцијарна одговорност сигурно нема од инает да гласа против квалитетна предложена одлука, а на сопствена штета.

И конечно, ништо не кошта раководството како гест на добра волја да ги покани малите акционери на тура низ погонот и 1-2 неформални средби годишно кадешто ќе можат да се запознаат подобро со работењето на компанијата и да дадат идеи за подобрување. Меѓу нив има сигурно 3-4 што имаат конкретни знаења и способности со коишто можат значително да придонесат за компанијата, а тие идеи потоа раководството може да ги усвои или отфрли. Од ваквата практика може само да има корист, а никаква штета.
 
И меѓу другото додека е прошетката да зборат до каде е тужбата на суд. Малце не знам како го замислуваш тоа. Малите акционери го тужат а тој да не вика честови да ни прави.
 
Еве јас не сум меѓу тужителите, може мене да ме повика
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Колку гледам, на пазарот има огромен наплив на српски и хрватски производи коишто овде се продаваат за 15-20% поевтино него во нивните матични држави! Гледам и дека цело време ги ставаат на акција 2 за 1 пред истек на рок, а така во локалниот Тинекс меѓудругото на полици им пропаднаа три кутии тутун-чварки од Златиборац
Во контекст на ова, само да додадам дека чајната на Пекабеско е тотално фиаско во однос на многу други поефтини српски компании. Така да треба многу подобрување и во квалитетот, а особено во маркетингот и дистрибуцијата на производите
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Во контекст на ова, само да додадам дека чајната на Пекабеско е тотално фиаско во однос на многу други поефтини српски компании. Така да треба многу подобрување и во квалитетот, а особено во маркетингот и дистрибуцијата на производите
Не знам само каде си нашол поевтина српска чајна пошо сите се барем за 10-15% поскапи, а во Србија се уште поскапи и од тоа, па баш ме чуди зошто не извезуваме ние во Србија наместо тие во Македонија. Не знам за вкусот, ама претпоставувам дека квалитетот на ПКБ е подобар пошо конкурентите Екстра Меин, Гроздановски, Косиљак.. произведуваат од погони среде стамбени зони што личат на издивоградени урбани чиреви. Еве нпр. како изгледа Екстра Меин, главниот домашен конкурент:

EnsMUYGXIAwH5m2.jpeg

Гледајќи го погонот, скроз не ме чуди што пред 5-6 години наводно беше пронајдена листерија во нивните производи, а уште поинтересно е што нема никакви вести за судска разрешница на случајот, такашто можеби е дебело подмачкано за тоа да се заташка. Во споредба со овие прчварници, објектот на Пекабеско е како Версај, па ме чуди зошто неговата слика не се користи многу помасовно во рекламирањето. Ете, чисто и ова да се има предвид кога во маркет се фаќа за нечиј сувомесен производ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom