Читам неверојатни работи по портали, форуми, фејсбук, инстаграмови и секаде што некој може да изнесе мислење.
Колку луѓето немаат појма, па споредување со Босна, Косово.
Овој пад на нашиот репрезентативен фудбал беше очекуван уште пред неколку години, како што се очекува да продолжи.
Ние имаме ептен слаб состав, а квалитетот ќе оди надолу. Погледнете само каде играат, колку играат и како играат.
Ајде некој да живеел во заблуда, но на кого не му беше јасно и после натпреварот со Велс, тој е тотален фудбалски идиот.
И не може никој да го спречи падот, кого и да постават за селектор, кого и да постават на чело на ФФМ.
Тој што не е свесен за ова или прати фудбал неколку пати годишно или ништо не разбира.
Репрезентација се гради со години, дури и подобра работа во младински категории (а Масар збори многу повеќе отколку што реално почна да менува во младински категории), останува главниот проблем, а тоа е работата во клубовите.
Затоа ФФМ требаше веќе да прави тренерски кадар, да доведе странци, да финансира амбициозни и паметни млади луѓе кои што ќе работат со деца по клубови (затоа што тие немаат намера да издвојат некој денар) и по репрезентација.
И потоа за најмалку 4-5 години да се надеваме на нешто.
И плус најважното, што го повторувам како папагал - дијаспората. Затоа што тоа веројатно ќе биде и поголема шанса нешто да се направи, како што е и за Босна, Косово, а се повеќе и за други држави од Балкан.
Се друго се глупости и промени што можат да донесат мали осцилации. На пример, ако донесеш подобар селектор, па некако извадиш бод со Словенија дома.