Се слагам дека контраефект направија бугариве со целата агресивна пропаганда. Никогаш не биле односите сјајни, ама некаде до 2018 и потпишување на Преспанскиот, некако уште беа во игра за идејата нивна тука што повеќе бугарски пасоши да вадат. Памтам имаше луѓе што тогаш велеа "Ќе одиме во Бугарија со шопинг туриве еднодневни што се, подобро нив да им оставам пари него на Грција". Завршува работата со Грција, доаѓаат протести против Бугари во устав, на кој има многу повеќе луѓе отколку на тие против промена на име (освен можеби 2 поголеми), уште сум на мислење дека катастрофално потфрливме со бројност и акција на тие протести и Бугарија ја заменува Грција како државен непријател број 1. И тука се активира црвеното копче кај Бугарите, веќе некои инфилтирани ликови ко Булеварко, ги пуштаат на најјако да шират пробугарска реторика, сите овие страни како Вестимак што се веројатно купени веќе посточеки страни со наследени 80к лајкови се пуштаат на најјако. Од тогаш се забележуваат неколку новитети, масивно почнуваат по коментари на нивни медиуми и тие да ни се обраќаат со Скопјани/СеверноМакедонци наместо Македонци, по примерот на Грција. Е сега моментот кој не го предвидоа е дека сеуште народот во голема мера гледа телевизија тука (малку деца се раѓаат, преовладува возрасно население тука), а таму постојано одат вести "Бугарија не блокира, Бугарија им смета тоа, Бугарија бара тоа". И што добија? Веќе на шопинг тури никој во Бугарија не оди, дури и истокот каде што по автоматизам без размислување се вадеа бугарски пасоши сега викаат “Брат не ти треба бугарски пасош, можеш и со македонски“, па одат во Хрватска, Германија, тие што се IT гледам доста и Швајцарија. Луѓето почнаа да размислуваат со своја глава, па дури и социјално ранливите категории таму сфатија дека не е потребен бугарски пасош за егзистенција. А и самиот исток се пресуши со луѓе, така да и нема множество луѓе од кои да очекуваат веќе барање за пасош. Буквално секое плачење нивно по ЕУ им е контра ефект тука и создавање дополнителна одбивност. Единствени што можат да настрадат се Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа, како и тие во Егејска, кои се отфрлени географски, културолошки и политички од нас, плус живеат во тешка сиромаштија, а и Албанија само ги зајакнува односите со Бугарија и работи против Македонија. Тие ќе се колатералната жртва и нив може да ги изгубиме. А овие Пендиков, Ива и слични ситни криминалци бегалци само ја зајакнуваат одбивноста кон Бугарија. Србија многу попаметно игра со доброта и медиумско влијание, но и таму цело време ќе има доза на одбивност, влагаш во Белград од десна страна на автопатот имаш графит каде што Македонија е Јужна Србија, на натпревари секаде Македонија е Грчка натписи, јасно е на народот колку е саат. Да сумираме, сосед пријател немаме, колку побрзо го сфатиме тоа, толку подобро за нас, барајте пријатели преку еден сосед или повеќе.