И други аутлети информираат дека протестите се врзани
со високи трошоци за живот и дека
ултра-десницата ги криви мигрантите за протестиве иако очигледно е дека мнозинството излезени на улица се незадоволни Французи. Факт е дека Франција со години
има проблеми со мала социјална мобилност, ако си роден во работничко семејство или средна класа, доста тешко е да идеш нагоре економски, делумно ради селење на големи бизниси во Азија и Африка, делумно ради конкуренција на пазар на труд и миграција.
Кога некој од ултра-десницата вика "ова е ради мигранти", негира постоење на проблем на мала социјална мобилност и слаба економија, и го пренасочува вниманието кон мигранти. Кога се збори за мигранти, не се збори за даночни раеви, огромна социјална нееднаквост, мала социјална мобилност и тн.
Имавме можност да се преселиме во Франција пред 2 години, каде ни се појави добра позиција за работа во Париз. Проблемот беше: платата на прв поглед делуваше океј, али кога ќе израчунаш трошоци за живот, и кога ќе видиш дека за да ти се исплати треба да живееш во град надвор од Париз и да патуваш по саат време до два во еден правец на дневна основа, си викаш фала пријатно. Смештај, храна, струја, рекреација се доста озбилен трошок и без сериозни примања, Франција е доста незгодно место за живеење. Смешно е да се негира дека овој проблем не постои. И САД и Европа го имаат овој проблем со нееднаквост, богатите стануваат побогати и помоќни него било кога, сите медиуми на запад се во сопственост на билионери, и се разбира дека во овој контекст преку медиуми и политичари, проблемите кои ќе се промовираат во јавен простор ќе бидат "мигрантите" или "вируси" или што и да е, само да не се збори за нееднаквост и како цел свет почнува да живее во предплатничка економија (кираџиска). Се паѓа под сопственост на мал број на луѓе, а сите други живеат како кираџии и се мора да рентаат се, од дом, паркинг и Нетфликс, до читање дневен печат и здравство. Нормално дека во тие услови ќе има големо незадоволство, само интересно е како истото се насочува кон нешто што не е изворот.