Ајде да зборуваме за убави работи.
Што мислите да се укинат придонесите за пензиско и да и се престане да се плаќа на државата туку сите пари да остануваат кај вработениот у џеб, ко у Црна Гора.
П.с. Здравствено не плаќаат они. Укинато им е.
Пример - работиш во ИТ, програмер си, земаш 1500 евра нето. И наеднаш плус 700 евра, рецимо се креваш на 2200 евра. Заеби прв столб, втор столб, пензии, здравство (кои ионака не функционираат) - едноставно сакам парите да си ги располагам одма и сега и да си штедам јас за старост. Или да ги трошам тука у МКД (пак ќе ќари државата де, преку ДДВ).
Ако си ги потрошам сите пари или згрешам со нивно инвестирање, мој проблем, моја одговорност, ќе немам за старост, ќе бидам бездомник не е проблем. Ризикот е мој.
А не да го гледам некои ко Жмицко или шијемига џуро што ќе ми се закануваат дека ќе укинеле втор столб (кој ионака се полни против волјата на вработениот), ќе префрлеле пари од втор столб у прв и ќе ми затвораат буџетски дупки за да плаќаат администрација со мои пари со кои не можам да располагам а божем они ми ги “чуваат” за старост
Ај да пробаме вака малце. А не сите да се праат газди на туѓи пари кои демек преку втор столб ги оплодувале преку финансиски инструменти дрн дрн јариња а при прва прилика на криза или недостаток на средства ќе ви ги дрпнат, aко веќе не се дрпнати и само фиктивно ни ги праќаат на маил како извештаи за годишна состојба
Од 1 јануари 2027 година, Црна Гора планира целосно да ги укине придонесите за пензиско осигурување и да ги зголеми минималните нето плати на износ од 1.000 до 1.400 евра, во зависност од нивото на образование потребно за работното место. Станува збор за голема економска реформа предложена од...
www.slobodenpecat.mk