ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
One moment, we are checking you are not a bot.
Како не ни текна порано. Пример - работиш во ИТ.

Абе да се почне од негде
Ако го копираме овој дел од црна гора, I'm in.
Автоматски споено мислење:

Поентата на реформата у Црна Гора е друго. Државата да гарантира пензија а работодавците да ги дадат парите во реалниот сектор. Без мајмунски работи in between

Али, секој со свое мислење друже.

Тогај ќе земаш 1500 евра бруто :)
 
Последно уредено:
Од кај ќе се финансираат пензиите и здравството?
 
One moment, we are checking you are not a bot.

Абе да се почне од негде

Автоматски споено мислење:

Поентата на реформата у Црна Гора е друго. Државата да гарантира пензија а работодавците да ги дадат парите во реалниот сектор. Без мајмунски работи in between

Али, секој со свое мислење друже.
Другар, Македонија е ова, во секој сектор ќе биде исто, истите плати ќе останат, а тие пари за здравство, пензиско и шо ти ја знам, на друго место ќе идат.

А ни Црна Гора не веруам дека нешто поразлично ќе биде.
 
Другар, Македонија е ова, во секој сектор ќе биде исто, истите плати ќе останат, а тие пари за здравство, пензиско и шо ти ја знам, на друго место ќе идат.
Амиии штом така викаш, така нека биде другар (y)

Од кај ќе се финансираат пензиите и здравството?

Кое здравство? И кои пензии? Тие од 25К-30K денари месечно? Па еве на пример во црна гора го решиле вака:

IMG_3459.jpeg

Читни малку низ линковите.
 
Амиии штом така викаш, така нека биде другар (y)

Кое здравство? И кои пензии? Тие од 25К-30K денари месечно? Па еве на пример во црна гора го решиле вака:

Прегледај го приврзокот 491372

Читни малку низ линковите.
Ете, можат на пример да го качат данокот, или да измислат даноци... Сам ќе си ги даваш тие пари за данок, ама ќе немаш здравствено и пензиско осигурување.
 
Ајде да зборуваме за убави работи.

Што мислите да се укинат придонесите за пензиско и да и се престане да се плаќа на државата туку сите пари да остануваат кај вработениот у џеб, ко у Црна Гора.

П.с. Здравствено не плаќаат они. Укинато им е.

Пример - работиш во ИТ, програмер си, земаш 1500 евра нето. И наеднаш плус 700 евра, рецимо се креваш на 2200 евра. Заеби прв столб, втор столб, пензии, здравство (кои ионака не функционираат) - едноставно сакам парите да си ги располагам одма и сега и да си штедам јас за старост. Или да ги трошам тука у МКД (пак ќе ќари државата де, преку ДДВ).

Ако си ги потрошам сите пари или згрешам со нивно инвестирање, мој проблем, моја одговорност, ќе немам за старост, ќе бидам бездомник не е проблем. Ризикот е мој.

А не да го гледам некои ко Жмицко или шијемига џуро што ќе ми се закануваат дека ќе укинеле втор столб (кој ионака се полни против волјата на вработениот), ќе префрлеле пари од втор столб у прв и ќе ми затвораат буџетски дупки за да плаќаат администрација со мои пари со кои не можам да располагам а божем они ми ги “чуваат” за старост :D

Ај да пробаме вака малце. А не сите да се праат газди на туѓи пари кои демек преку втор столб ги оплодувале преку финансиски инструменти дрн дрн јариња а при прва прилика на криза или недостаток на средства ќе ви ги дрпнат, aко веќе не се дрпнати и само фиктивно ни ги праќаат на маил како извештаи за годишна состојба :D

Се е тоа убаво.
Моите родители плаќале во 82 година во 86та во 92 и во 2001
Плаќале во динари, во склоп на друга држава. Системот го преживеал распадот на таа држава. Преживеал транзиција градење на ново општество. Воени конфликти. Знаеш кое е благодетот кога на први ќе ти легнат пари од нигде никаде... било тоа да биле 21.000, 25.000 или 30.000мкд.?

Мене ми е јасно дека приливот на придонеси е помал за разлика од расходот што оди на исплата на пензии и нештото се надополнува со пари од даноци ама некако со сила сакате да си ја сечеме гранката на која седиме. Сакате да се примене чист капиталистички систем по примерот на САД.
Држава каде 71% не зема никакви примања во својата длабока старост. На што се потпираат тие граѓани? На заштеди и на работење до смрт. Да не мислите 71% од наслението во САД трејдало на берзи или биле доследни во своите заштеди... Што ќе правите вие 20-30 години? Ќе имате таква дисциплина да инвестирате за својата иднина? Премногу наивно размислувате

И да. Другар кој плаќаше во Приватен Здравствен фонд плати 140.000денари за операција на хернија, Фондот му исплати 20% од сумата затоа состојбата наводно му била постоечка или ја носел подолго време, не била животно загрозувачка, каренца имало незнам што....
Истата операција ја правев јас на државно. 4500ден.

Мислам.... Што знам јас, уживајте во Новиот Свет. Јас сум милениалец роден во 80ти. и само сакам да доживеам пензија, да се лечам на државно и да терам мирен живот.
Ген З, Zoomers, Алфа и остали... нека ги гледаат "благодетите" од капитализмот. Нека изиграваат брокери, нека трејдаат, нека штедат, крипто, АИ, роботи летечки коли, вонземјани, трета светска војна... На нив е иднината.
 
Амиии штом така викаш, така нека биде другар (y)

Кое здравство? И кои пензии? Тие од 25К-30K денари месечно? Па еве на пример во црна гора го решиле вака:

Прегледај го приврзокот 491372

Читни малку низ линковите.
Да, на тоа здравство и пензии мислам. Таму ти одат тие 40 посто.

Значи ќе ги покријат со задолжување, и веројатно со други даноци кога ќе накалапат многу долг.
 
Значи од тие 10% данок што грото од фриленсерите ги земаат, треба да се финансира се ова? Супер :D
 
Да, на тоа здравство и пензии мислам. Таму ти одат тие 40 посто.

Значи ќе ги покријат со задолжување, и веројатно со други даноци кога ќе накалапат многу долг.
Пошо сега немаме задолжување за да се покријат дупки во фондот. Ем плаќаш придонеси ем задолжување. Дупло голо.

Значи од тие 10% данок што грото од фриленсерите ги земаат, треба да се финансира се ова? Супер :D
Да не се разбереме погрешно, примерот од Црна гора е за почеток државата да ти плаќа здравствено и пензиско и ти да ја земаш бруто платата како нето. И да имаш повеќе ќеш на месечно ниво да трошиш. Они така процениле и сигурно имаат некоја математика и начин како ќе се покријат, дали ќе качат ддв понатаму и слично. Имаат експерти кои работеле на темата.

Се е тоа убаво.
Моите родители плаќале во 82 година во 86та во 92 и во 2001
Плаќале во динари, во склоп на друга држава. Системот го преживеал распадот на таа држава. Преживеал транзиција градење на ново општество. Воени конфликти. Знаеш кое е благодетот кога на први ќе ти легнат пари од нигде никаде... било тоа да биле 21.000, 25.000 или 30.000мкд.?

Мене ми е јасно дека приливот на придонеси е помал за разлика од расходот што оди на исплата на пензии и нештото се надополнува со пари од даноци ама некако со сила сакате да си ја сечеме гранката на која седиме. Сакате да се примене чист капиталистички систем по примерот на САД.
Држава каде 71% не зема никакви примања во својата длабока старост. На што се потпираат тие граѓани? На заштеди и на работење до смрт. Да не мислите 71% од наслението во САД трејдало на берзи или биле доследни во своите заштеди... Што ќе правите вие 20-30 години? Ќе имате таква дисциплина да инвестирате за својата иднина? Премногу наивно размислувате

И да. Другар кој плаќаше во Приватен Здравствен фонд плати 140.000денари за операција на хернија, Фондот му исплати 20% од сумата затоа состојбата наводно му била постоечка или ја носел подолго време, не била животно загрозувачка, каренца имало незнам што....
Истата операција ја правев јас на државно. 4500ден.

Мислам.... Што знам јас, уживајте во Новиот Свет. Јас сум милениалец роден во 80ти. и само сакам да доживеам пензија, да се лечам на државно и да терам мирен живот.
Ген З, Zoomers, Алфа и остали... нека ги гледаат "благодетите" од капитализмот. Нека изиграваат брокери, нека трејдаат, нека штедат, крипто, АИ, роботи летечки коли, вонземјани, трета светска војна... На нив е иднината.

Relax, примерот во Црна гора е дека никој не ти го зема државното и секако ќе имаш и здравствено и пензиско само државата ќе ти го плаќа а ти ќе земаш поголема плата бидејќи нема да ти кратат од твојата за придонеси.

А јас во излагањето од претходно за укинување на фондови бев многу по робусен за малце така да ве испровоцирам. Плус примерот со ИТ го дадов онака бидејќи се збореше за бруто нето а и таква е темава. Секако ова би се рефлектирало и на други професии.

И е веќе инн во Црна гора. Пошо здравствено државно сите имаат а им покрива државата, т.е НЕ плаќаат вработените, т.е НЕ им се одзема нив од плата за тоа. Сега на ред е пензиското пошо за пензија им запираат - па сакаат да го решат и тоа е всушност реформата.

А нас тука нашиве ни зборат за укинување на втор столб, да ви ги претопат паричките у првиот столб и да ги попапаат.

I hope you see the difference.
 
Последно уредено:
имаш и здравствено и пензиско само државата ќе ти го плаќа а ти ќе земаш поголема плата бидејќи нема да ти кратат од твојата за придонеси.
Не постои ништо бесплатно, тоа плаќање ќе дојде од пари кои ќе скратат од нешто друго и врти сучи пак ќе е исто.
 
Пошо сега немаме задолжување за да се покријат дупки во фондот. Ем плаќаш придонеси ем задолжување. Дупло голо.

Да не се разбереме погрешно, примерот од Црна гора е за почеток државата да ти плаќа здравствено и пензиско и ти да ја земаш бруто платата како нето. И да имаш повеќе ќеш на месечно ниво да трошиш. Они така процениле и сигурно имаат некоја математика и начин како ќе се покријат, дали ќе качат ддв понатаму и слично. Имаат експерти кои работеле на темата.

Relax, примерот во Црна гора е дека никој не ти го зема државното и секако ќе имаш и здравствено и пензиско само државата ќе ти го плаќа а ти ќе земаш поголема плата бидејќи нема да ти кратат од твојата за придонеси.

А јас во излагањето од претходно за укинување на фондови бев многу по робусен за малце така да ве испровоцирам. Плус примерот со ИТ го дадов онака бидејќи се збореше за бруто нето а и таква е темава. Секако ова би се рефлектирало и на други професии.

И е веќе инн во Црна гора. Пошо здравствено државно сите имаат а им покрива државата, т.е НЕ плаќаат вработените, т.е НЕ им се одзема нив од плата за тоа. Сега на ред е пензиското пошо за пензија им запираат - па сакаат да го решат и тоа е всушност реформата.

А нас тука нашиве ни зборат за укинување на втор столб
Имаш задолжување и сега кое е во рамки на нормалата, како и во сите држави.
Проценката на ММФ за ова на црна гора е раст на задолжување од 40% за 3 години. Тоа е огромно задолжување и неодржливо на долг рок ако меркава не стимулира огромен раст на буџетот или не најдат начин да го полнат буџетот од друго место - во форма на нови даноци. Да беа Швајцарци, можда ќе верував дека е пресметана работа а не гол популизам.

Збориш за суми од 1500,2500 евра. Нели ти е срам на тие суми да те мафтаат со претурање на вода од една кофа во друга.
 
Не постои ништо бесплатно, тоа плаќање ќе дојде од пари кои ќе скратат од нешто друго и врти сучи пак ќе е исто.
Си пишува горе во скриншотот од кај планираат да ги извадат тие пари. Дали ќе се случи и дали ќе биде одржливо на долг рок, без премногу да се задолжуваат останува да видиме.
Збориш за суми од 1500,2500 евра. Нели ти е срам на тие суми да те мафтаат со претурање на вода од една кофа во друга.
Сумите се дадени за пример и се ориентациони, што си се фатил за нив. Поенатата ми беше и дека Македонија се задолжува плус плаќаме придонеси и го добиваме истото додека во Црна гора бар пробуваат да мрднат од мртва точка и да пробаат со реформа која носи и одреден ризик секако. И ќе видиме дали ќе им успее.
 
Изгледа заборавате дека живеете во една од најголемите вукојебини моментално кои егзистираат во светот.
Од една страна, ова нема шанси да се случи кај нас... literally целиот политички концепт ќе биде нарушен, i.e дпмне/сдс и тн ќе го изгубат нивното јадро гласачи а тоа се социјала и пензионери. Не очекувам ова да мрдне во македонија, за жал, баш поради оваа причина, ниедна партија нема да се откаже од уцена и ефтини гласови.
А не знам дали воопшто е ова имплементирано во Црна гора, ова е можеби предлог ? не е ваљда конечно ?
Значи Македонија годишно "троши" околу 2-2.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА не ме држете за збор -> на пензии... Приходи од пензиско што плаќаат вработени е 1 кома нешто ... значи имаме милијарда + дупка. Башка што овие пари се циркуларни нели, државата исплаќа пари на јавни службеници и дел од тие пари се враќаат во пензискиот фонд.
Какви сонови сонувате стварно не ми е јасно ... од кај ви вакви идеи у ова крш земјиче стварно ...
Додајте на ова и сива економија која што е огромен дел од нашава феудална квази капиталистичка микро економиичка. Колкав дел од луѓето веќе функционираат вака ?
Државата нас/вас фриленсерите ве гледа како easy money, тие 10% кои што ги зборевме пред некое време што ги плаќате. Traceable се од денес па до end of eternity, тоа им е плус. На нив дигиталните услуги кон странство им е многу лесен приход у буџет да они може да си тераат тендерчиња, малверзации, фотељи и купување на социјален мир некако. Затоа нема никогаш да видите Revolut, Neteller, PayPal и такви придобивки од 21 век во вукојебинчево...
Btw, прилично сум сигурен дека ќе има промени и ќе пробаат да ги зголемат тие 10% во блиска иднина. Како што кажав - ние сме им нај easy money што ги земаат моментално, зборам исклучиво за фриленс дигитални услуги кон странство... само за оваа категорија ќе пробаат да качат пазете ми збор.

Буквално целата економија има бенефит да ти ги држи вратите затворени на тебе, од банки - до држава. Нема никаква либерализација да се случи уште помалку демократизација на економско-финансиските текови.
А веќе сме прилично задолжени, отвараат нови кредити да се вратат стари, 60-70% од БДП е фактички долг. Ама кога тогаш ќе дојде сатрапот да наплати и веќе тогаш државата МАТЕМАТИЧКИ ќе мора да се бори со сивата економија на рака а не вака демек про форма сите преќутно си тераме. Се надевам дека од таму ќе почне, сузбивање на сива економија и затегнување на даночно наплаќачка егзекутива.

Живеете во држава каде што политичките партии функционираат на ниво на акционерско друштво и ОНИ АКТИВНО работат да можат да пљачкаат И ВО ИДНИНА. Каква демократизација бе какви бакрачи. Ништо од тоа нема да види никој се додека сме заложници на ваквите кретени.

Од друга страна, за еден ИТ професионалец треба да иде во прилог исплата на бруто плата(само здравствено осигурување да биде mandatory) и паметно да се инвестираат, верувам ако се земе 35 години работен стаж, веројатно милионери ќе бидете у пензија, наместо вака да земам 800 или колку год пензија месечно, некоја смешна сума. Ама ок... Фактички тие пари што денес ви ги одбива државата, утре помалце ќе вредат... есенцијално scam на некој начин. Тие пари не можеш одма да ги извадиш, така ? Тие пари не ти се ни 100% гарантирани а ти ги одбиваат. Дај ми можност да можам тие пари да ги извадам за 5 дена и да ги имам на картичка, и притоа да го изгубам правото врз нив во пензија... Далеку се концептиве за овој феуд наречен македонија.

Но ако се земе во предвид фактот колкав е просечниот IQ во државата, многу од луѓето ќе го изгубат и ова, и веројатно парите што вака им идат на пензиско ќе им идат по кладилници, казина, кафани, тему и други луксузирања... можеби вака како што е денес е социјално по-етички... денес гледаме луѓе како на ден на плата искачаат од работно место -> правец банкомат, вадат пари све што имаат ја лупаат нивната НЕТО плата на рулет и автомат машини, утре тоа ќе биде БРУТО платата за истата намена, и ќе останат многу луѓе воопшто без пензија во иднина.
 
Последно уредено:
Дали некој има искуство со неисплатено К15 од фирма каде што си напуштил, а веќе имаш работено 6 месеци таму?
 
Back
На врв Bottom