Амбасадорот во никој случај неможе да биде во државна делегација која е во белата куќа а во исто време таму да биде приватно.
Приватно може да биде во белата куќа само ако е личен пријател на Трамп или Рубио... и отишол таму чисто да испие кафе или да се видат и договорат каде ке играат голф, а плус во случајов треба да е чиста случајност да се сретнал со нашава делегација баш кога во ходникот го демнеле Рубио...
Тој очигледно е во состав на нашата делегација и никако во тој момент неможе да биде приватно, што значи бил должен да почитува и кодекс на облекување, тој ја претставува нашата држава. Министерот за надворешни работи е негов претпоставен а на министерот претпоставен му е премиерот, што значи било кој од двајцата шефови можел да го врати малиот да се дотера како што треба, или може да го повика да даде објаснување за своето однесување при посетата. Има мерки кои можат да му бидат изречени по законот. Многу амбасадори кои и сосема приватно аздисување (се пијанчеле, се дрогирале, се разведувале и карале со сопругите....) биле повикани на одговорност и им биле изрекувани мерки бидејќи нивнотоп однесување го руши угледот на државата која ја претставуваат...