Ама ова е глупав муабет, ти што не се преселиш на Сицилија? За 500.000 евра во Југоисточна Азија ќе купиш можеби цела зграда во некои забутани места, па не гледам дека ќе го направиш тоа.Апартман у Грчка, па и не е некој луксуз, ама те разбирам, за нашето поднебје, сепак е.
Поентата на муабетот е дека ако имам 500.000 евра сигурно нема да купам стан у Маџир Маало до Вардар карши ХолидејИн кајшто смрди на гомна.
А и која будала би купила стан у Македонија, сите веќе бегаат у странство.
А овие што ги збориш дека имаат пари да купат куќа на водно, се оние истите што ги судеа, па им ги земаа, па ги лицитираа итн...
Кој бре има 500.000 евра чисти, нормален ли си ти шо збориш?
Ако тебе фамилијата ти е во Скопје, роднините, пријателите, работата / бизнисот ти е во Скопје, ќе гледаш да купиш стан тука, што има врска што стан во некој помал град во Италија е 3 пати поевтин? Сите купуваат во Грција затоа што им е блиску и можат почесто да одат...
