Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување
Брисел на сите срања има време и капацитет да се меша во избори во Србија?

Јас лично не знам кој друг би можел да биде. Американците комплетно ги имаат испрано рацете од регионов тоа е сигурно. А Трамп и неговите луѓе ги интересира само бизнис можности и слични врски. На Еди Рама ако не му помагаат кој даде остров на ќерка му на Трамп, не знам што може некој друг да очекува. Невладиниот еко-систем не постои веќе од времето на СДС, финансиите комплетно се повлечени.

Па јас лично не гледам друга структура која би можела ова да го организира ако не ЕУ тогаш некој фракции од ЕУ. Иако ќе кажам не разбирам и која им е целта. Вучич, Еди Рама беа комплетно послушни сатрапи тука и не знам што им значеше да ги сменат.
 
Последно уредено:
Многу бргу судбината на Вучиќ ке го снајде и Рама. Во меѓувреме и кај нас ке почне орото, нема веќе молење, ако треба и на клоци ке не внесат во ЕУ, слично како што не внесоа и во НАТО. Затоа или Мицко ке игра како што ке му кажат за да влеземе во ЕУ, или тоа ке го направи некој друг.

Мислам кај нас тој филм нема да го гледаат барем во скоро време. Сдс е умрена партија, а единствена која има раст и способност да привлече млади е Левица која е скроз контра штетни договори со Бугарии и прифаќање на некакви услови. Единствена карта им се Албанците и некакви потенцијални конфликти поделби ама колку и тоа ќе им помине во денешно време не сум баш сигурен
 
Ако успеат крстоносци и прогејови да истераат цел мандат, тогаш треба сериозно да се разгледа тој модел. Чисто сумњам дека после една година сите ќе бидат задоволни.

Крстоносците, про-Русите, црковните луѓе, комунистите имаат вкупно 5-10 мандати. Уште утре ќе бидат заменети со малцински партии и некој префрлен од кај Вучич. А некој ќе си ги вратат мандатите или ќе се продадат. Да имаа про-Русите 10-20 пратеника, Патриотите-Теократите 10-20 пратеника, Технократите 10-15 пратеника, Комунистите 10-15 пратеника, Либералите 10-20 пратеника и остатокот на студентите, па да кажеш ова е коалиција која тешко ќе се одржи зошто имаат премногу конфликтни ставови.

90% од пратениците од листата на студентите се либерали. Другото се се индивидуи за да намамат гласови дека ете имаме и ваши претставници. Тие претставници се комплетно импотентни,

Ова е како во Македонија да правиме народен фронт против СДС-ДПНЕ. Ама од 70 освоени пратенички места. Левица да има 3, Родина и сите други други да имаат по 1 пратеник, сите заедно вкупно 8. А 60 пратеника да се некој професори, музичари, актери и поранешни функционери кои имаат несомнено примарно либерални и про еу ставови.

И да се радуваме еј ги срушивме СДС-ДПНЕ. Не СДС-ДПНЕ биле веќе потрошени и се што направиле е да најдат нивна замена преку ребрендинг. И сега ќе ги имаш истите политики на СДС-ДПНЕ само со нови лица.
 
Последно уредено:
Како што кажав Вучич се самоуништи со собирањето на опортунисти околу него и фактот дека со неодбирањето на страна ги отурна сите идеолошки личности и во рацете на тие што протестираат. Да имаше навистина одбрано некоја страна, про-русите, про-ЕУ, про-црквата, или пак вистинска неутралност и технократија ќе беше сеуште на власт.

Да ама треба да имаш цврсти структури за контрола и јасен детален план со чекори што планираш да правиш. Во спротивно ќе дојде до хаос зошто ќе ти се напунат редовите со луѓе кои ниту ги знаеш, ниту имате исти ставови, ниту имаш како да ги следиш што прават. Со тоа што овие немаат никаква платформа ниту пак имаат некаков детален план, а ниту структури кои се гледаат јавно. Морам да заклучам дека некој друг држи се ова под контрола од позадина за да нема никакви превривања.

Ти кажувам од лично искуство, да држиш луѓе заедно и сплотени а да немаш никакви должничко-обврзнички односи со нив е пеколно тешко. Посебно индивидуи како универзитетски професори и слично кои најчесто имаат многу високи суети. Не се гради партија и организација откако ќе дојдеш на власт, невозможна работа е. Не можеш во исто време да владееш со државата и да ја организираш партијата. Во најдобар случај, ако имаш способни луѓе да ја водат државата, се што ќе се случи е дека ќе има некој 3-4 години добро владеење, и потоа глувците ќе почнат да се пробиваат од доле нагоре и ќе ги заменат сите способни.

А за терање на мандати, за тоа нема недоумница они ќе си тераат мандат лесно. Од тоа какви луѓе ќе се профилираат во тој мандат ќе зависи дали ќе се претворат во долгорочна структура или ќе бидат заменети со некој по институционални ликови за некој 4 години.
Зар ти делува дека луѓево имаат проблем со организација. Најмал проблем ќе им е тоа. А тие институционални ликови ќе се прешалтаат како секогаш, ако има потреба од нив.
Моја прогноза е 4 години минимум, пореалистично два мандати.
 
Колку фали комрадот @Scirea заедно да ги пцуеме гадните комуњарчиња кои мислат дека извојувале некаква си победа над вмро со падов на Вучиќ. Бедни сте и греота сте да ве чита човек како се фаќате за последната сламка за спас.

Ќе го бараат србите за брзо Господинот Вучиќ, ама ќе го нема... Кога најмногу ќе квичат по него, Господинот Вучиќ ќе ужива пиејќи кафе заедно со Господинот Груевски и Господинот Орбан со поглед кон Дунав во прекрасната и сончева Будимпешта :kafence:
 
Крстоносците, про-Русите, црковните луѓе, комунистите имаат вкупно 5-10 мандати. Уште утре ќе бидат заменети со малцински партии и некој префрлен од кај Вучич. А некој ќе си ги вратат мандатите или ќе се продадат. Да имаа про-Русите 10-20 пратеника, Патриотите-Теократите 10-20 пратеника, Технократите 10-15 пратеника, Комунистите 10-15 пратеника, Либералите 10-20 пратеника и остатокот на студентите, па да кажеш ова е коалиција која тешко ќе се одржи зошто имаат премногу конфликтни ставови.

90% од пратениците од листата на студентите се либерали. Другото се се индивидуи за да намамат гласови дека ете имаме и ваши претставници. Тие претставници се комплетно импотентни,

Ова е како во Македонија да правиме народен фронт против СДС-ДПНЕ. Ама од 70 освоени пратенички места. Левица да има 3, Родина и сите други други да имаат по 1 пратеник, сите заедно вкупно 8. А 60 пратеника да се некој професори, музичари, актери и поранешни функционери кои имаат несомнено примарно либерални и про еу ставови.

И да се радуваме еј ги срушивме СДС-ДПНЕ. Не СДС-ДПНЕ биле веќе потрошени и се што направиле е да најдат нивна замена преку ребрендинг. И сега ќе ги имаш истите политики на СДС-ДПНЕ само со нови лица.

Колку крстови и шајкачи искочија кај студентиве, не би рекол дека е занемарлива бројка но ок, ќе видиме.
 
Мислам кај нас тој филм нема да го гледаат барем во скоро време. Сдс е умрена партија, а единствена која има раст и способност да привлече млади е Левица која е скроз контра штетни договори со Бугарии и прифаќање на некакви услови. Единствена карта им се Албанците и некакви потенцијални конфликти поделби ама колку и тоа ќе им помине во денешно време не сум баш сигурен
Кај нас ке бидат други методите. Ние сме лесна мета, два месеца од странство нема да му дадат кредит на Мицко и ете ти ги пензионерите, администрацијата, даскалите и се останато од државната цицка на друга страна, ке го гласаат и црна Арапина само ако обеќа пензија и плата. Живееме од милостина, секој месец земаме кредити за да исплатиме пензии и плати...
 
Ама прескокнуваш една многу важна работа, ЕУ нема никаков интерес во моментов да ние влеземе таму или барем напредуваме во преговорите. Така да овој спор им е баш добредојден, не бутнаа во Нато а младите сами влегуваат во Еу т.е бегаат од државата.
 
Инаку, времето за внесување на Бугарите во Уставот си тече, а власта упорно се коцка со иднината на Македонија и нејзините граѓани. Пари нема од фондовите на ЕУ, поради спорот, финансиската состојба е сè потешка, а работите од ден на ден одат на полошо. Баш да видиме дали Мицко ќе ја повтори грешката на Грујо и ќе ја однесе државата во уште поголем ќор-сокак. Времето ќе покаже, ама цената на политичките грешки секогаш ја плаќа народот.
 
НИКОГАШ ама апсолутно никогаш повеќе нема да присмрдите на власт, освен ако не е во некоја широка коалиција со ДПНЕ и ДУИ. А после тоа следна коалиција ќе ви биде со бандери.

Најсмешно е што се палите како мајмуни како да не бевте на власт до пред 2 години. Најзакоравение членови се срамат што гласале за вас. про-бугари, про-учк одродени предавници. Се што ви останаа се зафрлени села и странската агентура како Фрчко.
 
Ама прескокнуваш една многу важна работа, ЕУ нема никаков интерес во моментов да ние влеземе таму или барем напредуваме во преговорите. Така да овој спор им е баш добредојден, не бутнаа во Нато а младите сами влегуваат во Еу т.е бегаат од државата.
Европа моментално не знае каде и е главата а каде газот, се обидува да балансира помеѓу оние кои не сакаат проширување и тераат инает и оние кои се за брзо проширување без многу гледање на критериуми. Вторите дури бараат и укинување на ветото за прием на нови членки, сметаат дека сега моментумот е да Европа се заокружи територијално и гради сопствена одбрана, оти НАТО повеќе не е тоа што беше и Европа е на ветрометина. Затоа може да се случи и на клоци да не пикнат во ЕУ.
 
Back
На врв Bottom