Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
@Saber Rider Кузнај колку ти е интересно со кенгурот одма да разбиете теми каде се дискутира ракомет. Кој специјалки сте шо се криете позади лице кое го има најпоганијот речник на форумот. Ај на чест нека ви е.
 
Длабоко ви се извинувам дека ракомет игравте на домашна турнеа во општината каде има најубава смоква дека сте оствариле домашна победа победа против најдобрио тренер со најдобриот лев бек.
Длабоко се извинувам дека за двократниот тоа е навреда, не сум знаел дека џудо се игра.
Длабоко се извинувам дека мојата објава навлече толку гнев во вас за да ги извадите сите погани зборови.

Сега спокоен си?

Ај сега трк по тигар пиво да олабајме живци.
 
dobro e druze, so bogdancani najdovme zaednicki jazik nie sega kaj niv pa oni podocna kaj nas. so normalni luge ima razbiranje.

tiger e singapursko pivo. ima ovde i skopsko a i red avstraliski. disi od sveziot bitolski vozduh. disi dlaboko.
 
Последно уредено од модератор:
@Prezimeto Да не пројадеше ти гомна со тотално непотребен коментар инспириран од комплекси, темава воопшто немаше да иде во овој правец. Не идеш директно на наш форум да провоцираш, амај ти дојде форумов за Мак.супер лига као кец на десетка па тамо пецкаш. Јебига ти си знаеш, не си копиљ, мада некад така се понашаш.
 
Лани Бутел испадна исто од екипа од Луксембург, годинава Тиквеш :ROFLMAO:

Чудно како никој од нашите медиуми не извади статија за чудните фризури на играчите од Луксембург :D
Да не ги пишуваат вестите само од листата стрелци што ја гледаат на страните на ЕХФ и да вистина ги следат утакмкиците, ќе имаа добар материјал за собирање лајкови :D
 
Елиминацијата на Тиквеш од страна на Еш е резил!
5-то пласираниот тим на табелата, со 5 странски играчи во својот состав, кој меѓу другото играл против Вардар, Алкалоид, Пелистер, Охрид итн. не може да пројде коло против шампионот на Лукесмбург во два натпревари кои ги одигра пред домашна публика!
Што повеќе да се каже?

Очекувам Охрид и Алкалоид да ги елиминираат Спор Тото и Ферлах, Бутел со сигурност ќе биде елиминиран од Горица. Горица е клуб што има одлични односи со Загреб и многу играчи кои не се снашле таму или сеуште не се спремни, настапуваат за Горица. Нашиот Ненад Костевски играше во Горица како позајмен играч од Загреб пред неколку сезони кога беше таму.
 
Последно уредено:
На странава на РФМ, новоформираниот ракометен клуб од Македонска Каменица, место Сокол Саса го пишале Сокол СаШа :D
Screenshot_20260923_202405_Chrome.jpg
Која е шансата ако во градот сите спортски колективи воглавно носат име по рудникот Саса, ракометниот да се вика СаШа? Fuck logic.
 
Се согласувам дека Тиквеш мораше да го пројде ова коло, ова е стварно катастрофа. А баш сезонава посмислив дека и немаат така лоша екипа, барем на клучните бековски позиции. Несфатливо ми е како може толку очајно да играат во Европа после неколку сезони осозревање како клуб. Мора нешто суштински да се менува изгледа, има доволно пари Тиквеш за подобри резултати од ова...

За Бутел не ни очекував дека имаат шанси, тие се многу подмладени сезонава и ќе имаат големи проблеми и во домашното првенство. Многу веројатно е дека ги очекува тежок пораз.

Охрид и Алкалоид - се што е битно е да не се паднат еден против друг. Главни конкуренти им се Тримо Требње, Рунар, можеби Олимпијакос и Фади Винтертур.... Реално Охрид и Алкалоид не треба да играат во ЕХФ куп туку Европска лига, ама тоа е друга приказна....

Можеби е преоптимистички, ама стискам прсти за македонско финале, зошто да не. Барем до полуфинале очекувам да стигнат и едните и другите.
 
Се согласувам дека Тиквеш мораше да го пројде ова коло, ова е стварно катастрофа. А баш сезонава посмислив дека и немаат така лоша екипа, барем на клучните бековски позиции. Несфатливо ми е како може толку очајно да играат во Европа после неколку сезони осозревање како клуб. Мора нешто суштински да се менува изгледа, има доволно пари Тиквеш за подобри резултати од ова...
Типична македонска екипа која се пали на големите тимови, а против аутсајдери од Европа витка опаш. Најискрено се надевам дека максимумот ќе им биде 7-мо место во лигата. Ништо повеќе не заслужуваат, апсолутно ништо!
 
На странава на РФМ, новоформираниот ракометен клуб од Македонска Каменица, место Сокол Саса го пишале Сокол СаШа :D
Прегледај го приврзокот 487840
Која е шансата ако во градот сите спортски колективи воглавно носат име по рудникот Саса, ракометниот да се вика СаШа? Fuck logic.
Логото е изработено со ВИ, најверојатно ја згрешиле буквава па преку к** го оставиле така... :pos:
 
Зошто клубовите не функционираат со самофинансирање, како што функционира тоа во Германија?
Каде кочи за да почне да се помага на таков начин?

Не за еден клуб, туку да се собере буџет за сите во првенството и да се распредели. Буџет од народ, како што беше случајот со ФК Вардар

Ракометот не бара огромни финансии како фудбалот, во најлош случај првата четворка би добила по 1м додатно и може да фигурираат многу повеќе околу играчи и нивните плати.

Како може колективно да сме толку пасивни стварно не ми е јасно..
 
Тиквеш за малку ќе славеше во Прилеп, имаа +2 на 80 секунди до крај. Мислам до последно коло ќе биде неизвесно за плејофот (Прилеп ,Тиквеш, Пелистер 2), од овие три екипи, една ќе биде под плејоф линијата - 7 место. Бутел иако млада екипа, не е за потценување.
 
Back
На врв Bottom