Би сакал да споделам уште едно искуство кое го имав со салвија дивинорум. Билката што ја знаев само од трака на 1200мицрограмс ко копиљ и ништо повеќе. Знаев дека е нешто wow и треба да се држам подалеку од истото. Но, одлучив да истражам. Зборував со луѓе кои веќе го имале тој трип повеќе пати, читав на нет, гледав документарци и слично. Одлучив дека во првата прилика и погоден момент ќе пробам.
После една журка близу Стокхолм, т.е. последниот остров пред Осло, се најдовме едноставно. Земав една добра плуќа и ја држев колку што можам повеќе, иако чадот излегуваше. Од кога го испуштив целосно, во истата мили секунда ако можам така да се изразам, целата слика пред мене се измести најмаксимално. Пред мене имаше езеро, позади мене шума - перфектно место и амбиент. Сите контури и агли во мојата свест почнаа да менуваат облик и да се претвораат во желе кое се преливаше во милион бои кои до тогаш ги немав видено. Се околу мене се менуваше во моментот кога ќе упатев поглед кон истото. Ако се фокусирав стануваше уште полудо и невозможно. Во еден момент забораваш дека си ти ТИ и сфаќаш дека си многу надвор од тоа што си мислел, односно си дозволил да пловиш по некои нови чудни пространства кои ти ги контролираш несвесно и зависат од твојата енергија и перцепција. Истите тие пространства се менуваат во зависност од твојата психа и нормално од дозата која си ја зел. Се сменија звуците т.е. се изобличија и истенчија и нивната аура и форма излегоа на виделина. Таа виделина во која имаше хаос кој функционира во беспрекорна хармонија.
Самата салвија има повеќе нивоа на отварање мозок каде последното не сум го искусил и не би сакал, бидејќи се губи убавината на целиот трип и тотално после тоа имаш амнезија и се осеќаш ко глуп. А си изел ненормално бед трип кој може да те затвори и да заебе работа. Трипот траеше некои си 15 минути, беше интензивен но што побрзо се опуштив толку поубаво го искусив. Тоа се моменти каде не можеш и не смееш да се бориш со мозокот, бидејќи кога веќе си се нафатил да истражуваш места кои претходно не си ни знаел дека постојат, или пак си ги потиснал толку длабоко во себе што сакаш таму да останат, тогаш е подобро никогаш да не земеш. Штом си одлучен во нешто, направи го до крај и биди сигурен во истото. Во спротивно, нема спас зошто ако човек заглави во одредена сфера, останува таму и ништо не го враќа назад.