Значи утре по оваа твоја логика на „угнетено малцинство“, може да му текни на Еди Рама да ги запали тенковите и да му текни дека во Македонија се „угнетени“ Албанците и да сака да си ги припои Тетово, Гостивар, Дебар во Албанија? Потпишавме Рамковен договор, ама Македонија не го почитува и мора да ги браниме нашите браќа во Тетово..М?
Или еве по најново Бугарите да му текни, не не клавате во Устав? Рокај тенкојте, авионите итн....И не, немој да ми реплицираш дека не е исто, исто е.. Значи, во случајов, по секоја дефиниција на историјата, Русија е ОКУПАТОР, а Украина е земјата што се брани. Тие мантри ова не се почитувало, она не се почитувало, се само изговори за она што му беше на Русија агенда: да си ги припои Луганск и Доњецк. И мантри кои вие, љубителите и почитувачите на ликот и делото на политбирото, коминтерната, српот и чеканот, ги верглате постојано како некоја си универзална вистина.
Еве да земеме дека и не се почитувало, зошто си дозволила Русија да биде веслана? Таква велесила, кгб мгб? Значи е неспособна! И аман немој со флоскулите како тие биле миротворци, како тие не сакале да напаѓаат ама биле принудени, бла бла. Приказни за мали деца. Сам си го кажа одговорот, од типот „напад на пошта или радиостаница“. Русија ќе ја нападнеше Украина, Украинците и 99% од договорите во Крим да ги имаа исполнето.. Агендата на Русите му беше таа, да си ги припојат териториите. Како што му е агендата на САД да им ја диплат нафтата на Венецуелците под превезот на тоа што Мадури бил диктатор.
Ама не, вие сакате да верувате дека Русија е нешто поразлична од САД. А всушност се ИСТИ....И кога некој ќе ви ја каже вистината, одма се вреѓате ко лично нешто да ви ѓибнав, а во реалноста, Русија не е ништо поразлична од САД. Исти се...Си го гледаат интересот, и не бираат средства и начин како да го постигнат....
Русија ако се грижеше за малцинството свое во ДНР и ЛНР, можеше етапно и постепено да работи на менување на Зеленски и носење свој сателит (како Лукашенко). Знаејќи го mood-от на украинците за брзо менување на власт таа опција ќе му беше дааалеку побезболна со ниту една руска чизма во Украина, без ниту еден погинат руски војник, и ќе си го исполнеа тоа. Особено кога Украина ќе се соочеше со Европската бирократија и уцените. Веднаш, убеден сум во рок од 1 максимум 2 години Русија ќе успееше да инсталира Лукашенкова власт во Украина.