ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 62: 1994 - 09-16.10.2026)

SOURCE CODE (8/10)


„Source Code“, акционен техно-трилер во режија на Данкан Џонс, е приказна за одликуван војник, капетан Колтер Стивенс, кој се буди во телото на непознат маж и открива дека е дел од мисија за пронаоѓање на бомбаш во патнички воз во Чикаго.

Има задача со која никогаш порано не се соочил, искусниот војник Колтер Стивенс сфаќа дека е дел од владин експеримент наречен „Изворен код“. Тоа е програма што му овозможува влезе во идентитетот на друго лице во последните 8 минути од неговиот живот. Додека вториот напад се заканува да предизвика милиони жртви, Колтер ќе го преживее инцидентот за да собере што е можно повеќе информации и индиции, сè додека не открие кој стои зад бомбардирањето и не ја спречи следната трагедија.
 
5. Just go with it (2011)

Уште еден филм на НВО, со Сендлер и Анистон. Дури мислам и дека не ми е прв во овој предизвик со овие актери во главни улоги.

За разлика од претходниот рецензиран ром-ком од оваа година, овој ми беше забавен и интересен. Правиш лажен наратив, лажно семејство, и до крај ја возиш приказната. И има интересна хемија меѓу Џенифер и Адам. Двајцата се шашави, несериозни, двајцата направија кариери играјќи само една улога- самите себе.

И Плавата беше прекрасна, не сум ја сретнал во друг филм, видов дека била модел, за бикини. И да, имаше една така-сцена кога излегува од вода, сѐ е залепено за неа. Со тоа, сѐ се гледа. Убави кадри. :love:

Повторно надвор од меурчето, овој пат уживав во целокупната приказна. Сметам дека овој подобро би поминал меѓу дамите во однос на претходниот. 3,5/5
 
61. 2011

1. Midnight in Paris

IMG_9782.jpeg

Гил и Инез се на одмор во Париз со нејзините родители. Гил е успешен холивудски сценарист кој се мачи со својот прв роман и е убеден дека 1920-тите биле златната ера. Една ноќ, додека сам шета низ Париз на полноќ, открива нешто што целосно ќе го промени неговиот живот и ќе го инспирира во пишувањето. Но, колку повеќе се зближува со градот, толку повеќе се оддалечува од Инез.
Филмов имаше одличен потенцијал, но некако како Вуди Ален да ја имал првичната идеа и после направил каша. Вилсон си одглуми баш добро, но натрупаните познати личности баш некако ми беше претерано.

2.5/5
 
Footloose 2011 ... 7/10

Лесен забаван музички филм

Рен Меккормак се сели од Бостон во малиот јужен град Бомонт, каде што доживува вистински културен шок.
Пред неколку години, заедницата беше потресена од трагична несреќа во која загинаа пет тинејџери по ноќен излез, а советниците на Бомонт и саканиот свештеник Шо Мур одговорија со забрана за гласна музика и танцување.
Неподготвен да се придржува кон воспоставениот ред, Рен ја пркоси забраната, внесува нов живот во градот и по патот се заљубува во незадоволната ќерка на проповедникот, Ариел.
Филмот е римејк на истоимениот филм од 1984 година
Footloose 1984


Оригиналниот филм од 1984 година беше хит по кино салите низ Скопје
Тапкарошите заработија добра пара од препродавањето на карти.
 
6. The Thing (2011)

Тука сум на сигурно тло, хорор римејк, меѓутоа солиден. Приказната е доста невина, се работи за истражувачкиот љубопитен дух на човекот кој наоѓа нова мистерија, загатка, предизвик, и истата сака да ја истражи, да ја реши. Нема креација на суштество во лабораторија, нема амбиционозам каде се оди сам против вишата сила. Не, наоѓаш суштество заробено во мразот и сакаш да ја истражиш неговата природа.

Проблемот е во тоа што суштеството е одлична мимикрија, може да земе каква сака форма, вклучувајќи и форма на човек. Така сите се сомнителни, а се наоѓаат во најголемиот карантин на светот- Антарктикот.

Мини мистерија е како луѓето се заразуваат, како стануваат мимикрија. Го гледаме само крајниот, готовиот производ. И специјалните ефекти беа одлични.

Едниот од актерите личеше на Едвин Ван дер Сар, а другиот имаше црти на Клоп. И тука е и дечкото на Бриена од ГоТ.

Го оценив со 3/5, пред се поради ефектите, репетативните настани ми беа малку досадни. Пола филм беше палење.
 
119. Vertigo - Alfred Hitchcock (1958)

1791542601686.png

1958 ја скокнав, па еве да ги пополнам дупките во предизвиков. Малку невообичаена приказна за Хичкок, или барем невообичаена во првите 3/4 од филмот. Знаев дека Хичкок не може да ме измами па затоа го очекував плот твистот и спуштањето на земја, зашто инаку немаше да биде хичкоковски филмов. Но, некако баш повеќе ми се допаднаа тие 3/4 отколку крајот, можеби зашто знаев дека ќе се случи нешто такво, или можеби сум презаситен од хичкоковски приказни и плот твистови. Не би сакал да зборувам повеќе за да не откријам нешто некому. Само 7/10 за филмов. Малку ме замори.

Патем - Џејмс Стјуарт неверојатен како и секогаш. Ким Новак - прекрасна! Ова е мој прв филм со неа, ама по ова, дефинитивно нема да биде последен!
 
120. Grand Hotel - Edmund Goulding (1932)

1791567634318.png

"Grand Hotel. People come, people go. Nothing ever happens." - ова се зборовите на докторот Отеншлаг, еден од гостите во берлинскиот најотмен и најлуксузен хотел, Grand Hotel, каде е престиж да се престојува, макар една ноќ. Но докторот е обично пијан, па така не забележува дека за време од две деноноќија, толку многу нешта се случуваат во хотелот... Неколку гости чии животи се испреплетуваат, вкрстуваат и на некој чуден начин влијаат едни на други пред очите на гледачот, за време од две деноноќија. Во оваа мелодрама од првата половина на 20 век, полна со ѕвезди во главните улоги: Грета Гарбо, Џон Баримор, Џоан Крафорд, Лајонел Баримор, Волас Бири, главната улога сепак ја има - хотелот! Ова е еден од првите обиди да се направи филм со повеќе карактери и приказни кои се испреплетуваат - еден барон, една балерина, една стенографка, еден бизнисмен и еден обичен човек кој умира го создаваат она што тогаш било рекламирано како: „битка на ѕвездите“.

Ова е ЕДИНСТВЕНИОТ филм во 99 годишната историја на Оскарите што освоил Оскар за најдобар филм (сосема заслужено), а немал ниту една друга номинација, во ниту една друга категорија! Но, не за џабе овој период го викаат - златното доба на Холивуд. Филмот е навистина златен! Маестрален, еден од најдобрите Оскаровци кои сум ги гледал. За малку ќе го испуштев, заради фактот што ја испуштив 1932 кога патувавме во неа, но еве најдов време да ги пополнам дупките и не зажалив ни секунда. Неверојатен филм, неверојатна глума, неверојатно сценарио, неверојатен продукциски дизајн, култната "I want to be alone" реплика на Гарбо... Едноставно уживање во филмската уметност од времето кога филмот бил се уште свеж. Препорака за сите вистински љубители на кинематографијата!

9/10

P.S. Еден од најинтересните факти за филмов е што две огромни ѕвезди на своето време глумат во него: Џоан Крафорд и Грета Гарбо, но меѓу себе немаат ни една заедничка сцена, воопшто не се појавуваат ни секунда заедно на екран. Што е уште поинтересно - не постои ни една сцена каде целиот актерски ансамбл е заедно.
 
Едно извинување: во недела нема да можам да сменам нова дестинација во времепловот, а од оправдани причини :P и утре, исто така, па затоа патувањето во 2011 мора да го завршиме малку порано. Секако до сега изгледавме дури 14 филма и тоа од дури петмина членови. Ако некој има уште нешто што сака да изгледа, секако може да го направи тоа и во наредните 2 дена, а зошто да не и понатаму. Денес, менуваме дестинација!

1791570470743.png

Патување 62: 1994 - 09-16.10.2026

Во 1994, Нелсон Мандела стана првиот претседател на Јужна Африка по крајот на апартхејдот. На 17 јануари 1994, разорен земјотрес во Калифорнија уби 57 луѓе. Геноцидот во Руанда однесе 800 000 животи. На 6 мај 1994 беше отворен The Channel Tunnel помеѓу Велика Британија и Франција. Случајот со OJ Simpson ја брануваше американската јавност. Фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн се самоуби. Sony го лансираше првиот Play Station во Јапонија. Во САД беше основан Amazon.

Во 1994 ситкомот Friends го имаше своето телевизиско деби на NBC.

Во светот на филмот 1994 се смета за една од најзначајните години во филмската индустрија после Златното доба на Холивуд, со филмови како Pulp Fiction, The Shawshank Redemption, Forrest Gump, и The Lion King. The Lion King стана и анимираниот филм со најголема заработка во историјата. Metro-Goldwyn-Mayer ја прослави 70 годишнината од основањето. Стивен Спилберг го освојува својот прв Оскар, за The Schindler's List (но за 1993). Gone with the Wind (1939) стана првиот филм во историјата кој беше пуштен на кабелски ТВ канал (Turner Classic Movies). Пирс Броснан официјално станува петтиот Бонд. Speed станува еден од најгледаните филмови годината, лансирајќи ги Киану Ривс и Сандра Булок како глобални филмски ѕвезди. Вал Килмер станува новиот Бетмен, по заминувањето на Мајкл Китон. Forrest Gump станува филм со најголема заработка во историјата на Paramount Pictures, се до 1998, кога го надминува Titanic. Стивен Спилберг, Џефри Каценберг и Давид Гифен го основаат студиото DreamWorks.

НАШИОТ ПРЕД ДОЖДОТ ОСВОЈУВА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА!

1791571531620.png

Во 1994 се родени: Малума, Џулија Гарнер, Хари Стајлс, Ејми Лу Вуд, Дакота Фенинг, Џастин Бибер, Ансел Елгорт, Сирша Ронан, Таиса Фармига...

Починале: Тели Савалас, композиторот Хенри Манчини (Pink Panther), Џесика Тенди, Барт Ланкастер, Џон Кенди и многу други. Слава им!

На филм прв пат се појавиле: Џесика Алба, Хју Боневил (Downton Abbey), режисерот Дени Бојл, Рос Брн, Николај Костер-Валдау, Марион Котијар, Клер Дејнс, Камерон Диаз, Скарлет Јохансон, Грег Кинер, Џад Лоу, Мелани Лински, Џејмс Марсден, Кетрин Меккормак, Јуан Мекгрегор, Хајден Кристенсен, Џонатан Рис Мајерс, Хејли Џоел Осмент, Мајкл Пења, Натали Портман, Марк Рафало, Лив Шрајбер, Енди Серкис, Џеј Кеј Симонс, Себастијан Стан, Лив Тајлер, Марк Волберг, Рејчел Вајз, Мишел Вилијамс, Кејт Винслет и мноооогу, многу други.

Навистина стеларна година!

1791572279606.png

1791572310538.png

Сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/67th-academy-awards-oscars-1995/
 
7. Rise of the planet of the apes (2011)

Не видов дека е променет насловот, а филмот започнав да го гледам вчера, и заспав...

Ова е почетокот на приказната на Цезар, мајмунот кој ја започнува револуцијата. Не би сакал да правам длабока рецензија, да го раскажувам филмот, од моментот кога Вил го спасува од игла, па се до моментот кога го остава во својот дом. Акцент ќе ставам на нешто друго.

Експериментите над животните не се ништо ново, често се прават под знамето на хуманоста, па така чинам за време на пандемијата им снема мајмуни за тестирање. Мојот став околу ова прашање е дека овие животни припаѓаат во природата, не во зоолошките градини. Ниту во лаботаротиите. Исклучок се протекторатите, ко што има за пандите, каде бројката драстично опаѓа, а потоа се стабилизира благодарение на човечкиот фактор. Најчесто раѓаат близнаци и го отфрлаат едното бебе и целокупната грижа ја префрлаат на другото. Сум и за целосна забрана за ловот, посебно оној за трофеи. Убиеш лав и се сликаш со пленот, и што? Си го убил со пушка од 100-200 метри, не си го убил со голи раце, или со нож. Не е некој подвиг.

Човештвото се движи во позитивна насока со забрани и регулативи, пред се за китоловството, кое во минатото било едно од најпрофитабилните бизниси, па и за слоновата коска, каде и денес, во резервоарите, сме сведоци на убиства на цели стада само за нивните рогови. Па и за перката од ајкула, се лови животното, се сече перката и потоа се враќа во вода за полека да умира во агонија. Било деликатес! Човекот е најголемиот монструм кој и се случил на оваа Планета, иако има и светли точки и во нашето стадо.

Цезар успева да се ослободи од оклопот, од кафезот, на крајот успева да живее во слободата каде Вил привремено го носи во текот на неговиот живот, местото кое отсекогаш било неговиот дом, пространтството, шумата, природата. И покажува поголема човечност од сите алтернативни фигури во филмот, иако му ја земаа мајката, а потоа и слободата. 3,5/5
 
7. Rise of the planet of the apes (2011)

Не видов дека е променет насловот, а филмот започнав да го гледам вчера, и заспав...

Ова е почетокот на приказната на Цезар, мајмунот кој ја започнува револуцијата. Не би сакал да правам длабока рецензија, да го раскажувам филмот, од моментот кога Вил го спасува од игла, па се до моментот кога го остава во својот дом. Акцент ќе ставам на нешто друго.

Експериментите над животните не се ништо ново, често се прават под знамето на хуманоста, па така чинам за време на пандемијата им снема мајмуни за тестирање. Мојот став околу ова прашање е дека овие животни припаѓаат во природата, не во зоолошките градини. Ниту во лаботаротиите. Исклучок се протекторатите, ко што има за пандите, каде бројката драстично опаѓа, а потоа се стабилизира благодарение на човечкиот фактор. Најчесто раѓаат близнаци и го отфрлаат едното бебе и целокупната грижа ја префрлаат на другото. Сум и за целосна забрана за ловот, посебно оној за трофеи. Убиеш лав и се сликаш со пленот, и што? Си го убил со пушка од 100-200 метри, не си го убил со голи раце, или со нож. Не е некој подвиг.

Човештвото се движи во позитивна насока со забрани и регулативи, пред се за китоловството, кое во минатото било едно од најпрофитабилните бизниси, па и за слоновата коска, каде и денес, во резервоарите, сме сведоци на убиства на цели стада само за нивните рогови. Па и за перката од ајкула, се лови животното, се сече перката и потоа се враќа во вода за полека да умира во агонија. Било деликатес! Човекот е најголемиот монструм кој и се случил на оваа Планета, иако има и светли точки и во нашето стадо.

Цезар успева да се ослободи од оклопот, од кафезот, на крајот успева да живее во слободата каде Вил привремено го носи во текот на неговиот живот, местото кое отсекогаш било неговиот дом, пространтството, шумата, природата. И покажува поголема човечност од сите алтернативни фигури во филмот, иако му ја земаа мајката, а потоа и слободата. 3,5/5
Рече дека гледаш серијали периодов, така? Е па не застанувај со Rise... продолжи со останатите филмови, а после, ако не си го гледал, гледај го и серијалот од 60/70-тите.
 
Рече дека гледаш серијали периодов, така? Е па не застанувај со Rise... продолжи со останатите филмови, а после, ако не си го гледал, гледај го и серијалот од 60/70-тите.
Star Trek ми е на дневен ред, една епизода е од 1994, мислам седмата, а јас сум до 6тата. На пример, 4тата епизода имаше мотиви (читај: пораки) и од Планета на мајмуните.

После Ѕвездени патеки, барем до оние филмови од 90тите, може ќе преминам на Војна на ѕвездите. А можеби ќе разбијам со друг жарн. После осум филмови од Петок 13ти, извесно време не ми се гледаше хорор. :D

Дел ми се гледани од Планетата, првиот е врв, еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал. Инаку најдов нова платформа, па дел ги гледам таму. А од 1994, Леон не ми е гледан.
 
61. 2011

2. Crazy, Stupid, Love.

IMG_9856.jpeg

Кал го живее својот монотон живот сe додека сопругата, со која е во брак 25 години, не побара развод. Изгубен и без самодоверба, тој го запознава Џејкоб, млад и самоуверен заводник кој решава да му помогне повторно да го пронајде својот шарм и да се снајде во светот на слободните мажи. Но, додека Кал се обидува да започне одново, сфаќа дека љубовта не е толку едноставна како што изгледа. Во меѓувреме, и Џејкоб почнува да ги преиспитува своите ставови за љубовта и врските.
Баш интересен, забавен и фил гуд филм. Посебен шмек има самиот Стив Карел, кој во вакви кринџ улоги е најдобар.

4/5
 
Back
На врв Bottom