Partizanite vo Makedonija - del 1....
Кои беа партизаните во Македонија*
Никола Петров, Скопје, 1998
Наместо предговор
Во текот на 1878 г. Бугарија беше разделена на 5 дела, откинати еден от друг. Берлинскиот конгрес не се интересираше за етничката страна на прашањето. Никој не ја поставуваше под сомнение обстановката, дека разделува една територија населена со еднородно население.“ Тие ја отделија Македонија – пишува познатиот руски историчар Милјуков – од останатиот дел на Бугарија не зашто не ја сметаа за Бугарска, туку зашто го сметаа за опасно обединувањето на целото Бугарско племе.“
Обединувањето
Во текот на април 1941 г. Германија ја распадна Југославија. Бугарското население во Македонија и Западните покараини со неопишлива радост го дочека крајот на 28-годишното српско угнетување. Во градовите и селата се формираа местни Бугарски акционни комитети како масовна патриотска општонародна организација. Облечена со довербата на населението, таа се залага за востановување на разрушениот од војната општествен ред, со земање на властта од српската администрација. Бугарскиот централен акционен комитет во Скопје испраќа ополномоштени лица во Софија да барат побрзо обединување со слободната Бугарска држава.
«Обединувањето – сведочи секретарот на БЦАК во Скопје Васил Хаџикимов од Штип – беше објавено и и осуштествено пред дојдат бугарските војски и бугарската државна администрација без да знае тогашната влада во Бугарија, председавана од Филов. Во Скопје каде што беше седиштето на тој централен комитет, како и во другите градови и села каде што имаше организирано негови органоци, германските команди ги правеа сите напори против нивното создавање. Сакаа докази за бугарскиот карактер на местното население, и тоа со изразено мнозинство во однос со другите националности, за да би ги признале. И такви, што се однесува до Вардарскоиот крај, ги добија насекаде со акции : со закачување на Бугарските знамиња по куќите, со протерување на српските службеници од општините и другите државни органи и нивната замена со наши местни Бугари....»(1).
Скопскиот акционен комитет решава да го издава во Скопје весникот «Македонија». Во неговиот прв број се поставува декларацијата на комитетот, во кои што меѓу другото се зборува:
«Бугари! Македонија е слободна! Слободна е Македонија за вечни времиња! Дојде крајот на ропството под кое Македонија се наоѓаше само до пред неколку денови. Вековното македонско ропство – грчко, турско и српско, духовно и политичко, а во XX век економско и социјално, исчезна за секогаж. Еден голем идеал – слободата за која Македонија водеше вековна борба со безпримерен стоицизам и безбројни самопожртвувања е веќе минато....Македонија е сега слободна општобугарска целост» (2).
Слободна Македонија е залеана од национална еуфорија. Луѓето се поздравуваат помеѓу себе си со «Христос воскресе» и «Македонија воскресе». Насекаде се подготува спонатано пречекување на бугарските војски и администрација. Еве дел од расказот на еден прилепчанец, поместен во бр. 2 на «Македонија» :
«По улиците се движат безброј камиони, тенкови, брмчат машините. Преполни со војски тие преминуваат низ градот и одат надоле према Битола. На сите улици седат прилепчани, зарадувани, восхитени од сето тоа, затоа што не можат да поверуват на сопствените си очи : Дали тоа не е само сон? По ручекот, околу четири часот, одеднаж почна да бие свечно камбаната : знак дека идат гостите. Како само го очекуваа тој миг, по сите улици почна да тече една голема река од луѓе – илјади луѓе идат кон железничката станица. Половината уште не беа стигнали до неа, кога возот пристигна и громогласното «Ура» од илјадници грла го одбележува пристигувњето на бугарските железничари. Моментот е крајно емоционален. Некои плачат од радост, други се фрлат во вагоните и ги прегрнуваат војниците. Цвекиња фрчат отсекаде. Во тој момент стариот бугарски гимназијски учител Милан Небреклиев се изкачува и со краток огнен збор ги дочекува гостите. Возбудени од неочекваниот пречек, опсипани со огнени чувства на братска љубов, војниците одговараат со поздрави.»
Исклучително бранување предизвика пресретнувањето на бугарските војници од штипјани. «Штип, 25 април. Денес....секој се радува, се смее, плаче со солзи од среќа, секој вика, колку што му држи гласот, со моќното бугарско «УРА». Цвеќе и пешкири летат...Целото население на Штип се јурна према «Камениот – мост» да ја пресретне војската. Штпјани повторно паднаа во делириум.
Дочекот на кметот, зборовите на командирот на дивизијата се пресретнуваат, прекинуват и испраќат со такво «УРА» кое што тука ниту можеме да го извикаме.
Многу илјадната поворка начело со офицерите духовништвото тргна према градот. «УРА» - тоа не стивнува, военната музика грми, штипјани и штипјанки им се фрлаат на офицерите и војниците. Во рацете на командирот на дивизијата се трупат дарови. Во «Горно мало» од една порта излегува стара жена со црна шамија, со здиплена кошула во раката, се приближува до командирот му ја подава кошулата и слушаме како му зборува : «Честита слобода синко!». А таа е баба Ѓурка Пецкова, мајка на Коце Пецков, убиен само неколку дена при бомбардирањата на Штип.» (1).
За израдуваното население беше толку значајно кој ја распадна Југославија. Секој македонски Бугарин зад параванот на настаните ја гледаше Бугарија и истовремено према неа ја изразуваше својата љубов преко старата војничка од Првата светска војна, посветена на Борис Дрангов : «Гордеј се мајко Бугаријо, со своите синове херои!». Во таа манифестација нема ни споменување за некокав македонизам како идеа за посебна македонска народност. Омразата кон српска Југославија која имаше за првостепена задача да прогонува се што е бугарско, сега се повторуваше во полна манифестација, токму на бугарското народно чувство.» (2).
Србите идат начело на комунистичката партија на Македонија
Додека во време на Втората светска војна во Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина се создава силно партизанско движење, во Македонија , и покрај напорите на ЈКП, тоа нема успех. За тоа зборува во својот реферат до ЦК на ЈКП од 8 август 1943 г. Светозар Вукмановић – Темпо : «Во почетокот на март 1943 г. Пристигнав во Македонија каде што ја затекнав следната положба : Партијските организации во организационен однос беа во речиси полно разделување....Тоа се должи пред се на бугарското сознание на превладувачкиот дел од населението на Мкаедонија, кое не го поднесува антибугарскиот дух и не допушта да се дигне рака против Бугарија.» Нешто повеќе, самите комунисти и нивните раководители во лицето на Покраинскиот комитет, и ја земат властта од прилепчанецот Методи Шатаров – Шарло реско се спротивставуват на стремежот на српските комунисти да го наметнат своето водство и диктат. Во титовите архиви се запазени многу документи по тоа прашање. Во едно од нив се зборува : «Македонскиот ПК откажува да одржува врска со нас и се сврзува со БКП веднаш со започнувањето на окупацијата на Македонија. Шарло не се отзовува и по третата покана да дојде во Белград на заседание, на кој што треба да се разгледа прашањето за Македонија.» (1).
Методи Шатаров и неговите другари сметат, дека бугарската власт во Македонија не е окупаторска и не треба да се води вооружена борба против бугарскиот народ.
«Ова мириса не само на национал-шовинизам, туку и на германофилство.» (2) – се тревожат водачите на ЈКП.
Ослободувањето на Македонија бо текот на 1941 г. беше резултат на надмоќ на една од големите сили – Германија. Втората светска војна штотоку почнуваше и како една од основните држави во неа беше Советскиот Сојуз и доминантнот од Москва меѓународно комунистичко движење.
ЈКП начело со Тито одигра значителна улога во борбата против Германија и за воскресување на Југославија.
Титовистите спроведуваат целосочно насочена кампања за покорување на комунистичките структури во Вардарска Македонија.
Шарло иако со комунистички убедувања беше тврд Бугарин по сознание и се покажа како ограда против движењето на србокомунистите во Македонија, затоа ЦК на ЈКП со решение од 24-ти јуни 1941 г. го суспендира Покраинскиот комитет на Македонија начело со Шарло, а самиот него го исклучи од партијата и го осуди на смрт. Во своето писмо до ПК на ЈКП за работата во Македонија Тито го основува решението така :
«Драги другари, постапката на «Стариот Бугарин» кој што беше одговорен за нашата работа во Македонија с епокажа не само антипартиска но и контарреволуционерна.
Тој го саботираше издавањето на прогласот на ЦК на ЈКП и зазеде националистичка позиција.
Тој ги прекина сите врски со ЦК на ЈКП после окупацијата и не се јави на поканата да дојде со известието на ЦК.
Sledva del 2
>>>>>>>>>