Дарко е дефинитивно најдобриот градоначалник кој го имала оваа општина. Петре, за три мандати, имаше минорни проекти во населбата во која што живеам. И ја правеше и Радишанска и Бутелска.
Велимир немаше ниту еден проект во населбата во која што живеам, сем една патека од бекатонки. И да, ја правеше Бутелска.
Дарко, за еден мандат, со Данела, ги направија сите споредни улични. Тие улици не беа пипнати 30 години. Не беа во лоша состојба, постоеше одредена амортизација, сепак не се движат тешки товарни возила. Дури и нема премногу сообраќај. И сега, еве, најавена е, пак, реконструкција на Бутелска.
Нема потреба пак оваа улица да се копа. За 20 години, кршена е 3-4 пати, што е пречесто. Другите проекти му се на место, посебно новиот парк во Бутел. И двете нови, односно, продолжени автобуски линии кон Аеродром и Карпош (ок, и 57 оди кон Карпош, Козле, но продолжената линија оди до Сити Мол). За една година, дечкото, навистина се покажа.
Претходно, оваа година, беше чистено и коритото на Серава, кое пак ќе се чисти догодина, затоа што е топ местенце за креирање на диви депонии. Тука со децении се одложува отпадот, посебно шутот.
Мислам дека мора да се среди и пазарот во Бутел. Истиот е во лоша состојба. Позади пазарот има отворен простор кој е премногу нечист, има кучиња, има смет. Комплексот на пазарот, технички, е мини отворен трговски центар, центарот на општината, спроти се наоѓа општинската зграда. И тој дел од општината е најнесреден. Убаво што почнаа со Бит Пазар, треба да продолжат и наваму.
Вториот најнесреден дел е старата полициска станица, таа треба да се урне, објектот е полуруиниран, а станицата е дислоцирана. Лично сум тука да има градинка. Има простор, истиот е заграден, но проблемот е во тоа што се наоѓа до најголемата, главната, улица во општината, и може да има несреќи.
И мора да се реши проблемот со сообраќајните несреќи кај Расадникот, треба камера од сејф сити. Проблемот е двоен, а за втората работа зборуваше и Орце. Прво е тоа што пречесто има несреќи, ставаат, па се вадат легнатите полицајци. Вториот е во тоа што се демолира и паркот и игралиштето во самиот Расадник. Лани го направија, или 2024, и сега е руинирано. Стојат само стативите. Подлогата е извадена, мрежите се искинати и оградата околу игралиштето е искината. Со една до две камери, и овој проблем ќе се реши. Паркот, дел од дрвјата се искршени, дел беа оштетено од последното невреме. Уште не се репарирани. А сега се сади.
Мислам дека Дарко ќе добие трет мандат уште во прв круг.