NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    48
Некако малце свршуваат медиумите во Америка ко за некој со ваков span од 40 и кусур поена втор пат во кариерата. За Харден ден денес ми искачаат клипови од фамозната 2019. Лука е на 50/40/88 со шутот. Тешко е да се задржи овој просек, но ова се Вилт Чембрлејн бројки.
 
Лука ќе може ли да вози вака цела сезона?


И да може и да не може, потребно е понекогаш кога нема да му функционира висок процент на реализација на шутевите, е во тие натпревари повеќе да прави асистенции.
И да намали со бројот на изгубени топки.
И секако за танго се потребни двајца, потребно е да има соиграчи кои ќе се понудат на паркетот да добиваат асистенции и секако да ги искористуваат асистенциите.
Вака Лука Дончиќ може да билда лична статистика.
Ама понекогаш има очајно слаба процентуална реализација на шутеви.
 
Распоредот на Лејкерс за ноември е боза. Нареднава со Пистонс им е тешка и после тек 27ми против Спарс. На другите натпревари ќе бидат фаворити и ако се комплетни како сега ќе имаат ептен добар скор. Вистинскиот тест ќе бидат периоди кога ќе мораат со појаките, а како што гледам декември ќе им биде понапорен.
 

Не знаев дека може да се трејда уште сега на почеток на сезона.

ОКЦ ќе бидат најверојатно цела сезона без Cason Wallace и Jalen Williams па мораа да го направат ова.
 
Тек е почеток на сезона но многу слаб старт на Денвер, само Мареј и Јокич играат баскет таму останатите не знаат што прават.

Не очекував но Бостон добро почнаа, Мазула и понатаму добро работи со тимот и ја имаат една од најдобрите одбрани во лигата.

Сега со ВанВлит Хјустон делауваат како сериозен тим на Западот.

Лејкерс на изненадување многу јако возат на почетоков на сезонава, но таму се зависи во каква форма е Лука.

Очекував многу повеќе од Индијана и Орландо на Истокот сезонава.
 
Gledav za Wilt Chamberlain, toj igral 48 minuti vo prosek voopsto ne izleguval od igra... pa zatoa takvi statistiki
 
Денвер без Јокиќ у плеј оф на Евролига нема да влезе. Не знам зашто си го губи времето таму...
 
Пол Џорџ сепак уште не бил за фрлање.
Со ваква негова форма им дава надеж и оваа сезона на Селтикс , едино што немаат класа центар. Ноќеска најверојатно и посебно мотивиран против Сиксерс, продолжил со баратање тројки.
 
Денвер без Јокиќ у плеј оф на Евролига нема да влезе. Не знам зашто си го губи времето таму...
Има околу 300 милиони причини за тоа, па сеа ти види.
 
Back
На врв Bottom