Дали сте завидливи?

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Зависта е еден од најжешките емоционални отрови.
Знаеме да речеме"Ќе го изеде завист"или"Ќе пукне од завист"бидејќи навистина зависта е таква што уништува и кон надвор и кон внатре.
Сите одвреме навреме сме во ситуација во која се чувствуваме разочарани затоа што некој близок(поради зависта)не е во состојба да се радува на нашиот успех или среќа.
Сте се осетиле дека сте му завиделе на некој во некоја ситуација,за попосле да се усрамите од вашата реакција?
 
H

^HITMAN^

Гостин
НЕ !!! Кога ќе видам дека некој успеал повеќе од мене, тоа ми е само мотив и стимул за понатака во животот, доказ дека кога се сака се се може,но никогаш не завидувам. Никогаш!!!
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
И јас не се осеќам да завидувам,иако морам да признаам дека сум се фатил самиот еднаш или два пати како сум завидел највеќе за работно место,се вработил на поубаво место од мене каде што осеќам дека сум можел и јас.
Иначе мислам дека завидливите луѓе немаат мир и секогаш имаат мака да завидуваат,дали за новата кола на комшијата,дали дека нивното дете има кец а комшиското е одлично скоро на се:)
 
Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
Не завидувам,зошто неможе ја да бидам најдобар у се.И плус тоа што некој е подобар од мене ми дава мотив,и еден ден можеби и јас ќе го достигнам,
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Никогаш не сум се замарал со такви тривијални работи.
Да е човек завидлив за мене значи да е свесен за своите недостатоци и преку завидливоста да лечи фрустрации.Тоа обично се луѓе кои сакаат во све да се нај
а освен желба не располагаат со некои по битни атрибути.
Завидливост имало и ке има,а оние на кои не им е мило за моите успеси во животов можат комотно да пукаат од мака.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Тоа е онаа од тие теми каде сите сме светци, безгрешни и не, ние никогаш не го правиме тоа. А сепак надвор во реалноста се соочуваме со милион такви луѓе. Кој апсурд. Само најдобрите се собрани на кајгана.

Да не се лажеме, во одредени ситуации сите сме се фатиле како нѝ е криво што некој постигнал повеќе од нас, а свесни сме дека имаме поголеми квалитети од него. Дури и кога неправдата е таа што нè тера да завидуваме, сепак сме завидливи. Сите.
 
Не,не и не.До сега не сум почувствувал завист према никого.
А ако некогаш во животов се деси такво нешто пак нема да биде завист затоа што искрено ке ми биде мило за постигнатото на било кој мој близок човек.А за оние што не ги знам ме заболе патка.
 
Моето досегашно искуство ме научило на тоа дека сите со барем мала доза на завист зборуваат и им е криво за некој што направил повеќе од нив, велејќи дека ете, тие требало да бидат на негово место. Дека било неправедно што така се случило и уште многу други образложенија со кои потврдуваат дека не е така како што изгледа.
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Се слагам потполно со тебе.Разликата ни е во тоа што ти збориш општо а ја зборам за мене лично.
Како што гласи темава,не сум бил никогаш завидлив а нема ни да бидам.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Тоа е онаа од тие теми каде сите сме светци, безгрешни и не, ние никогаш не го правиме тоа. А сепак надвор во реалноста се соочуваме со милион такви луѓе. Кој апсурд. Само најдобрите се собрани на кајгана.

Да не се лажеме, во одредени ситуации сите сме се фатиле како нѝ е криво што некој постигнал повеќе од нас, а свесни сме дека имаме поголеми квалитети од него. Дури и кога неправдата е таа што нè тера да завидуваме, сепак сме завидливи. Сите.
Па јас ако кажам дека повеќето од луѓето сум ги приметил како завидуваат дека не се модератори ќе ми веруваш:)
Па прашуваа како се станува модератор и по кои критериуми што не кажува баш дека не има завист.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.098
Јас сум завидлив...ако е некому воопшто битно.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Јас само во првиот момент,додека ја слушам веста.
После ми станува сеедно.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Зависта обично се јавува кога сме несреќни за нешто што немаме , Ми се случило да завидувам на луѓе кои лесно комуницираат и бргу склопуваат познанства, затоа што јас не сум таква. Но зависта не ни помага ,таа не прави несреќни и незадоволни . Се трудам да сум среќна со тоа што го имам .
 
Lady Gaga*

«3 Him!
Член од
4 јануари 2010
Мислења
293
Поени од реакции
19
Не сум завидлива, ама има многу такви.
 
Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Хм се сеќавам последедн пат кога бев завидлива ама брзо ми помина и беше на една личност која воопшто не ја познавам уствари тоа не беше и завист само ми се допадна и си помислив ех и јас така да беев ..ништо страшно. Но има личност кои од завист не можат да бидат среќни, не можат да го живеат својот живот мислејќи само како на друг да му наштетат ..си се мислат дека така можат да бидат подобри од другите и да не ја тупам многу не сум завидлива се радувам на туѓите успеси доколку се поштени и верувам во себе доволна сум си на себе не ми треба некој да омаловажувам за да да се издигнам себе и да успеам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom