Таа работна топлина Ѓоковиќ ја постигнуваше во овие последни 3 години ама сега дефинитивно е мала веројатноста да ја постигне работната температура во преостанатите две години од неговата кариера, 2027 и 2028 ќе игра и потоа ќе се повлече дефинитивно.
Штета што годинава кога наместо во Мелбурн на солидно здравствено ниво отиде, така здравствено способен да беше во Париз ќе успееше да го освои Ролан Гарос.
Ама ете така требало да биде.
Ќе си останат изедначени Ѓоковиќ и Навратилова со по 24 слемови и тоа е тоа.
Алкараз е можно да ги престигне во иднина ако не се појави сериозна конкуренција да му откинува титули, Ходар се појави и од него се високи очекувањата, и Ландалусе од Шпанија има потенцијал.
Јаник Синер после повреда на коленото е прашање колку ќе биде сериозна конкуренција за Алкараз, коленото е сериозен предизвик да спортистите бидат 100 % од она што биле пред повредата.
Алкараз лесно ќе ги надмине 14 слемови на Пит Сампрас, а дали ќе ги надмине броевите 20, 22 и 24 на Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Навратилова ќе зависи од каква ќе му биде конкуренцијата на Алкараз и евентуално некоја негова лична повреда во текот на кариерата. Психички е многу силен.