Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
„Ја тебе војводо, ти мене сердаре“ е работава. :D


Ќорвезироска има специфичен стил, барем кај расказите што сум ги читал (не сум ги читал нејзините романи), не е баш лесно да се чита зашто ги „везе“ речениците и не секој може да го свари тоа, посебно ако е некој нетрпелив. Мене ми се допаѓа како авторка, од женските авторки ми е меѓу првите пет.
За „Три Марии“ од неколкумина досега слушнав главно лоши/негативни критики, веројатно не го бива романот.
Не знам колку се согласувате со ова - малку е генерализирање но горе-доле вака стојат работите на мак. книжевна сцена. Луѓето што знаат да везат со реченицата се најчесто книжевници, но кога ќе дојде ред за да се раскаже приказна, романите им паѓаат во вода. (Тука има исклучоци секако, еве Кирил Ангелов знае и приказна да раскаже а и има стил како книжевник. Негативен пример ми е Бужаровска пак, ни тоа ни тоа не го умее, тежок просек кој кога го напушти комфорот на расказите се виде дека нема голема вредност).
Сега дојде една нова генерација автори кои ретко се книжевници (и не, не мислам за онаа група што почна кај Или-или пред 10 години, туку едно јадро автори распрскани низ повеќе издавачи, кои почнаа да користат жанр од почетокот на ковид па наваму) кои се почитани и популарни од овие претходниве точно поради тоа што знаат да раскажат приказна, а некои богами умеат добро и со реченица да се изразат. Нив тешко ќе ги видите преведени на страна, или во каталог на МАИ, или некоја награда да земат, но тивко и макотрпно си го пробиваат патот и ја буткаат нашата книжевност во модерен правец.
 
Ќорвезироска има специфичен стил, барем кај расказите што сум ги читал (не сум ги читал нејзините романи), не е баш лесно да се чита зашто ги „везе“ речениците и не секој може да го свари тоа, посебно ако е некој нетрпелив. Мене ми се допаѓа како авторка, од женските авторки ми е меѓу првите пет.
За „Три Марии“ од неколкумина досега слушнав главно лоши/негативни критики, веројатно не го бива романот.
Не е лош романот, мене ми се допадна. Сите три приказни се интересни и интересно е тоа што со нив не само што е своевиден омаж на романот „Две Марии“ на Славко Јаневски, туку и Славко е единствениот лик во романот кој е присутен во сите три приказни (поточно - станот кој тој го издава). Тој е сврзното ткиво. Ми се допадна и вметнувањето на многу суеверија, обичаи и етно елементи кои го прават по-македонски, на некој начин, или барем јас така го доживеав. Ми се допадна и (црниот) хумор кој е вметнат во секоја од сите три приказни, како да сака да каже дека по сите несреќни судбини, хуморот е едно од нештата кои ќе помогнат да продолжиме. Ми се допадна и што ги направила ликовите реалистични, ништо не делува изнасилено, јазикот е преубав, навистина ја бива со зборовите и речениците.

Она што не ми се допадна: едното е книжевно, другото вон-книжевно, но тесно поврзано со неа, зашто она е уредничка во Арс Ламина. Прво - јас сметам дека ова не е роман! Роман, ко што знам, е ЕДНА заокружена приказна, со почеток, средина и крај. Овде има ТРИ приказни, поврзани само со една навидув неважна врска и со името на трите главни протагонистки. И второто е нешто што особено ми смета кај изданијата на Арс Ламина и Антолог, а тука особено ми сметаше - е принтот. Бојата на буквите не е црна, туку сива, а самата хартија е некоја евтина, рециклирана, и навистина е многу тешко да се чита на некои страници. Малку па да имаш послаб вид, или да читаш ко мене, во полумрак во автобус во 6 насабајле - отидоа и очите и мозокот! Затоа сметам дека Или Или се не цареви, туку императори во однос на Арс Ламина, Антолог и Три. Квалитетот на хартијата и на принтот е едноставно - неспоредлив!
Автоматски споено мислење:

А, да, ќе заборавев - ретко тоа кој спомнува, но едната од трите приказни не е оригинална приказна на Оливера, туку адаптација на еден сегмент од филмот Wild Tales на Дамијан Шифрон во македонски сетинг. Дури и самата Оливера го има напишано тоа како забелешка во романот. Плус, со самото тоа што и нејзините приказни се слични како приказните во Wild Tales, на некој начин Три Марии и личи на Wild Tales, што исто така ми се допадна.
 
Back
На врв Bottom