Правење Баба Рога од левица и вакви некои идеи дека они наводно по идеолошка линија се залагаат за исламизација на Европа не се точни. По твојава логика: мигрантиве палат општински згради и кршат јавен простор, за во остиве места се населат мигранти? Што ќе им е тоа кршење и ризик од депортација, ако можат само да се населат. Нема логика.
Франција е држава која има
долга традиција на протести. Државата се има родено од протести (незадоволство од лошо владеење), и скоро сезонски има масовни движења во рамки на Франција што се протестни (како синдикати што протестираат за плати или работни услови, па фармери за цени на млечни производи и пазарна конкуренција, ветерани, студенти, цело време има протести.). Некои од тие протести се насилни и низ историјата биле. Тоа не е оправдано, али насилството на протестите во Франција не е увезено од надвор.
Ако ти тврдиш дека извор се ИСИС и исламистички движења: еве докажи дека тие што кршат и уништуваат се мигранти. Не користи твитови на Трамп или AI слики, анегдоти или рекла казала муабети, покажи нешто кредибилно (пример, објава од весник дека мнозинството уапсени се мигранти, или полициски извештај). Миграцијата знае да биде проблем, али ова што го гледаме во Франција нема везе со миграција.
Во ред, еве докажи дека изворот на насилството се мигранти, па ќе правиме муабет.
Еве, дај ми информација од негде дека ова што го пишуваш е вистина (дека не се кршени дуќани на арапи, само на французи). Ќе те почекам.
Значи левичарите сакаат да ја уништат државата за да дојдат на власт и сакаат да ја исламизираат цела Европа со цел да ја уништат западната цивилизација, а ултра-десницата сака да ја спаси пошто они се добрите. Добро те разбирам?