- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 7.011
- Поени од реакции
- 19.932
Ама зошто го претвараш ова во борба помеѓу двата пола? Не си во право. Дали сакаш да кажеш дека мајката во Украина не страда и ѝ е прелесно додека нејзиниот син е во први борбени редови?Се согласувам со ова на хартија, ама ете во практика, со Украина, што се вика народ близок на крв и менталитет и во ова поново време, се докажа дека не е баш така. Тие што имаат деца, јасно, и подобро да фатат патот, да ги штитат децата, тој е приоритетот и со надеж иднината на Украина. Тие без деца му го фатија путот, и веќе нема да припарат во Украина. Значи они дали имале морален, биолошки или законски долг, нема да навлагам каков е и дали е, единствено очигледно е дека нема да го исполнат. На друга страна на мажите им е забранет излез од државата и недај боже да те видат маж надвор да си купуваш нешто или да протегнеш нозе, пример, сакал нејќел у возило, на ти пушка и на фронт. Така да има понееднаква и позаебана страна, и тоа се мажите, затоа што мажите, сакале нејќеле, фронт за нив, а за жените ни фронт нит услов да мора да раѓа. Мора да се признае дека тоа си е привилегија во таквата ситуација.
Плус тоа, не е само Украина земја која што е во војна во модерните времиња. Во Газа сакаш да ми кажеш дека жените не страдаат?
Не можеш да ја сведиш работава на тоа дека едниот пол е привилигиран, а другиот не. Ете, по твојата логика за привилегии, ти си привилегиран баш сега, затоа што јас имам добиено и трпам менструални болки додека го пишувам ова, а ти си седиш без гајле. И пак никој не прави драма од тоа, зашто поентата не е да си ги мериме маките.
Сечија мака си и има тежина.
