- Член од
- 3 декември 2018
- Мислења
- 122
- Поени од реакции
- 134
- Возраст
- 38
Digger на Инариту. Oh boy where to start with this one? Oд една страна, поентата му е одлична, неа посебно ја доловува со крајот на филмот и со пресвртот кој реално се открива уште на крајот од првиот акт. Меѓутоа, егзекуцијата е катастрофална. Да, сатирата е нешто што е заштитен знак на режисерот, меѓутоа можеше да помине една ваква приказна без такво едно свртување на лево. И не само тоа, премногу пари се фрлија на филмов кој реално е некомерцијална приказна. Можеби и заслужи игнорирање од публиката и поделена оценка од критичарите, затоа што вриска од претенциозност со буџетот и со очекувањето дека публиката од акциските филмови ке дојде по Том Круз кој глуми лоша верзија на Dr. Strangelove. Ваква една идеја подобро беше реализирана преку Don't look Up од пред некоја година. Најмногу од се ми се допадна пресвртот со мета-елементи, и крајот секако, но премалку за да го спаси филмов. Го гледав во проекција од 22 часот во Киноверзум во Велес и во салата бев само јас и еден млад пар кој си излезе на пола филм откако најверојатно сфатија дека го утнале филмот за на дејт. Дури и мислам дека задремав некаде по средината на филмот на 5-10 минути. Мислам дека ова е вратка на кармата за победата на Birdman над Boyhood од пред 12 години. Времето и публиката си покажаа кој филм одолеа на тестот на историјата до денес. Инариту го достигна врвот со The Revenant, мислам дека нема што повеќе да каже после тој филм. 5/10 одвај.


