... леле уште стои ова контраверзно мислење, ИО го нема, ама тука е членот Sledge Hammer кој уште не бил во давање на контраверзно мислење, па мислам дека нема да се налутите да продолжи, па повели Sledge Hammer!![]()
Благодарам, иако не бев тагнат но сепак видов дека сум предложен.
Мојата тема е: дали сте за по примерот на Република Словенија и нивниот консултативен ( необврзувачки ) референдум одржан на 11.10.2026, и прашањето на консултативниот референдум гласеше: Дали сте за условување на оние жители кои се работно способни а во моментот останале без работа или се невработени да нема да добијат право на користење социјална помош и бенефиции и помош во случај на настаната невработеност доколку истовремено не извршуваат општествено корисни работи и задачи?
60 % од гласачите гласаа ЗА тој предлог на владата на премиерот Јанез Јанша, и мнозинството се согласува да доколку некој побара користење социјална помош и бенефиции за невработени а останал без работа да треба да извршува општествено корисни работи и задачи.
Да бидеме реални, во Словенија е криза поради енергентите од војните/ конфликсе тите во Украина и Иран и многу поскапеа трошоци за живот, посебно кириите, горивата и храната отидоа до небо, и ова е начин како да се заштедат пари во државниот буџет.
Па каде сме ние со размислувањата по оваа тематика?
Дали сте за или против?
Јас сум некако ниту таму ниту ваму по ова прашање, подоцна ќе се изјаснам.
ПС: на 11.10.2026 во Словенија имаше истовремено супер референдумски ден, со 1 задолжителен ( обврзувачки ) референдум за истраги во Парламентот за корупција а тој референдум гласачите со 51% го одбија, имаше 3 консултативни ( необврзувачки) референдуми, едниот е оној кој го предлагам за овде како контроверзна тема, а вториот референдум беше за одземање на правото на странците кои иако имаат легален престој во Словенија а немаат Словенечко државјанство да повеќе немаат право да гласаат на локални избори ( на парламентарни и претседателски и досега немаа право на глас). И 55% од гласачите беа ЗА одземање на право на глас на оние кои немаат Словенечко државјанство, владата уште Мај месец донесе закон за одземање на гласачкото право.
И трет консултативен референдум беше за прекин на тв претплата за државна радио- телевизија и тука за само 1 400 гласови победи опцијата ПРОТИВ укинување на тв претплатата, ама Јанез Јанша е упорен и сега тврди дека поради ептен мала разлика во гласови ќе воведат плаќање на тв претплата врз ,, доброволна" основа.
Каде изгуби на референдум се обидува да не е фер и да не почитува демократија, да референдумот е необврзувачки.
Последно уредено:



