Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Ме излажа и мене Лино дека може да донесе некои скриени таленти и да воведе дисциплина во составот. Иако, како што кажав и тогаш, времињата се многу сменети. Во Металург имаше можност да експериментира колку сака, затоа што имаа 3 постави со кои можеа да ја освојат лигата. Првите години ептен отсколнуваа во квалитет. Плус, титулата се решаваше во 4 утакмици, се' друго беше ревијално. Сеха лигата носеше добри спаринг натпревари со квалитетни противници за тестирање играчи (а они таму немаа никаков успех, ниту една титула не освоија). Го пронајде Циндриќ, да речеме дека ќе изделка Манасков, Гоце и Пешевски, на крајот се појавија и Борозан, Фитиљот, Тале, ама горе-доле може да се каже дека го откопа само Циндриќ, сите други беа од претходно најавувани таленти. Тоа беа други времиња и затоа што сега играчите се скаутираат многу порано, а и на балканот веќе нема толкав квалитет. Знаев дека голема е шансата да промаши играчи, ама не верував дека СИТЕ ДО ЕДЕН ќе бидат промашувања. Црнецов што го земаа принудно, сигурно е измислен за другите бекови.
А кога немаш бекови, нема ни титула. Се убедувавме тука на темава на почеток на сезона, некои викаа Вардар бил ослабен од лани, а они појачани. Кажав и лани, ќе ги бараат Тајник и Хосни. За Манасков да не зборуваме. Единатвено пикерска позиција им е топ покриена, Самоил ќе биде добар играч.
Серафимов непрепознатлив. Не дека очекуваш од него да решава утакмици, али овој во моментов не е ни за 5-та опција на десен бек во Македонија.
Стариот и не ги води така лошо натпреварите. Толку е лош составот што не може да си дозволи друг напад освен 7 на 6. Голманите се слаби, немаат константност.
Ништо нема да биде и 10 години да е тренер, затоа што едноставно играчите немаат квалитет.
Нешто за кое треба да одговара е криминалниот избор на засилувања. Се чека само на Фитиљ, прегоре човекот. Сум пишувал, он може да даде 30 гола и сам да победи дерби, ама може и покољ да се направи со цела своја екипа да се испокара. Не ми личи ни дека Лино може да му го смири темпераментот.
Сепак, оставам простор да се засилат многу подобро до крај на сезона. Едино ако ја решиме сезоната до полусезона, па да немаат амбиции. Уште имаат надеж за пресврт во ЛЕ и да поминат група, ама не би имале никаква шанса со екипите со кои би вкрстиле.
 
Овој свињаров Сехолежник у кој филм е влезен, дај нека го дисциплинираат нека му влепат плав картон, ќе му ја сјебе кариерата на некој ,недај боже репрезентативец,прошло коло на Педро му влезе, сеа Атанасијевиќ ќе го откостеше. не ти е ова борење, ракомет е маму ти ебам, свинска.
 
Пелистер некако е топло ладно стил и годинава и лани.Денеска сигурно делуваше и немањето многу време за одмор после неполни 48 сати со Германците и акање по нашиве патишта.

Одново се трошат истите носители, а крилата скоро непостоечки.Самоил со најголем напредок, еден репрезрнтативец плус за наредни години.

Нтанзи веројатно единствен погоден новитет.

Алкалоид со Вардар покажаа скроз друго лице и во нагорна форма.Штета шо и во репрезентација не пресликаа.

Избегавам да коментирам за судии ама денес овие "нивните" поприлично домашно судење им дадоа во доста ситуации.

И реакцијата на Бојан...некогаш подобро е во канцеларија лице в лице такви коментари.
 
Back
На врв Bottom