Darling
High Value
Да, така е, не само за раѓање, немаат никаков избор за ништо во животот. Замисли да се родиш и буквално немаш никаков избор во животот кој ти е предодреден од некој друг.Нема, но жените таму не идат во војска, но раѓаат на команда, нема my body my choice.
Поентата е дека и кога жените имаат права и кога немаат, војните не се предизвикани и немаат нешто заедничко со феминизмот.
И без да постои феминизам, очигледно е кога мажите и жените немаат еднакви општествени права тоа е знак на болно општество. Во спротивно, ќе се претвори во еден Авганистан кај што мажите им забранија на жени да се шетаат во парк, за да можат маж со маж под рака да си се водат.
Мислам дека повеќето жени само сакаат еднакви општествени права како запишување на студии, финансиска сигурност, безбедност во животот, работи што треба да се основни за човекот, да не му зависи животот од друг. Мене ако ме прашаш право на глас е и екстра, за двата пола, но дру пат повеќе за државните уредувања. Малку е неискрено да земеш една забегана група како репрезентација на барањата погоре. Секако дека јас и ти не можеме исто да трчаме или носиме тежина. Не би било искрено да ги земам и тепачите на жени кај нас како репрезентација на мажите.

