На некои луѓе убаво им е да си живеат во розов меур, јбг. На пример, ти.
Ма не разбираш ти ништо.
Се сеќавам таму некаде на почетокот на 90ите, мајка ми од Нова Македонија добиваше бонови у извесна вредност, како замена/дополна за плата. Боновите можеше да се искористат во некој тогашен ланец на самопослуги, чинам Зем промет се викаше или така нешто слично.
Е сеа, пошто сме ние држава каде се вози филмот на традиционалност, на историја, ма антики и што ти ја знам, убаво е вака кога ќе видиш дека ете и работниците од Дрекселмаер биваат плаќани на старите, традиционални, од дедо/прадедо начини. Јер држава без историја е како дрво без корен.
Јас и друго би препорачал на менаџментот на Дрекселмаер, каква хранарина какви бакрачи. Ланч пакети да се делат. Во крпче од Стружанка замотани младо кромидче, сув леб, троа солца и грч студена вода во бардаче(брендирано Кожувчанка, за и останатите околни бизниси да видат ефект од инвестицискиот бум).
Кога ке ги фати патриотски занес работниците, има 120% да даваат од себе. И после оп бонусче, 500че во локалното гранапче.
Така да друже Meh, ти си само еден огорчен опозиционер кој не сака да го види бенефитот од инвестициите кои не навјасаа.