ДК,
Денес добив корпа!
Одам пешки од суд кон Влада, баш кај Пошта има една мала еднонасочна улица со две ленти, со пешачки и без семафор.
Поминувам на пешачкиот, на другата лента се залета едно девојче, кочи, баш пред мене. Да направев уште еден чекор, ќе ме собереше.
Ја заобиколувам, и ѝ правам гестикулација да го одврти прозорецот (знам дека денес сѐ е на копче, ама не го знам знаковниот јазик за таа гестикулација). Отвора прозор девојчево, малку уплашена, двете раце и се на волан, и ја прашувам "ако толку сакаш да ме собереш и да ме однесеш дома, дај да влезам на совозачко". Нормално, и пратив и една шмекерска насмевка. Ми се насмевна назад, ми се извини и си продолжи со колата.
Ова ми е втора ваква блиска средба со смртта ко пешак, и првиот пат, исто така, беше женско. Штосот е да се биде смирен и да се шменке. Знам парови кои се запознале во болница, во парк, па и на паркинг при кавга за место. Плус може и ќе ме џитнеше некаде, било да е три метри од несреќниот настан, до болница или до дома. Дај шта дај.