Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Не се виновни овие што прават DDos напад, виновни се милионите идиоти што купуваат „паметни уреди“ и не ги заштитуваат.:cautious:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Само во Скопје. Во кафуле со петокрака и име Синдикат се собираат луѓе што не се за во синдикат, спонзорај, фејсбук и инстаграм ѕвезди, татини принцези, мамини принцови и локални буџовани. Скопски ноќен живот јебига.
 
S

silmarillion

Гостин
Што ќејф ке имавме ко народ здрави прави да се паркираме на места за инвалиди да постоеше карма пола Скопје у колички ќе се гураше.
 
G

Goldie

Гостин
Квизов кај Драган Вучиќ играат асоцијации на тема животни на три букви
- Треба да објасни ној, и му вика има големи јајца и овој вика коњ! :pos:

Секако ќе јаде ремет дечкото што се пријавил на квизов, ама после ова ште толку..
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

-
Д.... конечно дочекавме, надлежните да го сторат ова,
обележан е патот од средно Водно до Нерези или Пантелејмон или најново Македонско село,право ремек дело на вработените.
Ветре немој да дуваш мојом улицом.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Она кога лажен профил ќе сака да те „надмудри“, ама после тоа го фаќаш у тесно и не добиваш ни seen. :place: Добро бе, до кога ќе прават лажни профили? А бе и јас имав едно време, не дека не, ама си праќав животи на farmville и pet society, овоа сеа све испомешано... Кога сакам да откријам нешто, ќе идам до page 54398953409 од google search resultats, па што сака нека биде. Таман занимација за пред колоквиумска. :tapp: Од една страна не знам ни ја што се замарам воопшто, ама кога сум во право, во право сум бе. :icon_mrgr:

Кој талент сум значи... :facepalm: Сабајлечки, уште успана, зимам да мијам заби, моиве ставиле нова паста, неотпакувана. Ја отворам, притискај, притискај, нејќе бре да искочи тоа пастата... си викам шо специјална ќе беше оваа, па уште нашла да ми се праи паметна. Кога се изнервирав, па кога сум ја згмечила на пола, кога ми распука на сите страни, пола паста отиде. Ебате ќората, не сум видела дека на грлото на шишето имало такво ко фолија. :facepalm: Ем шуто, ем боде. :icon_lol: А пази, уште ме фаќа смеа и си викам чекај да и' покажам на мајка ми што дегенка родила (демек она не знае па да ја уверам). :ROFLMAO: И со цел памет одам накај неа и и' викам - мамооо, експлозија од паста ме пукна. Она само ме глеа од горе до доле, мртва озбилна: Лом си, оди измиј се. :pos: Кретенка, идиот коа сум... :tapp:
Стварно не ги сфаќам овие што викаат - Леле, јас не можам да функционирам ако претходно не сум си сварила кафе на сабајле. Е алал да ти е, јас со кафето од сабајле ќе профункционирам само ако ми претече па да почнам со чистење, или ееевентуално да се попарам па така да ме расони. (n) У ствари кога ќе подразмислам, been there, done that. :ROFLMAO: Втора смена бев во школо, и ај викам да си направам кафе. Во меѓувреме облечена во бели фармерки, спремна. Да надигнам шолјата да се напијам, ај дека не се истурив цела со кафе? И така си се перев после, па со фен си се сушев. Како ме освестило кафето значи, алал да му е. :D

Неисе, најтрагично е што по природа не зборам многу, ама затоа штом прозборам, морам да истресам некоја тешка глупост и да слушне некој што најмалку треба. :facepalm: Како на пример во случајов, од кај па да знам дека додека сум трескала глупости позади мене одел професорот и ми се пукал од смеење? :noze: Колешка уште ми вика - А бе ја те погледнав, ти дадов знак да прекинеш, ама ти си продолжи, затоа и ја ти се смеев. :X3: Фино. :icon_mrgr:

Како и да е, кај сте тргнале бре со тоа јакните и капутите? :D Башка види што убаво Сонце си пукаше последниве неколку дена. Мене мајка ми на глава ми се качи да сум носела јакна, па јакна. Ја облеков, па после зоврев, пукнав, се препотив. :cenzura: Не ви е топло бре? Јас и по кратки ракави кога одам до продавница пак ми е топло. :toe: Кога гледам луѓе во капути, аутоматик роломатик почнувам да вријам од внатре, да се потам. :unsure: Не сум у климакс, жими ја да умреш ти... Уште си спијам со летни пижами и отворен прозор. Све е до психа бре, луѓе. :D Другарка уште ми се чуди како сум можела кога имало снег ја да идам по кратки ракави, наметка и патики. Па што да не? :D Може некогаш така да се случи да тркнам до продавница по капут, ама тоа најверојатно затоа што убаво ми било со пижами одоздоле. :sramezliv:

Ај, доста ти се измешав баби и жаби. Ај, чао. :D
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
What if шумеча уствари не е несмасна и постовите во ДК are just a game :D #прашањакојмемачат
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Разочарувањата и убавите моменти одат рака под рака. Како поминува времето, така си ги запишувам овие небаре филозофски проблесоци. Изгубив пари пред неколку дена - вчера тетката во пекарницата ме частеше симит, потоа си најдов 10 денари, а во продавницата за зеленчук, чичкото ми даде една пченка плус која на крај заврши како храна за гулаби.

Се’ е суета, пепел и слични ми ти поповски работи. И се повеќе се уверувам дека е така. И верувам само во луѓето во кои ја гледам добрината и ентузијазмот за подобри времиња. Останатото, нека си врви.
11 апостоли вчера, ѓезме со најдоброто мени на светот, направено од заеднички раце:
гравче тавче
овчо сирење
домашен леб под вршник
макало од компир, лук и везени пиперки
колбаси со лук
колбаси со праз
балсамиран карамелизиран кромид
салата од морков и зелка

И тон верба дека можеме да го нахраниме општествово. Со миење раце пред јадење, собирање ѓубренца пред врата и во маалскиот парк. За користење марамче, наместо плукање шлајм по улици. За некои нема чаре и толку, тука завршува енергетскиот проток.
Знам дека во мене наталожив тон срања периодов. Се деконтаминирам со пишување дневник, со почетни обиди за цртање и некаков си внатрешен активизам. Намалувам со шеќери и готвам со минимум сол. Во меѓувреме, тој останува да ми биде човекот на мојот живот. 2017 е наша.

Само да не не’ лупне некој астероид, све друго I can do it.
М.
 
A

Antigona

Гостин
Кајги,

Месецов ми е турли тава друже. Вчера ми вика другар ми "нервозна си зш ти треба секс, оди најди некој за ебење" Изгледа во право е, али проблемот е во мене. Јас неам трпение за чекање, се сакам да се заврши во краток рок и затоа се ставам и во трошоци.
Нели во еден од претходните постови ти се жалев шо заебав работа. Да ти кажам право па и не било толку лошо ако знае човек како да се снајде.
Еве што е работава : бев во приватна агенција за станови и им платив одма да ми најдат стан ,да ми го дадат договорот на 6 месеци и да го земам Mietvertrag -от, па одма регистрирав адреса, отворив сметка у банка и си продолжив со другите обврски.
У меѓувреме ми текна дека не го сакам станот, па се мислев да го откажам а веќе платив 900 евра кирија за месец Ноември + 1800 евра депозит + 1500 евра провизија на агенцијата.
Арно ама пријателиве мои од Мк ме предомислија да го задржам станот , па ми светна идеја дека ваму голем број студенти немаат каде да спијат. Ми падна жал па викам еве бе ко кец на десетка ; најдов 4 студентки , им направив копија од клучот , договорот со нив е 500 евра за депозит од човек + 500 евра за кирија месечно од човек. Тоа се друже 2000 евра месечно од тие 4 студентки, а мене киријата во договорот ми е 900 евра . Па таман да не бидам во загуба , во следните 6 месеци нека седат они во станот.
А нерви и те како ми се потребни оти се чека на некои други работи да бидат завршени во меѓувреме.


Иначе денес Штул слави 15 години, бреј колку брзо лета времево , остарев ...

 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Драга, данас је тај дан, кад сам из пичку изашо ван. Е сеа незнам дали да се радвам шо полнам 20 или да....лелеее бее ја раситнав 30ката :( :( . Еве 14:30 се стори сатот мојве ги немат да ми звонат ццц...не бе не реков јас по грешка сум склепан...тое. Него денес саде две искрени честитки си добив за роѓенданов. Едната беше во 00:00 и многу ми значеше, а другата сабајлево во 6. Станала за на мочање и и текнало :pos: Баш така ми рече хахах...
Ај чао одам да се запијам уш одсеа. Поканети сте сите <3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom