Работава се коси со здрав разум. Земале некој дечко осудиле на 3 месеци условна поради веење знамиња со Голема Албанија, потсетување тоа е мапа каде што огромен дел од територијата на денешна Македонија е претставена како дел од Албанија, значи со други зборови агитира за отцепување на земјата во која живее и припојување кон друга држава, апсолутно секаде во светот е ова казливо дело. Конечно дочекавме некој барем симболична казна од 3 месеци условно да добие за вакво нешто, чисто да е порака, дека тоа не треба да се прави и дека тој филм со кревање меѓуетнички тензии, големи Албании ништо добро не донел. Но женава е вознемирена од тоа, вика дека ако утре веела знаме од светот, не значело дека светот е нејзин. Тоа од што паметниот се срами и ќе проба да го пикне под тепих, будалиот ќе се гордее и ќе пишува статуси. Патем гледам дека сите објави на госпоѓава Лиридона и се со мапи од Голема Албанија како Македонија треба да е отцепена, а е некоја тв презентерка и македонскиве колеги гледам и изнаставале срциња по објави на социјални мрежи, логика нула.



