Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК

Си читам на тема за оркестрирање на системи и градење на држава.

Во Данска добиваш натпросечна пензија во јавен сектор ама ако си дел од коруптивна зделка целосно губиш право на пензија.

Во Швајцарија и Чиле има лимит на трошење по просек на БДП, па дури и да имаш економски супер година не смееш да трошиш повеќе.

Во Хонг Конг ако член на јавна администрација живее на висока нога се смета дека е виновен додека не се докаже спротивното.

Во УСА ако откриеш матна зделка добиваш 10-30% од сумата како свиркач.(Овој пример е за приватни компании)

П.С Нас не мрзи да организираме еден референдум за потекло на пари и после се буниме не чинела државата.
 
Да, дојде и тој период кога ќе ги постирате подигнатите пакети за Скопскиот Маратон. Тим Кроација Осигурување Lets Do This! 10 крмачи што идат со термосот кафе на работа ќе пузат на ревијални 5км и ќе отрујат со 2477 сториња мислиш урнале рекорд на Гебресиласије.

Од друга страна ги имаш секташите од групите за групно трчање, за нив скопски маратон е испод част да се трча ама затоа гордо а сепак откачено најавуваат каде ќе имаат support штанд на кој ќе фрштат 80с хитови а они ќе се фатат за пиво уште од сабајле и ќе видат уште кој со кој се нема издупено.
 
Драги наш бе Костиќ,

Зарем веќе не ти здосади да бидеш ненормален? Еве веќе неколку години седиме и се молиме во тоа модераторската соба, да некако ти дојде памет. Да се скрасиш со некоја мома, или дечко, сеедно. Да ја баталиш дрогата. Да комуницираш како нормално човечко битие, а не како примитивец излезе од под некој камен.

Зарем не ти беа доволни повеќе од 1000 банови што ти ги удривме, драги наш бе Костиќ? Уште колку пати треба да те избришеме од постоење пред да сфатиш дека во овој Кајгана универзум си тотално небитна појава. Доволен е еден клик да те снема, како комарец кој замара наоколу пред да биде сплескан и пратен на вечните ловишта. Никому нема да му недостасува твојата инфантилна појава на разгалено детиште. Никој не те перцепира.

Ништо нема да остане од тебе во овој виртуелен свет, драги наш бе Костиќ. Никој нема да се сеќава на тебе, нема да остане ни еден паметен пост, ни една досетка, ни една шега, ни една мудрост. Залудно потрошено време во креирање нови профили само за да испратиш некоја пцовка. Залудно потрошен живот.

Сѐ уште не е доцна, драги наш бе Костиќ. Надежта умира последна. Соземи се себеси. Оправи се. Кажи и не на дрогата. Ти го суши мозокот. Животот е убав. Направи нов профил, пишувај нормално, почитувај ги другите. Викаат дека си бил добар дечко. Покажи ни го тоа.

Не биди говедо.

Со почит,
Ио.
 
Драга,

Убаво понеделничко утро, доаѓа трамвајот и влегувам. Кога застана да стои околу минута на станицата, луѓето внатре зборуваат и гледаат накај кабината, а јас внесен во тоа што слушам ги приметив дека гледаат натаму. Бидејќи бев најблизу, погледнав и јас, а возачот со наведната глава над воланот, мислев заспал и тоа им го реков на луѓето.

Се насмеа една жена и рече дека не заспал, туку има можеби некој ситен квар и гледа во контролната табла. Кога осетив во првиот момент дека го пробив дното сакав да излезам моментално од трамвајот, ама кој ке чека друга за 5-10 минути. :rolleyes:
 
Ништо посебно немам да кажам, освен тоа дека чекањето воопшто не ми пречи, напротив го гледам како момент каде што можам да се претворам во теле и така да постојам додека не ми дојде редот.
Така денеска чекав саат време на матичниот лекар, а во меѓувреме се случија 2 спречки за редот и пар души влегоа видоа и излегоа, ќе дошле после....кој
е нормален во ситуацијава не знам.
 
Има едно дете мало кое цело време излегува по социјални мрежи од профил “Ведран детето со маслинките“. Никогаш не ми биле смешни ниту интересни видеата, на кои се гледа дека има текст однапред научен да го кажува (сега последно нешто кажува ананас диета - јадам се освен ананс, некои К15 фори украдени од пред 20 години), но со тоа немам проблем. Проблем имам со тоа што детето се експонира на медиуми и го гледа цела јавност, а е на возраст каде што не може во свое име да одлучи дали сака цела Македонија него да го гледа или не, ниту пак е доволно свесно за тоа што се случува, притоа гледам рекламира некои продукти, спонзори има, па ги вметнува во видеа со научени текстови. Некако премногу експлатација на дете кое е на 3-4 годишна возраст. За една слична ситуација, каде што дадов коментар дека не мора слики од бебето да се ставаат на отворени профили што можат да бидат подложни на злоупотреба, бидејќи се има во светот, добив коментар “Мое дете што сакам ќе правам со него“ и мислам дека тоа е коренот на проблемот.
 
Back
На врв Bottom