Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Со Гроф пробуваме да играме повеќе широко, по страна, систем во кој е КЛУЧЕН квалитетот на бековите и "крилата".
А ние со играчи како Данев кој е потпросечен квалитет дури во втора македонска лига, кој нема ниту еден успешен пробив.:facepalm:
По лева страна со Пиреш кој не е класично крило. :place:
По опасни сме преку бековите во напад, отколку преку Данев и Пиреш.
То е сама прича по себе за нивните квалитети на крилна позиција.
Форсираме центар шутеви дали ниски/високи за најстатичната 9ка во историјата на фудбалот.
Се со цел нормално да си "билда" статистика против боранијава од екипи во лига. (иако во случајов поголема боранија од нас нема). :toe:
То е критериумот ако сакаш да си тренер на Вардар, а не резултати, титули или успех во европа.
За репрезнтација да не се буните зошто го викаат после со 1Г/1А на 11 натпревари. :zver:
Со Фабијани градевме тим и систем на игра со идеја да носиме играчи со квалитети кој се снаоѓаат добро во мал простор (Торес, Диего) во правец да играме игра со која ќе ги пробиваме противничките тимови преку средина.
Тим кој го градиш во таа насока, го стопираш процесот ради то дека синчето немало да има сигурна минутажа.
На негово место носиш тренер НА ПОЧЕТОК НА СЕЗОНА со 180 степени различен концепт на игра, во кој играчите кој требело да ни се носители како најплатени кај претходниот тренер, отпаднуваат од план кај новиот тренер :tapp:
Полошо менаџиран клуб од Вардар само Јунајтед е.
Нека учат од Тиквеш како се гради екипа, сигурно со четвртина од нашиот буџет.

Кој бекови друже јанкулов како да е друг играч сезонава тотално отсутен на секој натпревар, маневски незнам што се форсира и он одигра скромни 6 месеци секој центаршут гол аут или топола што би рекол калински , а имаме суво злато дете вардарово Цветковски…Во скопје исто имаме две деца кои можат подобро да одиграат од овие манекени кои се шетаат по терен
 
Николов, Бабунски, Омерагиќ, Матиќ... радиус на движење во место.. Тиквеш, посебно оној африканецон на средина им покажа како се ора по терен. И сега после онаа бламажа вчера, ги гледаш на список за репрезентација Боби и Азер и си велиш што повеќе да коментираш?
 
Николов, Бабунски, Омерагиќ, Матиќ... радиус на движење во место.. Тиквеш, посебно оној африканецон на средина им покажа како се ора по терен. И сега после онаа бламажа вчера, ги гледаш на список за репрезентација Боби и Азер и си велиш што повеќе да коментираш?
Strastvena navijačica Manchester Uniteda odlučila se na neobičan prosvjed protiv menadžera Michaela Carricka. Skylar Skye najavila je da će svakodnevno objavljivati fotografije svojih grudi sve dok engleski klub ne otpusti trenera zbog loših rezultata.
е нема кај нас да се најде некоја да бара бркање на статисти од стартерски позиции.....
 
Николов, Бабунски, Омерагиќ, Матиќ... радиус на движење во место.. Тиквеш, посебно оној африканецон на средина им покажа како се ора по терен. И сега после онаа бламажа вчера, ги гледаш на список за репрезентација Боби и Азер и си велиш што повеќе да коментираш?

Плус Најдо и брзина се осеча… со него знае некој што се дешава..во првиот мандат беше незаменлив, моментално мизерија..
 
Овој тим на Вардар не е кадарен да игра фудбал против малку посериозна екипа у оваа лига. Се измешаа брзините тотално. Оваа сезона судиите не се на страна на миленко и Вардар, па ова е уште поголем проблем за нив. Мислам дека миленко се држи уште во Вардар благодарение на муабетите еве јас го чистам долгот, ама со овие резултати и со овој ростер ќе има уште многу киксови, ама треба и појјако да се стисне - каде се медиумите да направат една парарела и текстови што се случува во Вардар оваа сезона? Каде се тие крт, овој оној што се големи вардарци, или се спремаат за зимски подготовки да ги носи миленко па затоа ќутат!?

Од друга страна го чекаш денес списокот на седло и во него ги гледаш Азер, Боби.. и после сакаме успех, сите одат напред само ние назад во фудбалот.
 
Последно уредено:
Вардар пати од луѓе како поранешниот директор Иди од кога го набрка свињата , почна да сере на неговиот портал :) иначе додека беше у канцеларија секој ден пушење…Вардар не постигнал гол на 3 дерби натпревари, да тоа е точно мизерна игра во кои прашање дали сме шутнале на гол , не е спорно головите можда вториот е чист до Искра али и со Струга сомнителен поништен…Гроф уште една промашена инвестиција на свињата тотално безидејно и со сите противници едвај се победува, Струга можеше 0-2 0-3 да не победи без проблем, “шампионскиот” тим на миленко во кои сеуште игра мишковски тоа е таа реална слика на познавалецот…
 
Извадок од славната книга за деца „Големи и мали“ на Бошко Смаќоски, кај што се спомнува и Вардар :D

* * *

Од името на тетка Донка на состанокот на куќниот совет учествував јас. Се расправаше само на една точка: „Употребата на државно знаме“. Од овој состанок нема ништо важно да се каже, освен тоа дека и возрасните понекогаш се вистински деца. Јас ќе ви ја приложам нивната „зрела и богата“ дискусија. Пред две години, куќниот совет реши да купи државно знаме кое ќе го истакнува на зградата за време државните празници и тоа: за Први мај, Илинден и 29 Ноември на зградата број 13, а на Нова година, 11 Октомври и 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, знамето да се истакнува на зградата број 14.
Една година се држеле за редот, но потоа почнале да ги спобркуваат работите, па затоа е свикан и овој состанок, тоа ќе го покаже и дискусијата.
-Јас, другари, го обвинувам другарот продавач Рајко, бидејќи пред три месеци ме поттикна да изгубам еден работен ден, односно да не појдам на работа! - се јави дувачот на стакло, Методија. -Ама ние зборуваме за знамето, а не за твоето неодење на работа! - пресече претседателот Јордан.
-Ама за знамето и јас зборувам! - продолжи Методија.
-Па јас не сум знамето! - се покрена Рајко. - Другари, да се доискажеме: една утрина станувам и гледам на зградата број 14 истакнато државно знаме, а бев тргнат за на работа. И се вратив дома, а жена ми беше појдена по млеко. Си седам јас дома, спокојно. Доаѓа жена ми и ми вели: зошто не си на работа? Денеска е државен празник, ѝ велам. Ама каков државен празник, ми вели, не е никаков државен празник. Е, ти мене ќе ми кажеш, ѝ велам, а погледај на куќава отспроти, истакнато е знамето, значи празник е. Никаков празник, ми вели, знамето го истакнал Рајко бидејќи ќерка му Лиле имала роденден. Јас се фатив за глава, ама беше доцна и на жена ми ѝ реков остро и смело: како може државно знаме да се употребува за приватни празници! И сега велам остро и смело: Како може некој државно знаме да употребува за приватни празници! А плус тоа да внесува бркотници кај вредните работници за да помислат дека е некој државен празник и дека не се работи. Јасно?
-Рајко, што имаш во одбрана? - праша Јордан.
-Точно е, но јас не сум првиот. Прв за приватни цели знамето го искористи другарот Ангел, милиционерот.
-Не е точно. Јас навистина знамето го истакнав, но го истакнав на Денот на милицијата, а тоа не е приватно - се брани Ангел милиционерот.
-Но не е во право другарот Трифун. И тој еднаш го крена знамето! - се бунеше Рајко.
-Другари, јас навистина го кренав, но во чест на Денот на градежниците, а тоа не е приватно.
-Тука ли е другарот фудбалер? - праша Рајко.
-Не е тука, рече некој. - Е, да беше тука, ќе му речев. Тој секојпат кога ќе победи Вардар го истакнува знамето! - грмеше Рајко.
-Ако го истакнува, го истакнува барем попладне, а тогаш нема кој да се излаже да не појде на работа! - го брани Методија, исто така „умрен“ за Вардар.

(...)

На крајот беше донесен правилник за употреба на знамето:
„Знамето ќе се истакнува според понапред пропишаниот ред и тоа само на државни празници. Родендените на жителите на зградите, деновите во кои победува Вардар, како и другите приватни нешта, не се државни празници и како такви ќе одат без знаме.“
 
 
Резил на векот. Се срамам од одлуката. Само тонеме и тонеме на скалата на срамот.
Можеа дебилите кога веќе го казнија Тиквеш, никој од овој дуел да не оди понатаму. Ова е мизерија невидена.
 
Истово ни се има десено но на првенствен натпревар само незнам на кој натпревар
 
Back
На врв Bottom