Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување
Како тоа бе србите така се населиле, лутале наоколу и си викаат е баш овде ќе свијат гнездо.
Србите во кумановско и скопско се реликт на колонизацијата која следела откако во 1912 српската војска во склоп на балканскиот сојуз ги избркале османлиите оттука и вовеле своја власт која имала никакава легитимност, ништо органско ,немало срби. И така одлучиле да срби плански донесат од разни пасивни краишта на нивната земја, а такви имало многу. Одземана е земја на македонци и албанци и доделувана на срби. Од нвни редови се мобилизирани четници и подоцна жандармерија. Остало е историја, ама ме чуди како луѓе си мислат ете така се појавиле однекаде.
Имаме среќа што ги имаше малку, да беа поголем број ќе бараа сецесија 90-те.
Тоа не значи дека сите срби се лоши или што ти ја знам, проблем е во нивниот колективен идентитет поради кој изубија куп војни 1991-99 и не им доаѓа памет.

Во секој случај ќе следи подобра опција од пичкоустиот, овој пат е прв пат на балкан да интернетот падне некоја власт. Без отпораши и канвас овој пат. Може Албанија е следен пример.
 
Последно уредено:
Абе уживај, батали све македонче,турче,албанче.. До 2030 година, светот ќе биде многу подобро место за живеење, со секуларизирани општества, помалку религиозни догми и повеќе почит, култура, наука и разум.
За геноцидот во Ерменија ќе одговара некој? Што викаат од вашата страна?
 
Абе уживај, батали све македонче,турче,албанче.. До 2030 година, светот ќе биде многу подобро место за живеење, со секуларизирани општества, помалку религиозни догми и повеќе почит, култура, наука и разум.

Планетата не треба толку да се развива на материјален и технолошки план, треба да се развива на духовен и спиртуален план ако сакаме напредок. Џабе наука ако е јака ако се користи во милитаризација или трка во мултиполарен свет.

Јас едини успех гледам е да се намали тој егоистички национализам кој многу цивлизации ги држи ограничени и во омраза. Али тоа е фантазија и тешко светов да проживее некој живот во следен период.

"Слепи тумарају у гомили, свима су кичму поломили"
 
Па тоа и пишав, имало србомани само денеска се претопени во Македонци, Срби таму нема декларирани како во Куманово каде што не се чепкани.

Пак погрешно...Македонци по род од Поречието се склони кон Србија и тие не се претопени по својата национална припадност. Пак се Македонци, оти и биле Македонци.
Тие се генерации од Македонци кои се родени во „краљевината„, при непостоње на своја национална држава (Македонија) па оттаму и нивната склоност кон Србија, т.е. србоманство.
 
Што ми објаснуваш мене. Објасни му на оној што се чудеше од каде имало толку големо српско влијание.
Мене ми е јасно.

Полека де, не реков дека не ти е јасно, туку само сакав да те надополнам. Никаква лоша намера.
 
Планетата не треба толку да се развива на материјален и технолошки план, треба да се развива на духовен и спиртуален план ако сакаме напредок. Џабе наука ако е јака ако се користи во милитаризација или трка во мултиполарен свет.

Јас едини успех гледам е да се намали тој егоистички национализам кој многу цивлизации ги држи ограничени и во омраза. Али тоа е фантазија и тешко светов да проживее некој живот во следен период.

"Слепи тумарају у гомили, свима су кичму поломили"
Џабе се објаснуваш со Обединети Нации. Прво е невладин бот, второ не е ни македонец ни србин, туку централноазиски окупатор што сонува врќање на неотоманска империја со султан Ердо.
 
Сите социјални мрежи со оваа тема се занимаваат, абе луѓе, нели сте сретнале просечен србин па да ви е толку гајле за нив, и овие на власт и студентите им се интелект цеца ражнатовиќ, за нас ништо не менуваат изборите таму, некој од начитаните студенти вам ли ви кажа дека нема повеќе да провоцираат на зебрењак? Малку проблеми имаме со племето овде, а вие се занимавате со сељандури.
Баш, србоманија на ниво, со македонските избори не се занимаваат, не гласаат, бојкотираат, револтирани биле, други не ги интересира ништо од политика, ама затоа за србија кога се работи се следи секој потег, секој глас, секој инцидент, се анализира, се станува загрижен граѓанин како да се жители на србија.
Тоа што секој циклус 20-те % добиваат се повеќе пратеници, советници, општини не е битно, битно е србија кој победи и дали вучиќ падна или студентите победија.
 
Ќе беше можеби релевантно и они да добијат нешто. Али највеќе што ќе им биде достигнување е да добијат некое северџанско грантче од фонд за иновации за тренирање магариња.

Ќе добијат колку што ќе дозволат.
 
Полека де, не реков дека не ти е јасно, туку само сакав да те надополнам. Никаква лоша намера.
Не се разбравме. Буран праша од каде српско влијание у Куманово.
Да не му пишувам на широко му ги спомнав 98ма и 2001ва и шиптараната.
1234 после ми се надоврза за некое скоро заборавено востание од пред 150 години.
Поентата ми беше дека има многу посвежи настани после востанието што србоманите ги зближува со Србија.
Затоа и пишав дека 95% од србоманите не го ни знаат востанието туку 98ма и 2001ва им се настаните што ги зближуваат. Особено на тие родени 90ти и наваму.
Затоа и одма пишав србите и мешаните бракови да се тргнат на страна затоа што за нив не треба да се дискутира зошто се просрпски настроени.
Малце грубо ти одговорив затоа што те сфатив дека ме мислиш флеш што нема 3 чисти па ми објаснуваш кои се србите и што бараат у Куманово и кумановско.
 
Не мора да се воодушевуваме и да се расфрламе со хвалопевање за храброста на студентите, низ се ова поминавме и ние во 2015 година, намерно велам 2015, бидејќи 2016 беше се погрешно и она што веројатно ќе биде и во Србија, но еве да оставиме простор времето нека покаже. Истите протести, истите блокади, истите бојкоти и автономни зони, ист тип на човек кој ја злоупотребуваше моќта и мислеше дека е недопирлив, тоа што не е исто е што вистинските средношколци и студенти во голем дел не дозволија да бидат изманипулирани од шаторџии и Шарени револуции и се повлекоа од секаков вид протестирање, кога видоа дека некој пробува да ќари политички поени на нивна сметка и во која насока ќе оди работата. Јас и цело мое опкружување од 30+ луѓе не сме присуствувале на ниеден протест после мај 2015 (до тие за промена на името), а претходно бевме дел од протестите на студентите и средношколците пред да бидат киднапирани. Секако дел не сфатија на каде оди работата и на изборите гласаа против Дпмне со истата надеж како што студентите гласаат против Вучиќ, или поедноставно кажано беа изманипулирани од луѓе ко Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ. Понатака знаеме каде заврши работата, огромно мнозинство од тие 30+ луѓе заминаа од државата, бидејќи не ја чувствуваат за своја, последните наши заеднички протести беа против Бугарите во устав, тоа беше и последната згасната надеж тука, а и за жал веќе сме премногу утепани за да гаиме нова надеж.

Грешна е тезата дека студентите се сами и не се поддржани од политички партии, зад нив стојат многу партии и здруженија, поддржани се од луѓе ко Тадиќ, Драшковиќ, веројатно идниот премиер ќе е Шошкиќ, бившиот гувернер на Народна банка. Само ви велам дека далеку се тоа луѓе од студенти. Секако не велам дека тоа се лоши луќе или луѓе со политичка дамка, но велам дека во нивните листи има луѓе крајно десно и крајно лево ориентирани и дека не гледам како би можеле да седнат на маса и да се договорат околу прашања како Косово, Сребреница, Русија или Еу, геј бракови, црква... Најмал проблем е за образование да се договорат и да укинат екстерно (пример е, знам дека немаат тоа) или некоја безболна мерка, но другото... Искрено им посакувам среќа, нека го докажат невозможното и ете нека не завршат како нас, утепани и демотивирани во поим, без енергија, празни и помирени. А нашиве од една од двете партии кои што слават/тагуваат на резултатите, ќе дојде време тој систем скроен од вашите Дпмне/Сдсм да удри и по вашите родител/деца/сестри, тогаш ќе е касно, ќе ви го убијат блискиот дур вртите по броеви кој доктор квалификуван има во државата да го прегледа, а вие ќе живеете со товарот цел живот дека сте ги поддржувале.
 
Последно уредено:
Баш, србоманија на ниво, со македонските избори не се занимаваат, не гласаат, бојкотираат, револтирани биле, други не ги интересира ништо од политика, ама затоа за србија кога се работи се следи секој потег, секој глас, секој инцидент, се анализира, се станува загрижен граѓанин како да се жители на србија.
Тоа што секој циклус 20-те % добиваат се повеќе пратеници, советници, општини не е битно, битно е србија кој победи и дали вучиќ падна или студентите победија.
xaxaxa.

za tvoja informacija, ogromen del od lugjeto koi se so srpsko poteklo, se srbi i se rodeni tuka na popis se pishuvaat kako makedonci.

pritoa, nitu eden srpski politichar od Makedonija, ili pak srbin ne go negiral identitetot na makedoncite, nitu im rabotal pozadi grb, nitu sabotiral neshto shto bilo vo interes na makedoncite.

prirodno e da se zainteresirani za ishodot, da glasaat i da imaat svoe viduvanje za situaciite vo Srbija, zatoa shto se srbi pred se.

i za kraj, srbite i pokraj toa shto imaat interesi vo Makedonija koi se podiskretni zatoa shto fokusot im e na Kosovo i Republika Srpska, sepak dokazhano so dela vo ponovata istorija se najgolemi prijateli na Makedonija i makedoncite, pokraj toa shto nie gi izlizgavme i go priznavme Kosovo, a ako nekoj e protiv siptarizacija na Makedonija, toa se srbite i srbite rodeni tuka.

prstot ti e na pogreshno mesto vperen.
 
i za kraj, srbite i pokraj toa shto imaat interesi vo Makedonija koi se podiskretni zatoa shto fokusot im e na Kosovo i Republika Srpska, sepak dokazhano so dela vo ponovata istorija se najgolemi prijateli na Makedonija i makedoncite, pokraj toa shto nie gi izlizgavme i go priznavme Kosovo, a ako nekoj e protiv siptarizacija na Makedonija, toa se srbite i srbite rodeni tuka.
Како тоа сме ги изиграле? Зборуваме за 2008 година, 2007 Бродец е пред една година, 2001 пред 7 години, 2002 пукање на деца на игралиште во Тетово, ние во никој случај не можевме да бираме дали да признаеме или не, 2001 ќе беше мало бебе ако не признаевме и ќе страдаше само недолжно население како момчето матурантот од Тетово дур играл баскет со другарите, секојдневие ќе беа такви настани.

Кога сме веќе кај изигрување во понова историја. Србија одбива да ги смени патоказите со НМК на цела територија, за да не се замери со Грција и покрај тоа што во мочаниот Преспански стои дека Мк е за патокази и табли, а НМК е само за регистрација. Србија во секој момент ни дава до знаење дека Македонија е Грчка т.е. терминот е ексклузивен грчки, дека ние сме Јужни Срби и дека Тито ни ја дал државата, како и дека Грците се нивни најблиски пријатели, значи заедничко негирање како нација и од југ и од север, и на ваков став им е грото од популацијата (останатите не се замараат и немат никаков став). Не мора да одиш подалеку на автопатот на влез во Белград ако одиш од кај нас има графит со мапа убаво нацртана да не пречека. Пријателски став таму нема, некој да подаде рака за нас, да осуди Грците, да спомне за децата бегалци, рицин пиење, неможност да се вратат Егејците во домовите, војување брат на брат Македонци во тие “бугарско-српски“ битки, ништо нема од тоа. Нека не ве замајува пиење ракија и слушање Цеца песни заедно, ставот нивни кон нас нема да се смени никогаш и секогаш ќе се на страна на Грците, а не на наша.
 
Back
На врв Bottom