Супер прво полувреме изигравме и требаше леко леко да водиме, ама Амад и Бруно не знаат еден на еден со голманот да реализираат.
Во второ очај и тоа е уште еден доказ за умрениот менталитет на тимот. Малку да тргне на лошо и толку е.
Мартинез е прв на отстрел денеска. Прво го изгледа Роџерс, па им подари пенал и црвен, со што практично се заврши мечот. Срамна утакмица, посебно после коментарите од пред некоја недела.
Следен капитенот, кој исто така си даде за право јавно да го критикува тренерот. Друже, океј е, направи рекорд лани, ама далеку си од врвен фудбалер, а уште подалеку од капитен. Денеска направи милион глупи грешки, кога треба да повлечеш, ти си прв што драматизира и кога треба да си смирен и приберен, тебе прв те јаде нервоза. Очајно издание, како и цела сезона.
Керик денеска добро го постави мечот, ама неговиот воз веќе замина. Само е прашање на време кога ќе си ги пакува куферите.