Се слушнав со човекот, пошто не сум од Скопје, ми рече дека тој е втор газда на колата, и дека последниве 2 години колата се вози поактивно, и истото што го пишува во огласот, реална километража, не е чукана, префарбувана и тн. Регистрација има уште еден месец. За потрошња на плин градска вожња врвел 100 км со 300 денари. Исто ми рече за плинот дека е ставен во овластен сервис со сите документи, само не е внесен во сообраќајна и дека доколку ја купувам тоа можам да го направам за 50 евра.
За Опел не сум многу, пошто веќе имам Опел Астра 1.7 ДТИ, Исузу мотор 2000 год. и се оддадов по поправки, ич не ми се погоди. Сега е добра веќе подолг период ама покажа многу дефекти.