Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Добра тема, се согласувам дека треба да се промени кујната, ама не се согласувам дека треба да бегаме од традиционалните јадења како грав, ајвар или кебапи, туку да ги унапредиме и да направиме комбинација. Дополнително, street food изборот и културата кај нас е на дно дна, т.е. порано на чичко стоилко, сега тетекс во центарот на градот.

Ајвар, океј ќе го мачкаме на леб, милион сендвичари се отворија со различни кујни, доста невкусни комбинации, никој не го вклучи ајварот во комбинација, освен Челик одамна што имаат добар сендвич.

Пастрмајлија, не е тешко да се направи, ама импровизиран, Прилеп има со биено сирење, оргинал со Пастрма или "лајт" верзија на Пастрма + свински, кашкавали... итн..

Ширден, мора да го има во Скопје, ко да има неаполитанска пица само Наполи...

Лангос, унгарците го имаат увалено ко да е специјалитет, а една што ја пробав со грда павлака не можам да ја додадам. И тоа го имаме, само треба саат ипол да возиш ди првиот ресторан за мекица.

И уште многу, ама накратко, не не бива.
 
Vo Agapi javor na jugot sum bil dosta pati ali nekako mi nema vkus, drugarite narcuvaat edna golema pleskavica ja vikaat bandaz i dosta im se sviga.... Kaj Djoko vkusot e podobar na sekoe meso ali i posoleno e na cenata.... Jagneskoto, pleskavicata i vkusot na salatite e mn podobar od posirok spektar na posetiteli...
 
Под модерна подразбирам употреба на техники врз традиционалната храна. Нека биде фајн дајнинг пример. Еве грав, немора да биде само тавче или чорба, нека смислат некоја варијанта а пак да не се избега од традиционалното. Има миљон примери кај Грците и Србите што своите кујни ги направија во модерен тек. Чисто ко за размрдување на едноличноста.
 
Нормално дека либанска и воопшто блискоисточната/арапска кујна ќе ни бидат блиски кога со векови сме биле под иста империја и таа храна има огромно влијание врз нашето денешно секојдневие. Башка еден куп работи, вклучувајќи и јадењата кои ние ги нарекуваме турски, не се всушност турски, што е нормално бидејќи Турците оригинално се племе дојдено на овие простори од кај Монголија, туку се јадења кои доаѓаат од различни делови на империјата кои биле освоени, па од името на империјата останале познати како турски. Последното што го читав е за турското кафе, кое оригинално потекнувало од Арапски Полуостров/Катар, а и јадењата од тие кујни се ослонуваат пред се на јагнешко месо, кое е врвно месо.
Не се согласувам дека нема промена во последните години во навиките во исхраната кај нас. Полека се научивме како генерација дека јагнешко, но и говедско/јунешко/телешко месо се супериорни меса по вкус во однос на свинското и пилешкото од кои се состоеше претежно исхраната со месо на постарите генерации. Реткост е од претходни генерации некој да пробал оригинал бифтек, денес е нормална дискусија за кој вид и како испечен е најдобар стекот кај бар пола жители на Скопје.
Србите се поиновативни, но имале и негативно влијание врз нас на пример со онаа смешна "Док не пробам лава, мени је свиња краљ животиња". Глорификација на свинско месо во однос на другите меса е смешна работа, а кај нив беше топ-премиум месо до пред некое време, сега некако приметувам дека и они полека ја менуваат плочата и во Белград се повеќе се насочуваат кон погоре спомнатите меса кои имаат поисточно влијание.
 
техничко гравче за тебе место војничко :kafence:
 
Не знам у каква околина живееш али да кажеш дека пола скопје збори за медиум печен стек тогаш живееш у тешка заблуда или у облаци, реално денес пола скопје едвај смислува како да се прехрани ти кажуваш збореле за бифтеци. Фино кој може да си дозволи различна храна да испроба нешто, супер за него али реалноста е дека сме сиромашни и не секој може да да дозволи. Затоа и понудата е како што е, се на минимум се е импровизација.
 
За цел ИТ сектор, пола банкарски и финансиски, луѓе кои имаат приватен бизнис, доктори, адвокати, луѓе кои работат или студираат во странство, луѓе кои се на менаџерски позиции во било која фирма во градов јадење бифтек не е нити најлуксузната работа која можат да си ја дозволат. Поголем број се такви него ли тие кои едвај смислуваат како да се прехранат сигурно.
 
20% во Скопје зимаат плата над 60000 ден. и тешко дека со таа плата редовно според сегашниот стандард ќе си дозволуваш бифтеци. а и самиот факт што во град од речиси милион жители на прсти можеш да ги наброиш "по ексклузивните" ресторани кажува за потрошувачката моќ на скопјани.
 
А кој кажа редовно? Пола население смислувало како да се прехрани? Па не е ова Јемен сепак.
 
Многу би сакал да се отвори слаткара со стари домашни ексЈУ благи рецепти. Незнам во градов дали некаде се служат стари добри ледени коцки, би убил за добра а последен пат во Белград јадев и ко баба ми да ми воскресна пред очи со првиот залак.
Автоматски споено мислење:

Многу би сакал да се отвори слаткара со стари домашни ексЈУ благи рецепти. Незнам во градов дали некаде се служат стари добри ледени коцки, би убил за добра а последен пат во Белград јадев и ко баба ми да ми воскресна пред очи со првиот залак.
 
Ги пробал некои јорданскиве шаварми и сендвичи од Snak или хачапурито од Melty? Ми фаќаат око подолго време.

За една недела ќе може и некои малтешки пецива да се пробаат во Mamma’s sugar.
 
Од таму не, од Левант во ист гејт ми се допадна шавармата, оргинална немам пробано да знам колку е блиску
 
Овие се Јорданци. Веројатно единствени од таа земја во Македонија и вака по слика јадењето вкусно ми делува. Проблематично ми е што сабота касно отвораат, а ја обично за викенд ако пуштам нога накај Ск.

Back
На врв Bottom