KSC #389 - Michael Jackson

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
18.985
Поени од реакции
47.574
Локација
Скопје
1791823817354.png

Мајкл Џозеф Џексон (29.08.1958 - 25.06.2009) беше американски пејач, композитор, танчер и филантроп. Познат како „Кралот на поп музиката“, тој се смета за една од најзначајните фигури во културата на 20 век. Неговите достигнувања во музиката ги скршија американските расни бариери и го направија доминантна фигура во сите делови на светот. Низ неговата музика, спотови, концерти и начин на облекување тој го трансформираше визуелниот перформанс во поп музиката, популаризирајќи некои движења од уличниот танц како moonwalk, робот-танцот и анти-гравитационото наведнување. До ден денес се смета за најголемата поп икона во историјата.

Мајкл бил осмо од 10 деца во семејството Џексон. Со музичката кариера почнал на 6 години како главен пејач на групата составена од него и 4 од неговите постари браќа, под името Jackson 5. Првиот соло албум, "Off the Wall" го издал во 1979, но најголемиот успех го постигнал со албумот "Thriller", издаден во 1982 кој до ден денес се уште го држи рекордот за најпродаван албум на сите времиња, со продадени преку 30 милиони копии само во 1984, и преку 70 милиони копии до денес. Првото видео на црнец кое влегло во постојана ротација на MTV музичкиот канал е видеото за неговата песна "Billy Jean". Тоа видео и видеата за "Thriller" и "Beat It" се трите видеа кои до денес се смета дека се клучните за развојот на музичките видеа - трите видеа кои го редефинирале медиумот. Албумот "Bad" од 1987 е првиот албум кој му донел 5 број еден синлови на US Billboard Hot 100: "I Just Can't Stop Loving You", "Bad", "The Way You Make Me Feel", "Man in the Mirror" и "Dirty Diana". Албумите "Dangerous" (1991) и "HIStory" (1995) беа подеднакво успешни. Неговиот последен албум, "Invincible" (2001) е најскапиот албум некогаш направен.

Уште од средината на 80-тите живеел живот полн со ексцентризам и скандали. Прво во 1993 бил обвинет за сексуално злоупотребување на малолетник - случај за кој се спогодил на суд. Подоцна, во 2005 е обвинет за друг таков случај. Во 2009, додека се спрема за серија повратнички концерти, починал од предозирање со анестетик, кој му бил даден интравенски од неговиот личен доктор Конрад Мареј, за да му помогне да може да спие, зашто страдал од несоница. Постхумно се објавени албумите Michael (2010) и Xscape (2014).

Мајкл Џексон е еден од најпродаваните артисти во историјата на музиката, со продадени преку 500 000 000 носачи на звук ширум светот, и тоа само како соло изведувач. Плус, заедно со Пол Макартни и Фил Колинс, тој е еден од единствените тројца музичари кој продал над 100 милиони носачи на звук и како соло изведувач, и како член на бенд. Имал вкупно 13 број 1 синглови на Billboard Hot 100, и е единствен изведувач кој имал бр. 1 сингл во 6 различни децении. Освоил 13 Греми награди + почесна Греми Legend награда и награда за животно дело на Греми наградите. 26 Американски музички награди, 12 Светски музички награди, 8 MTV Video Music награди, 6 Brit Awards, и 3 награди доделени од американски претседатели. Донирал преку 500 000 000 долари во хуманитарни цели па затоа се смета дека ги поставил стандардите кога е филантропијата меѓу славните во прашање.

Филмот за него, Michael од 2026 е биографски филм со најголема заработка во историјата на филмот! Тој и ми беше инспирацијата да отворам посебна KSC тема за најголемиот поп музичар и воопшто најголемиот поп уметник на сите времиња.

Пишав дека една од моите наломилени негови песни е Liberian Girl, со видеото во кое се собрани десетици A-list ѕвезди од 80-тите од кои сите сакале сами да се појават во видео на Кралот, без ни еден од нив да добие ни долар за тоа. Од тоа видео се гледа од какви пропорции била неговата големина:


Но, јас ќе играм со песната која мене ме направи фан на Мајкл, и воопшто со која почнав да слушам странска поп музика, таму некаде 1991, кога тргнав на училиште, Black or White:


P.S. Не сакам да видам ксенофобични, расистички и воопшто антропофобични испади и просеравања во темава. Од старт предупредувам дека најстрого ќе бидат санкционирани! Тука сме да се потсетиме на музиката на Кралот на попот, а не да кењаме! ;)
 
Заборавив да пишам тоа, дозволени се и песни на Jackson 5 во кои Мајкл е вокал. Нормално - и сите дуети на Мајкл.

We Are the World, сепак, не е дозволена (иако тој е дури и автор на песната).
 
Мајкл Џексон ми е еден од омилените како малав се сеќавам на некој локални телевизии го даваа спотот на They don't care about us
Но да бидам искрен најмногу се запознав со музиката на Мајкл кога почина. Тоа летото по неговата смрт заедно со братучетка ми која она го сакаше и ги имав снимено сите песни на CD и буквално она се интересираше за него и животот а јас и помогав да дојде до некој списанја каде се пишуваше за него. Дома на DVD имам негов концерт од Јапан 87 година.


Оваа ми е една од омилените. За таа Speed Demon е направено како цел филм.


Ретко сум на овие теми па кога ќе биде гласање пишете да не заборавам.
 

Некој случајно да не знае која е екипата од спотот? :D
Познатите што ги разпознавам, Иман, Еди Марфи и Меџик Џонсон, другите не мислам дека се познати (барем на мене не ми се).
 
Мислам дека црнциве треба да се вратат назад на МЏеј и други изведувачи кои беа јаки до кај 90ти. Од тогаш ова рапов ги упропасти. А и нас што страдаме да слушаме таква музика. Од рап едино Врчак го поштовам.
 
Back
На врв Bottom