- Член од
- 27 февруари 2017
- Мислења
- 1.306
- Поени од реакции
- 1.056
edna lastojca prolet ne nosi
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Толку си ги гледал утакмиците меѓу Вардар и Алкалоид. Секогаш играат на највисоко ниво. Не искршија минатава утакмица, пред една недела. Сухолежњик беше на раб да ни ја повреди цела екипа. Цело време играа прљаво, особено врз Педро бразилецот.Мене само ме чуди како против ВЛТ2 И ВЛТ1 Алкалоид не игра вака крвнички иако воопшто немат тие шанси за титула!?
Страшен комплекс имат сите против нас....И како е "случаен!?" овој распоред сите клучни утакмици кај нив да ги играме цела полусезона....И на крај со наши екс играчи и "наши" судии да си постигнуват свои цели!? само на наша сметка.....Требаја нашите порано да реагираат...И во минатото се играле одложени кола....Со заби ќе ги јадевме да бевме одморени...То е то
То тушлото најзаштитен играч во лигата е, прај фалој за црвени, а едвај добива 2 мин..Толку си ги гледал утакмиците меѓу Вардар и Алкалоид. Секогаш играат на највисоко ниво. Не искршија минатава утакмица, пред една недела. Сухолежњик беше на раб да ни ја повреди цела екипа. Цело време играа прљаво, особено врз Педро бразилецот.
Митев само против нас има животни партии.

Ова што го пишав тука, горе доле го мислам и сега.Ме излажа и мене Лино дека може да донесе некои скриени таленти и да воведе дисциплина во составот. Иако, како што кажав и тогаш, времињата се многу сменети. Во Металург имаше можност да експериментира колку сака, затоа што имаа 3 постави со кои можеа да ја освојат лигата. Првите години ептен отсколнуваа во квалитет. Плус, титулата се решаваше во 4 утакмици, се' друго беше ревијално. Сеха лигата носеше добри спаринг натпревари со квалитетни противници за тестирање играчи (а они таму немаа никаков успех, ниту една титула не освоија). Го пронајде Циндриќ, да речеме дека ќе изделка Манасков, Гоце и Пешевски, на крајот се појавија и Борозан, Фитиљот, Тале, ама горе-доле може да се каже дека го откопа само Циндриќ, сите други беа од претходно најавувани таленти. Тоа беа други времиња и затоа што сега играчите се скаутираат многу порано, а и на балканот веќе нема толкав квалитет. Знаев дека голема е шансата да промаши играчи, ама не верував дека СИТЕ ДО ЕДЕН ќе бидат промашувања. Црнецов што го земаа принудно, сигурно е измислен за другите бекови.
А кога немаш бекови, нема ни титула. Се убедувавме тука на темава на почеток на сезона, некои викаа Вардар бил ослабен од лани, а они појачани. Кажав и лани, ќе ги бараат Тајник и Хосни. За Манасков да не зборуваме. Единатвено пикерска позиција им е топ покриена, Самоил ќе биде добар играч.
Серафимов непрепознатлив. Не дека очекуваш од него да решава утакмици, али овој во моментов не е ни за 5-та опција на десен бек во Македонија.
Стариот и не ги води така лошо натпреварите. Толку е лош составот што не може да си дозволи друг напад освен 7 на 6. Голманите се слаби, немаат константност.
Ништо нема да биде и 10 години да е тренер, затоа што едноставно играчите немаат квалитет.
Нешто за кое треба да одговара е криминалниот избор на засилувања. Се чека само на Фитиљ, прегоре човекот. Сум пишувал, он може да даде 30 гола и сам да победи дерби, ама може и покољ да се направи со цела своја екипа да се испокара. Не ми личи ни дека Лино може да му го смири темпераментот.
Сепак, оставам простор да се засилат многу подобро до крај на сезона. Едино ако ја решиме сезоната до полусезона, па да немаат амбиции. Уште имаат надеж за пресврт во ЛЕ и да поминат група, ама не би имале никаква шанса со екипите со кои би вкрстиле.
.Право во центар , толку се неспособни што од распаднат Партизан еден играч не успеаја сега да земат , а за трансферите ова лето ќор да си еден ќе погодиш ,среќа барем Нранзи од нафталин некако го дојсоа.Ич не сакав да коментирам ама аматеризмот на управата не се трпи. Се додека не сватат дека не играчите и тренерите туку не го брукат името на РК ПЕЛИСТЕР туку тој што ги донесол да бидат тренери и играчи.
После тоталното фијаско на преодниот рок, неспособноста да се искористи распаѓањето на Партизан со кое лице пишуваат после се што обезбедиле што обезбедија сака играчи не аматери.
Фитиљот преусиса претходната разбирливо се истроши денес еден куп грешки па замениго не го носи во ситуација да биди нервозен, ако не можиш без него во напад барем одбрана одмарајго, еден куп грешки направи денес, ама Татар го чуват на трибини за семки продавање.
Другите не се ни за коментирање освен Натанзи повеќето се за чистење.
НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОБВИНУВА ЕДИНСТВЕН КРИВЕЦ Е УПРАВАТА народно кажано со сув гас риби сакат да фаќат.