Секој си има свој критериум за што е елементарно. Има 200 земји у светот, живееш во топ 10-20 по богатство.
Проблем е трендот. Ние имавме драстично полош baseline - кога прв пат се вработив платата беше 300 евра, и за таа бев среќен ако ме примат, без многу можности за раст. Во Гер плата за електро инженер беше 2, 2 ипол грубо(7-8 пати поголема). Денес во мкд е горе доле 1к за истата позиција, а во Гер, 2 ипол 3. Како што глеаш односот е доста сменет, за релативно краток период.
За човек е многу полошо кога осеќа дека стагнира/паѓа.
Среќа па постојат стандарди, па не мора да се водиме по индивидуални критериуми за елементарно.

Непочитување на концептот на јавна површина, т.е се што не е во индивидуална сопственост е мое. Окупација на тротоар ( место наменето за пешаци ) каде има само автомобили, а јас со дете треба да одам по прометни улици каде возат секакви будали.
Непочитување на никаков минимален стандард во никаква сфера, да тргнеме од местото на живеалиште, зграда до зграда, непочитување на стандарди за безбедност, за градење, за заштита, за светлина.
Непочитување минимални стандарди за грижа на болни, т.е тука веќе збориме за страшно дрско и безобразно однесување и на еден начин изживување на здравствените работници врз здравствено ранливи особи. Неможност на здравствениот систем да обезбеди достоинствена грижа и нега.
Непочитување на правото на живот, живеете во држава во која половина од годината се дише канцероген воздух. Еден куп деца се со хронични белодробни заболувања како последица на ова.
Да не навлегувам во институциите, огромиот недостаток на соработка помеѓу нив, непрофесионалноста, корумпираноста.
Еве во Охрид 4ти ден по ред се копа јавен простор до самото езеро, никој од надлежните нема писнато.
Да не навлегувам подлабоко во детали, примерот на Чола беше добар. Не може главна клиника да нема функционален лифт? Едноставно не смее да се доведе до таква ситуација, треба да се преиспитаат низата одлуки кои довеле до ваква ситуација и веднаш да се бара одговорност.
Некои работи треба да ги искусиш сам на своја кожа, пред некоја година, на сред зима, во декември, носевме критичен пациент на интерно одделение во Охрид по надворешни скали, бидејќи лифтот не работеше а внатрешните скалите беа блокирани. Брза помош немаше ќебе, Интерно одделение немаше ќебе, притоа транспортот траеше добри 15 минути. Минатата недела на косна во Охрид, притоа единствен специјализиран центар за трауматологија во целиот западен период, немаа ќебе, перници, постелнина. А истиот ден држеа прес за отворање на ново хируршко крило.
Страшно е што вакви работи се нормализирани, очигледно критериумот е многу низок.