Па не би рекол, мсиалм баш спротивно како и што напишав погоре, а почна да ги испушта конците тек откако му го натоварија Роналдо, иако и тогаш немаше ваков егзодус како сега. Сите останати уште на нецела одработена сезона почнуваа да се прават пепел.
Мислам дека зтен Тен Хаг прерано го исшутираа и тоа после утакмица кога мајки оливер ни го спопика преку ВАР со тој пеналот на Де Лихт во 90та, промашувањето на Далот празен гол итн. Меѓутоа во Лига Европа бевме дупка и нешто не штимаше уште тогаш иако таа сезона имавме нови играчи и немавме повреди како за разлика од неговата втора сезона кога завршивме 8-ми aka реплика на 2015/16, втората сезона на Ван Гал со повредите и сл. Макар, не е на одмет да се каже дека Тен Хаг имаше глупи пресови и капак беше играњето на Мазраоуи на 10-ка кога Амад не беше ниту погледнат. Изгледаше како сам да сака да се сакни.
Гледаш дека нимој несака да се нафати да го води Јунајтед со овие газди? Мислиш до сега ке го држеа ако имаа веќе замена? Јас лично мислам дека преговараат но тешко оди,се бара црно на бело. Не потпиши па ке ти дадеме 50м па прај што ке правиш со нив. Нека си стави новиот менаџер оштета од 50м ако не му донесат тоа што треба за успех,никој несака да се глупира со идиотите газди без соодветен договор.
А јас не сфаќам луѓе зошто влегуваат во вакви сценарија. Единственото што ми доаѓа на памет, како и кога го зема клубот е некое вештачко намалување на вредноста на клубот од страна на Ратклиф за да ги натера Глејзери да продадат. Ама па од друга страна никогаш нема да ја качи вредноста на клубот пак. Нема ли пари да вбризга за играчи, подобри услови за академија, најмодерни софтвери за следење на младите и постарите исто така, Дајте ми логично објаснување, нели најбогат Англичанец со 19миљарди не купи, како нема пари да купи играчи. Најдобри тренери да постави, јасни стратегии и цели, компетитивност. Јас просто одбивам да ја прифатам ситуацијата, овакви работи на балканот можеш да видиш само кога не им даваат плати на играчите или клубовите банкротираат.
Автоматски споено мислење:
Друга работа, колку само не квалитетно се работи со младите, Барселона има 5-6млади играчи кои веќе играат за Шпанија и се носители, Кубарси ми е омилен 20години дечкото дали има, ќе кажеш 10години игра фудбал, зрел, паметен, стабилен, ние вадиме Лејси, бејби фејс и тинејџерски ум, да не споредувам Јамал и такви некои, само пробувам да споредам.
И да успее да се извлече некако Керик од кризава, во јануари нема да му донесат ниту еден играч на позициите што се дефицитарни или кај што имаме подпросечни играчи.
Па во мај ќе пуштаат новинарски патки како ,,Manchester is spending big next window'' и на крај пак ќе се заврши со 3/4 просечни играчи и така во круг.
Без лев и десен бек, крила што функционираат и барем еден класа напаѓач ништо не правиме ни краток ни на долг рок.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.